Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
“Мамичке ти воопшто не ме слушаш!”
Со детето треба да се разговара така што тоа ќе се почувствува сакано, бидејќи впива се што ќе види, чуе, или почувствува. Нашите постапки, или начинот на кој нешто изговараме оставаат на детето долгорочна трага и голем печат. Детето е како сунѓер, се впива. Понекогаш е битно на кој начин му кажуваме, отколку што му кажуваме. Не го споредувајте со врсниците, бидејќи ќе има чувство дека не го сакате. Ако често правите споредби, може да се случи детето да израсне во личност на која секогаш ќе и биде потребна потврда од другите. Покажете му дека го сакате, иако не направило ништо посебно и со тоа порачајте му дека љубовта не треба да се докажува.
Во моторичкиот развој и во развојот на другите вештини, детето напредува најбрзо. Многу родители кои имаат петгодишно дете, веројатно и не ги знаат неговите можности во потполност. Освен секојдневните навики, пресоблекување, миење, повеќето деца самостојно совладале и некои спортски вештини како пливање, возење ролери, скијање... Во суштина не постои основен спорт кој петгодишно дете не би можело да го научи. Се разбира, тука говориме за основите на спортските вештини кои се базирани на игра и пријатно дружење. Важно е родителите да ги научат децата за светот кој ги опкружува, за неговите закони, правила, навики и обичаи. Со напредувањето во моторичкиот развој се зголемува и детската способност за мислење и заради тоа детето е способно да прави комплексни реченици.
>>
Повеќе
Што треба да содржи здравата исхрана?
Децата ги имитираат родителите во се’, па и во хранењето. Ако сте добар пример ќе му помогнете на детето да развие здрави навики на хранење. Здравата исхрана на петгодишно дете не се разликува од Вашата здрава исхрана.
>>
Повеќе
Родителите се пример за здрав живот
Здравите навики треба да се вклучат во семејствата природно и опуштено – како нешто пријатно, поттикнувачки предизвик и составен дел на животот. Во навиките за здрав живот треба да бидат вклучени сите членови на семејството.
>>
Повеќе
Не разговарај со непознати луѓе
За киднапирање на деца медиите известуваат секојдневно. Такви грозни работи се случиле и се случуваат и кај нас. Заради тоа е добро детето да го научиме да не биде премногу доверливо кон непознати луѓе. На детето немојте премногу да му образложувате дека е ризично да разговара со било кого, бидејќи може да развие општ страв кон сите луѓе. Детето мора да го научите дека не смее никогаш со никого да замине без да ве извести. Не смее да замине ниту со некој кој добро го познава, ниту пак со роднина. Ова правило децата лесно го разбираат и помнат. Го вежбаат секој ден, а не само во драматични ситуации. И сами сакаат да знаат каде се наоѓате, заради тоа им е логично дека истото го чувствувате и Вие. Подоцна кога детето ќе биде без родителски надзор, веројатно ќе му објасните дека не може да им се верува на сите возрасни и ќе го научите како да се погрижи да својата сигурност кога е надвор само со други деца.
>>
Повеќе
Игра на улоги
Во овој период преовладуваат игри на улоги. Децата си играат лекари, мајки, татковци, имитираат животни или ликови од фантазијата. Инспирација им се цртаните филмови и книгите. Низ тие игри може да преживуваат работи кои во реалноста не се можни. најсреќни ќе бидат ако ги повикате да бидат Ваш мачор, тигар, кралица или принц, па и Вие со нив ќе се препуштите во светот на фантазијата.
>>
Повеќе
Децата до седмата година не смеат да учествуваат самостојно во сообраќајот и секогаш треба да бидат под надзор на возрасен.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат тр...
Што треба да знаете кога ќе дојдете дома со бебето
Кога ќе добиете нов член во семејството, сосема еочекувано да имате бе...
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога...
Шест волшебни игри на бебето во стомачето
Колку и да е тешко да се поверува, Вашата материца е доста сензорно иг...
Враќање на работа по породилното отсуство.
Admin
Со какви предизвици се соочувате кога се враќате на работа по породилното отсуство?