|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Во градинка или кај баба?


Враќање на работа
Кога детето ќе наполни една година, родителите се веќе вратени, или се враќаат на работа.

Секој облик на чување на детето има свои предности и недостатоци. Сите деца ги прифаќаат промените ако имаат доволно време да се прилагодат. на почетокот можат да се појават потешкотии на кои треба да бидете подготвени. Должината на подготвителниот период зависи од детето. На успешниот процес можат да му помогнат добро организираните родители, дадилката или воспитувачката во градинка. Личноста која ќе го чува, детето мора да ја запознае во Ваше присуство. Ако таа личност е во нова околина, нпр во градинка, прилагодувањето ќе трае подолго. При одлуката кој ќе го чува детето треба добро да размислите, бидејќи менувањето на дадилка со градинка, или обратно, може да го збуни детето.

Чување кај баба, дедо, или други членови на семејството

Бабите и дедовците се прв логичен избор на младото семејство, во периодот кога детето ќе почне дел од денот да го живее без родителите. За чувањето да биде без проблеми, треба да поставите јасни правила. Имено, со членовите во семејството не можете да имате ист однос како со дадилка. На почетокот договорете се како сакате да го воспитувате детето и до каде одат овластуваната на бабата и дедото. Ако тоа не го направите може да дојде до нескладност во воспитувањето и може да се јави напнатост меѓу возрасните, а детето да биде збунето. Позитивната страна во ова чување е поголемо внимание на промените кај детето. Исто така, бабата и дедото можат да му бидат одлични учители на детето. За жал, детето подолго време поминува со постари луѓе, отколку со негови врсници. Заради тоа може да се случи потешко да научи да учествува во група, или групна игра, а може да дојде и до емпатија.

Дете во градинка

Многу родители се грижат како нивното дете ќе се навикне на претпладневниот живот во градинка. Треба да знаете дека на детето му треба постепено прилагодување. Детето во непозната околина се чувствува сигурно само ако родителите му се во близина. Детето помало од три години го доживува светот преку друга личност. Одењето во градинка може да му го олесните со омилената играчка или со цуцлата, т.е. предметот кој ќе го утеши додека Вас Ве нема. За поуспешно прилагодување на градинката, при првата посета разговарајте со детето за играчките и животот во градинката. Објаснете му дека мора во градинка, затоа што Вие мора да одите на работа. Обавезно кажете му дека секогаш ќе дојдете по него. Пред се, говорете ја вистината и не кажувајте дека порано ќе дојдете, ако тоа не е точно. Секогаш брзо поздравете се и кажете му дека го сакате. Детето тоа ќе го разбере на свој начин, без оглед на возраста. Секако, при Вашето заминување, плачот е нешто сосема нормално. Верувајте, воспитачките ќе го утешат и убаво ќе се грижат за него. На некои деца им требаат само неколку дена, додека на други им требаат повеќе недели, или месеци, за да се навикнат на градинката. Најверојатно Вие повеќе ќе плачете од детето.

По некое време ќе забележите дека Вашето дете го имитира однесувањето на врсниците и напредува во развојот. Детето ќе се научи да учествува во група и во заеднички игри, ќе се научи на самостојност и емпатија. Децата во градинките имаат воспоставен ред на спиење и оброци. Оспособени лица се грижат Вашето дете да се чувствува убаво. Децата имаат многу играчки и помагала за учење, многу повеќе отколку дома. Слабата страна на градинките се болестите, на кои децата се осетливи, претежно во зима.

Дадилка

И тогаш кога децата ќе се доверат на чување на дадилка, тоа има свои предности и мани. По правило, оваа врста на чување е многу скапа и семејството со повеќе деца тешко ќе може да си ја дозволи. Главната предност на ова чување се покажува кога детето ќе се разболи. Ако тоа е единствено дете кое го чува, може да продолжи и кога детето е болно. Освен, ако на детето му е потребна мајчина близина.

Во секој случај, детето мора добро да ја запознае личноста која ќе го чува. Потребно е време за да ја засака и да почувствува дека и таа му ја возвраќа љубовта. Важно е Вие како родител тој однос да го дочекате со радост, а не да бидете љубоморни. Детето разбира многу повеќе отколку што мислите. јасно и потполно искрено објаснете му што се случува. Гледајте ја позитивната страна на Вашето одење на работа. Детето ќе биде со нови луѓе и така ќе научи нови игри и песнички, ќе запознае нови луѓе и нивните навики. Затоа е излишно чувството за вина во овој период. Ако сте опуштени и уверени дека сте го направиле вистинскиот избор и дека тоа е во ред и Вашето дете ќе го прифати секој начин на живот, иако тој е далеку од идеален. Имајте на ум дека повеќето деца не се воодушевени кога нивните родители ќе тргнат на работа, но порано или подоцна се навикнуваат на тоа.

Прочитајте уште

Моето малечко
Развојни фази
Во градинка или кај баба?
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?