|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Возраст на вашето дете: од 12 до 17 месеци


Прв пат во градинка? Мамичке немој да плачеш...

До 18 месеци детето употребува од пет до дваесет зборови, а разбира многу повеќе. Комуникацијата сеуште е невербална. Кај здраво дете говорот се развива спонтано, истовремено со емоционалниот и моторичкиот развој, ако живее во околина во која добива доволно поттик и разбирање. Научниците и педијатрите немаат усогласено мислење за тоа кога можете да ги очекувате првите зборови на детето и кога е време за загриженост ако детето не зборува. Првиот збор на детето очекувајте го од 7. до 15. месеци, а во некои ретки случаи и подоцна. Очекувајте 50 зборови меѓу 18. и 30. месеци и комбинации на зборови меѓу 16. и 30. месеци. Првите смислени зборови се јавуваат по првата година, до 18. месец. Првата поврзаност меѓу зборовите се јавува околу 14. месец.


Развој на детето: Моето малечко


Кога детето ќе наполни 1 година, повеќе не го викаме доенче. Дали сте знаеле дека во втората година растот се намалува? Детето ќе порасне околу 1cm месечно (12 cm годишно) Тежината во текот на втората година ќе се зголеми за околу 3 кг. Намалениот апетит и големата подвижност ќе придонесат да се изгубат масните наслаги.

>> Повеќе


Развој на детето: Развојни фази


Современи погледи на учење на одење
Одење, одење и уште еднаш одење. Тоа го означува моторичкиот развој во првата половина на втората година од животот. За детето одењето е многу забавно, бидејќи го запознава светот од потполно нова перспектива. За родителите е можеби малку напорно, затоа што мораат да ги осигураат местата каде што детето би можело да се повреди. Модерните погледи на одењето на детето многу се разликуваат од оние кои важеле некогаш. Сигурно сте сретнале некоја постара госпоѓа која се чудела што Вашето дете не оди, откако и кажавте колку месеци има. Веројатно ве советувала дека мора да го поставите на нозе, да му ги фатите рацете и да му ги движите нозете на детето. Сигурно додала и дека полесно ќе оди ако му купите потврди чевли.

>> Повеќе


Развој на детето: Во градинка или кај баба?



Враќање на работа
Кога детето ќе наполни една година, родителите се веќе вратени, или се враќаат на работа.

>> Повеќе


Развој на детето: Здравје и нега


Систематски преглед
Кога Вашето дете ќе наполни 12. месеци, закажете му систематски преглед во советувалиштето. Педијатарот ќе го прегледа, ќе го оцени неговиот развој и ќе ве советува по потреба или ќе одговори на Вашите прашања. На крај на прегледот ќе ја добиете првата доза на вакцината против мали сипаници, заушки и рубеола.

>> Повеќе


Развој на детето: Исхрана


Каква храна да му понудите и на кој начин
За децата гответе храна која е примерена за нив и која не е прилагодена на вкусот за возрасните. Наместо солена, тешка, мрсна и јако зачинета храна на детето понудете му што поедноставна, природна и дома  подготвена храна со неутрален вкус. Многу малку посолете ја или зашеќерете ја храната. Најпогодни се свежи, непреработени продукти. При преработка обично се намалува бројот на витамини, минерали и останати нутритиенти. За децата секојдневно подготвувајте свежа храна. Најдобро направете план кога и која храна ќе му ја понудите. Неговото мени треба да содржи многу свежо овошје и зеленчук. Посебно е здрав темнозелениот лисест зеленчук, затоа што содржи многу калциум, потоа житарици, најдобро полнозрнести. Јадења со месо понудете му два, три пати неделно. Месото може да го замените со свежа риба, која би требало да биде еднаш неделно на менито, или соја. Во секојдневната исхрана обавезно треба да има млеко и млечни производи.

>> Повеќе


Развој на детето: Си играме


Играчки кои го поттикнуваат развојот
На детето во различни периоди му се потребни различни играчки кои го поттикнуваат неговиот развој и го забавуваат. Затоа играчките треба да ги прилагодиме на детските потреби. Во тој период децата многу уживаат да ги земаат играчките од кутијата, во која стојат, и да ги враќаат назад. За таква игра не се потребни нови играчки. Можете да употребите и кујнски садови, на пр.тенџере, или пластични садови. Ако морате да купите играчка тогаш одберете таква која ќе “расте” со детето, нпр коцки кои прво ќе ги сложува, а подоцна од нив ќе прави кули.

>> Повеќе


Развој на детето: Добро е да се знае


Безбедност на детето
Кога детето е способно самостојно да ја истражува околината (макар тоа да биде со лазење, со помош на дубак, или со самостојно движење) брзо може да западне во проблеми, па дури и да го загрози својот живот. Децата во развиените земји умираат пред се заради повреди или труење. Меѓу причинителите на смрт на прво место се сообраќајните несреќи. Чести причинители се гушење, самоповредување, паѓање, труење и разни удари.

>> Повеќе


Развој на детето:




Дали сте знаеле?


Детската нога расте изненадувачки брзо. При раѓањето стопалото е околу 40% од кочечната должина. Во првата година се зголемува за 70%, а конечната должина ја постигнува порано од останатите делови на телото, отприлика околу 12-13 година од животот.

Слична содржина


Претходен период: Возраст 11 месеци
Следен период: Возраст од 18 до 23 месеци



Слични артикли:



Анкета

Тежина за време на бременоста.
пеперутка16

Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?