Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Што треба да содржи здравата исхрана?
Децата ги имитираат родителите во се’, па и во хранењето. Ако сте добар пример ќе му помогнете на детето да развие здрави навики на хранење. Здравата исхрана на петгодишно дете не се разликува од Вашата здрава исхрана.
Обидете се на детето да му понудите разнообразна храна бидејќи на тој начин детето ќе ги добие потребните хранливи материи, витамини и минерали кои се потребни за раст и развој, а истовремено ќе развие здрави навики за хранење.
Погрижете се Вашето дете да консумира свежо подготвена храна. Готовата храна содржи премногу сол, шеќер и маснотии, а често има и многубројни адитиви (засилувачи на вкус и боја...)
Во секојдневната исхрана вклучете овошје и зеленчук. Овошјето е најдобро ако е свежо и неизлупено. Препорачливо е да одберете што пошарен зеленчук (или овошје) бидејќи со тоа добивате широк спектар на витамини и останати нутритиенти.
Важен извор на енергија се житариците и нивните производи (леб, тестенини...). Обидете се да го навикнете детето на производи од цело зрно, а избегнувајте ги производите од бело брашно.
Во исхраната на децата големо влијание има месото, бидејќи е извор на протеини и железо. Надетето понудете му немасно месо и риба. Воопштено, за децата е примерена вегетаријанска исхрана ако содржи доволно млеко, млечни производи и јајца, но не е примерена за деца кои се хранат само со овошје и зеленчук.
Најконцентриран извор на енергија се мастите. застапеноста на мастите во детската исхрана треба да биде поголема, отколку кај возрасните. Давајте му сирење, путер, јајца и месо (а не пржени компирчиња) Исто така препорачливо е на детето да му понудите полномасно кравјо млеко, околу пола литар секој ден. Млекото е одличен извор на калциум, протеини и витамини. Продуктите кои содржат масти се важни и заради витамините А, Д, Е и К, кои се присутни во мастите.
Избегнувајте шеќер и колачи, бидејќи тоа се празни калории. Освен тоа шеќерот предизвикува кариес и придонесува за развој на шеќерна болест. Тоа не значи дека на детето треба да му ги забраните слатките работи, бидејќи забранетото секогаш е најслатко.
Освен храна која содржи премногу шеќер избегнувајте и храна која содржи сол, но и пијалаци со кофеин (кока -кола) кои не се примерени за деца. Најздрав пијалак за децата и возрасните е водата. Кога на детето ќе му понудите овошен сок, нека биде без шеќер и разреден со вода.
Пребирливо дете
Ако Вашето дете е пребирливо, не е единствено. Такви се скоро половина од петгодишните деца. Иако за Вас тоа е напорно и загрижувачки, тоа за детето е вообичаена фаза во развојот, која порано или подоцна ќе се надмине. Кога на детето му нудите нова храна, тоа е многу скептично. Повеќето децата престануваат да бидат пребирливи меѓу 8. и 9. година. И покрај тоа, морате да го поттикнувате детето да јаде разновидна храна. Хранењето во тој период треба да биде вистинско доживување. Единствено на тој начин може да постигнете детето да изеде доволна количина на овошје и зеленчук. Бидете трпеливи. На маса ставете различни јадења како прилог, овошје, ориз, леб, па детето ќе одбере што сака. Треба да знаете дека желудникот на детето не е посебно голем и дека сега расте побавно. Заради тоа на детето му треба помалку храна отколку што мислите.
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Добро е да се знае
Си играме
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Добро е да се знае
Си играме
Претходен период: Возраст 4 години
Следен период: Возраст 6 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, раз...
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, стра...
11 Вистински знаци на породување
Бременоста е период исполнет со очекувања, подготовки за новиот член, ...
Што значи да си „функционално“ семејство денес?
Во свет полн со брзо живеење, стрес и постојани промени, поимот „функц...
Можеби вашиот малечок тропка со лажици по масата или наоѓа ритам во сe...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?