|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Добро е да се знае

Безбедност на детето
Кога детето е способно самостојно да ја истражува околината (макар тоа да биде со лазење, со помош на дубак, или со самостојно движење) брзо може да западне во проблеми, па дури и да го загрози својот живот. Децата во развиените земји умираат пред се заради повреди или труење. Меѓу причинителите на смрт на прво место се сообраќајните несреќи. Чести причинители се гушење, самоповредување, паѓање, труење и разни удари.

Намалете ја можноста за несреќа

Несреќите (пред се сообраќајните) не се само водечка причина за смрт, тие се најчесто причина за трајни повреди.

Можноста за повреда можете да ја намалите ако ги тргнете сите предмети од дофат на детето, ги почитувате мерките за сигурен дом на детето и на детето постапно да му објасните што е опасно и што мора да избегнува (остри или врели предмети, скалила, електрични штекери и електрични апарати...) Најсигурна мерка е постојан надзор на детето.

Никогаш само во кадата

Повеќето деца обожаваат да си играат во вода. Водата брзо може да стане судбоносна за детето, затоа е многу важно во вода, или во близина на вода, никогаш да не го оставате само. Исто така, дете кое знае да плива, до 7 години не го оставајте само, затоа што не знае да процени опасност и често ги преценува своите способности. Потребен е буден надзор секогаш! Повеќето деца се дават во блиската околина на домот(кога детето ја истражува околината) Најзагрозени се децата во втората година на старост.

За што подобро да реагирате, ако детето се повреди, научете ги основите на давање Прва помош. Секогаш дома, или во колата, имајте на залиха прибор за прва помош и покрај телефонот запишани најважните броеви (брза помош, детскиот педијатар, детска болница, пожарникари, полиција)

Поставување на граници на детето

Детето треба рано да научи што смее, а што не смее и тоа е старо непишано правило. Повеќето деца во овој период не ги разбираат сложените правила и забрани. До тој степен мора да дојдат постапно. За детето се доволни неколку основни правила до кои мора доследно да се држите, а подоцна ќе ги надоградите. Во овој период треба јасно да му кажете дека некои работи не смее да ги прави. Употребувајте кратки и јасни реченици. Не викајте, но бидете доволно одлучни и доследни. Ако ги менувате правилата, го збунувате детето.

Забраните не се цел самите за себе. Освен што преку нив се грижите за здравјето на детето, му овозможувате и интеграција во општеството. При воведување на нови правила треба да се земе во обѕир и детското расположение. Ако детето е преуморено, гладно или болно, не е време за новини. Морате да сфатите дека за детето постои само сегашноста и заради тоа немојте да му толкувате работи од порано. Важно е правилата да ги почитуваат обата партнери, бабите, дедовците, роднините и дадилката.

Улога на мајката и таткото

Детето станува се поактивно во социјалните односи, од примарната заинтересираност за мајката, сега почнува да се интересира и за таткото. Момчињата почесто го бараат таткото и почесто бараат утеха кај него. Слично е и кај девојчињата. Улогата на таткото при воспитување е многу важна бидејќи детето почнува да разликува “машкo” и “женско”. Детето почнува да сфаќа дека општеството се состои од два рода кои различно се облекуваат, размислуваат и се однесуваат. Родителите треба да знаат дека за воспитување се потребни двајцата. Во тој период може да се случи таткото да се почувствува потребен и важен, заради зголемениот интерес на детето кон него, а мајката може да почувствува отуѓеност.

Важно е заедно да се стремат кон истата цел. За детскиот развој е важно како таткото ги решава проблемите, затоа што неговиот начин е различен од начинот на мајката. Кога детето го набљудува таткото како готви, купува, мие чинии, ја бојадисува оградата, или кога му зборува за кавгата со врсникот, детето може да види како возрасен човек, кој не е неговата мајка, се справува со животните ситуации. Ако едниот родител одговара на проблемите аналитички, а другиот емоционално (мајката) детето добива потполна слика за различните начини на кои луѓето ги решаваат проблемите. Исто така детето полесно сфаќа дека постојат повеќе патишта за решавање на проблемите.

Добро е ако искуствата од двата пола детето ги добива во рамките на семејството. Ако мајката или таткото не се на располагање, најдете друг член на семејството (баба, дедо, стрина, тетка, чичко, комшија) кои на детето ќе му претстават друг поглед на светот.

Прочитајте уште

Моето малечко
Развојни фази
Во градинка или кај баба?
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?