|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Здравје и нега

Систематски преглед
Кога Вашето дете ќе наполни 12. месеци, закажете му систематски преглед во советувалиштето. Педијатарот ќе го прегледа, ќе го оцени неговиот развој и ќе ве советува по потреба или ќе одговори на Вашите прашања. На крај на прегледот ќе ја добиете првата доза на вакцината против мали сипаници, заушки и рубеола.

Целта на систематскиот преглед е следење на растот и развојот, утврдување на физичкото и душевното здравје со цел рано откривање на болести и пречки, заради можноста за рано лечење и рехабилитација. Исто така целта е да се откријат неповолни социјални фактори и нездрави животни навики во семејството или во опкружувањето во кое живее детето. Прегледите се со наполнети 1, 3, 6, 9, 12 месеци, како и во 2. и 4. година.

Превентивен преглед

Пред поаѓање во градинка, или детски јасли, потребен е превентивен преглед кај лекарот на детето. Родителите сами закажуваат преглед. Лекарот ја прегледува детската документација, разговара со родителите, детето го прегледува, ако е потребно прави и крвна слика, преглед на урината и столицата. Лекарот ќе Ве советува како полесно да ги пребродите потешкотиите при привикнувањето на градинка и одвојувањето од родителите и ќе го провери детскиот картон за вакцинација. Ако детето оди во градинка пред наполнета 1. година, па сеуште не ја примило вакцината против мали сипаници, заушки и рубеола, ќе ја прими сега.

Кај децата со здравствени потешкотии педијатарот ќе напише потврда и упатства за грижа на детето во градинка, нпр брзо симнување на температурата кај деца со конвулзии, можна диетална исхрана, избегнување на алергени и слично. Без потврда од лекар, детето нема да биде примено в градинка.

Грижа за забите

Потребно е да се грижиме млечните заби да останат здрави, а ако се расипат да ги поправиме. Само така можеме да очекуваме дека и трајните заби ќе бидат здрави. Околу 1.от роденден, кога на детето ќе му пораснат и првите катници, забната четкичка станува незаменлива. Забна паста не е потребно да се користи се додека детето не научи да ја исфрла плунката. Таа вештина децата ја совладуваат околу 3. година.

Доење и заби

Кога на детето ќе почнат да му никнуваат заби, тоа не значи дека треба да престаните со доење. Но вистина е дека за здрав и складен развој на усната празнина, доењето не е потребно по првата година. Пречестото доење, особено ноќе, може да го расипе и тврдото забно ткиво. Од млечниот шеќер бактериите прават киселини кои од ноќ во ноќ ги напаѓаат забите. Можноста за рано расипување на забите не е доволна причина за прекин на доењето. Мајката нека одлучи сама колку сака да дои. Ако одлучи да дои повеќе од една година, нека обрне внимание на можни бели како креда, или жолто-смеѓи дамки на горните заби, кои се прв знак на оштетување на забите. Ако со детето посетите заболекар и притоа му кажете дека сакате подолго да доите, заболекарот веројатно ќе ви закажува почести прегледи. Така навреме ќе може да ги поправи можните оштетувања.

Воспаление на очната спојница или конјунктивитис

Тоа е многу заразна и кај децата многу раширена болест. Окото е црвено и болно, а очните капаци се отечени. Детето има чувство на туѓ предмет во окото. Видот не е оштетен, но светлината го иритира детето. Бактерискиот конјунктивитис, кој е многу заразен (детето треба да има сопствена крпа за лице) е пропратен со жолто-зелен исцедок од окото. Понекогаш е толку јак што детето наутро неможе да го отвори окото.

Лечење: Докторот ќе Ви препише антибиотски капки и маст. Болното око нежно го чистиме со памук, натопен во превриена и изладена вода. за секое око користиме посебно парче памук и нежно чистиме од внатрешната кон надворешната страна на окото. Притоа не треба да заборавиме да ги измиеме рацете по чистењето на очите.

Како ставаме капки во очите?

Долниот капак нежно го повлекуваме надолу и капнуваме во аголот меѓу окото и очниот капак. Притоа не смееме да го допреме окото. Користиме капки кои ни ги препишал лекарот.

Акутно воспаление на средното уво

Воспаленијата на увото можат да бидат предизвикани од вируси или бактерии. Болката настанува кога ќе се воспали или отече Еустахиевата туба. Заради тоа во средното уво почнува да се собира течност која ја притиска ушната мембрана. Ако предизвикувачот е бактерија во средното уво почнува да се собира гној. Воспалението на ушите кај доенчињата и малите деца е најчесто заради настинка, бидејќи секретот од носот се собира во Еустахиевата туба. Воспалението е проследено со висока температура (не е нужно), детето се чувствува лошо и одбива храна. Воспалението се смирува по неколку денови. Обавезно посетете лекар.

Лечење: На детето му ставаме капки во носот, кои го намалуваат отокот на слузницата и му даваме парацетамол за смирување на болките и симнување на температурата. Болките ги олеснува и загревање на увото со волнена крпа. Добро е ако на детето му го чистиме носето со физиолошки раствор. Ако воспалението е бактериско, за лечење се потребни антибиотици.

Нежната детска кожа

Заради неразвиено поткожно масно ткиво, осетливата детска кожа не може да се заштити сама. Детското лице, раце и уши, потребно е да се заштитат со детски крем кој не содржи вода (вода спроведува студ и уште повеќе ја иритира кожата) При снег, детската кожа дополнително заштитете ја со крем за заштита од сонце, затоа што сончевите зраци се рефлектираат од снегот и можат да предизвикаат изгореници. Не треба да Ве предупредиме дека таков заштитен крем е потребен и во лето, но мора да ставиме акцент на лесна облека, која покрива поголем дел од кожата, наочари и шешир за потполна заштита на лицето, ушите и вратот.

Прочитајте уште

Моето малечко
Развојни фази
Во градинка или кај баба?
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?