|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Добро е да се знае

Не разговарај со непознати луѓе
За киднапирање на деца медиите известуваат секојдневно. Такви грозни работи се случиле и се случуваат и кај нас. Заради тоа е добро детето да го научиме да не биде премногу доверливо кон непознати луѓе. На детето немојте премногу да му образложувате дека е ризично да разговара со било кого, бидејќи може да развие општ страв кон сите луѓе. Детето мора да го научите дека не смее никогаш со никого да замине без да ве извести. Не смее да замине ниту со некој кој добро го познава, ниту пак со роднина. Ова правило децата лесно го разбираат и помнат. Го вежбаат секој ден, а не само во драматични ситуации. И сами сакаат да знаат каде се наоѓате, заради тоа им е логично дека истото го чувствувате и Вие. Подоцна кога детето ќе биде без родителски надзор, веројатно ќе му објасните дека не може да им се верува на сите возрасни и ќе го научите како да се погрижи да својата сигурност кога е надвор само со други деца.

Ноќно мокрење

Иако ноќното мокрење е непријатно искуство за Вас и Вашето дете, тоа е честа појава и сосема вообичаена фаза во развојот на детето. Уште од 5 години 20% од децата повремено мократ во креветот. Кај момчињата оваа потешкотија се јавува двапати повеќе отколку кај девојчињата.

Ноќното мокрење најчесто е поврзано со емоционални или психички проблеми. Никако не значи дека вашето дете е премногу мрзеливо за да стане и оди во WC. Причината може да биде и генетска. Ако со тоа имале проблем родителите ќе имаат проблем и децата.

Тоа што детето мокри во кревет може да значи дека малку заостанува во развојот зад врсниците. Некои деца подоцна проодуваат додека други подолго мократ во кревет. Ништо страшно, и оваа фаза ќе помине. Понекогаш спиењето на детето е толку цврсто и длабоко што не може да го наруши ниту потребата за WC. Можеби Вашето дете има помала бешика која задржува помалку урина.

Понекогаш е добро за овој проблем да се поразговара со лекар. Можеби детето има некакво воспаление. Лекарот во тој случај ќе Ве испрати на анализа на урината и ќе Ви даде антибиотик. Заради тој проблем не смеете да се срамите ниту Вие, ниту Вашето дете.

Казнување со ќотек

Многу родители се уверени дека на дете кои удира е потребно да му се врати со ќотек. Оние кои заговараат ќотек се уверени дека детето ќе запре ако на своја кожа осети болка од удар на рака. Потоа се изненадени што казнувањето нема резултат. Причините се во погрешниот пристап на казнување. Начелото заб за заб е неразбирливо за детето. Ако сте го удриле Вие кои тврдите дека шлаканиците, штипењето и влечењето за коса,... се непримерени, детето не може да сфати како може тоа да е погрешно. Бидејќи му вративте заб за заб, ќе мисли дека насилството е прифатливо. Ако сакате да го научите дека насилството не е прифатливо, многу поефективно ќе биде ако во Вашето семејство не постои физичко или психичко насилство. Кога детето е насилно, запрете го и објаснете му дека не прифаќате насилство во никаков облик. Држете се до тоа и сами.

Пишување со лева рака

Децата кои пишуваат со лева рака имаат потешка задача од другите деца, бидејќи се е прилагодено за пишување со десна рака. заради тоа е добро да им помогнете. Повеќето луѓе пишуваат од лева на десна страна, а левораките спротивно, од десна на лева страна.

На дете кое пишува со лева рака купете му помагала наменети за тоа. Постојат пенкала, тетратки и останати помагала, за таа намена. Обично имаат и упатство како треба да се ракува со нив за поголема ефикасност.

За детето да пишува од лево на десно можете на левата страна од листот за му ставите зелена точка, која ќе го потсеќа на зеленото светло од семафорот. Кажете му да оди од точката до другиот крај на тетратката, или листот. Обрнете внимание и каде седи Вашето дете додека пишува. Левата рака треба да биде слободна и нека не му смета ѕидот.

Браќа и сестри кои премногу наредуваат

Некои постари браќа и сестри знаат да бидат премногу заповеднички настроени кон младите членови на семејството. Најчесто не го прават тоа намерно, туку затоа што сакаат да ги научат помалите браќа/сестри, или сакаат да се докажат. Можно е дека на тој начин сакаат да го привлечат и вниманието од родителите.

Ако Вам, или на Вашето дете Ви смета таквото однесување, треба веднаш да интервенирате. Ако помалото дете ги игнорира наредбите на постарото, немојте да интервенирате. Кога тоа ќе стане пасивно и тивко, можеби сака да му помогнете. Во односите меѓу своите деца секогаш треба да бидете претпазливи.

Никако не одбирајте кое однесување повеќе Ви се допаѓа, или дете кое Ви е помило. Објаснете им зошто интервениравте. Во спротивно, малото дете би можело да почне да ја игра улогара на вечна жртва, а постарото да биде засрамено заради критиките за неговото однесување. Објаснете им на децата дека во такви ситуации е најдобро да поразговараат без Вие да се мешате.

Моето дете сеуште зборува неправилно?

Ако Вашето дете сеуште зборува неправилно веројатно открило дека Ви се допаѓа неговиот начин на говор или уште полошо и самите зборувате на негов начин па детето мисли дека тоа е нормално. Причина може да биде и љубомора на малото дете. Порано или подоцна ваквото дете може да стане жртва на потсмев и заради тоа е крајно време да сфатите дека со детето треба нормално да разговарате. Ако сакате да престане со неправилниот изговор, разговарајте со него како со возрасен, а зборовите кои ги изговара на детски начин повторете му ги во правилен облик. За неколку месеци ќе воочите голем напредок.

Пречките во говорот можат да бидат последица на погрешно учење, или имаат емоционална конотација. Освен љубомората на нив има влијание и злоупотреба на детето, или недостаток на самодоверба. Притисоците на врсниците и нивниот потсмев не се единствениот проблем. Детето сфаќа дека не ни се допаѓа неговиот проблем и кругот на самодоверба се затвора. Заради тоа е добро да посетите логопед и ако проблемот е во погрешната навика, со помош на стручно лице може лесно да се разреши.

Сигурност во сообраќајот

Наскоро детето ќе тргне во училиште и заради тоа е многу важно да обрнете внимание на сигурноста во сообраќајот. Научете го детето каде и кога може да ја премине улицата. Пред да го пуштете само да оди во училиште, следете го неколку пати

Прочитајте уште

Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Добро е да се знае
Си играме



Анкета

/
Jana9

Dali za dobrite oceni na vaset_o dete mu podaruvate nesto?

Da (100%)

Ne (0%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!