vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Од мали нè учат како треба да бидеме: да сме успешни, да сме брзи, да сме „точно на време“, да не правиме грешки, да ги слушаме сите.
И така, чекор по чекор, почнуваме да живееме живот кој повеќе личи на „туѓа слика“ отколку на наша.
Но, да се најдеш себеси не значи да направиш голем потег или драматична промена.
Понекогаш, тоа значи само да застанеш на момент и да запрашаш:
„А што навистина чувствувам јас?“. И токму таа мала искреност со себе е најголем почеток.
Кога ќе почнеш да се слушаш, ќе видиш дека внатре во тебе секогаш постоел глас кој знае кој пат е твој, кои луѓе те хранат, кои мечти ти го осветлуваат срцето.
Никој друг не живее во твојата кожа.
Никој друг не го носи твоето срце.
Затоа твојот пат треба да биде направен од тебе и за тебе, а не по шаблон.
Денес бидете благодарни што си дозволувате да растете, да се менувате, да се барате.
Тоа е пат што трае цел живот е сосема вреден.
Афирмација за денес:
„Се враќам кон себе. Го слушам својот внатрешен глас. Јас сум доволен/на токму ваков/ва.“
Најубавата верзија од себе се раѓа кога престанеш да живееш според туѓи очекувања.
Ваша Рингераја.
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
10 навики што можат да ви го подобрат здравјето
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во ...
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!...
Влијанието на загадувањето врз плодноста
Загадувањето на животната средина не влијае само врз белите дробови и ...
Конечно бремена. Што следува по позитивниот тест?
Позитивниот тест за бременост може да донесе огромна радост, возбуда, ...