Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Уф, повтoрно ме удри! Слободно удирај, колку што можеш посилно. Така барем знам дека си добро.
Braxton-Hicks контракциите се сосема безопасни грчења на матката кои се појавуваат во нередовни интервали, а со нив матката се подготвува за породување. Од време на време ги чувствувате како краткотрајно стегање на мускулите на матката. Доколку контракциите почнат да се јавуваат во редовни интервали, итно морате на преглед.
На што ве потсетува вашиот стомак? Некои мамички велат дека исто како да изеле фудбалска топка, а некои лубеница, накратко, секоја има свои споредби. Можете малку да си играте и да барате свои асоцијации.
<
Повеќе
Прво податоците за тежина и висина: приближно 800 грама и над 32 см. Во овој период се развиваат пред се белите дробови. Минатата недела кажавме за развој на жилите во белите дробови, а сега им се приклучуваат и воздушни меурчиња. На внатрешната страна на меурчињата се излачува материја која овозможува плуќата при дишењето да се шири на начин кој одговара.
<
Повеќе
Идната мама понекогаш тешко наоѓа положба која и одговара за спиење. Можете да и помогнете ако и донесете повеќе перници кои ќе ги стави под стомакот и нозете. Посоветувајте ја една перница да стави меѓу колениците. На некои татковци при крај на бременоста им останува многу малку простор во креветот. Во него царува мама, потоа нејзиниот стомак и многуте перници. И знаете што, ни случајно не смеете да се пожалите!
<
Повеќе
Ако ве фати безволност или сте почувствувале замор, најдобар лек е релаксирачки разговор со другарките. Организирајте дружење со здрава храна, одвојте време за себе, после породувањето ќе помине многу време пред да можете повоторно опуштено да се дружите. Вистина е дека за тоа време детето ќе може слободно да го оставите на тато, баба или тетка, но верувајте вашите мисли постојано ќе ви бидат кај него.
забава Бремените
Автор: bobik
Секс во плодниот прозорец - практичен водич
Ако се обидувате да забремените, времето на сексуалните односи може да...
Кои се здравствените придобивки од сексот?
Сексуалната интимност е дел од здравјето и благосостојбата на многу во...
Како да создадете здрав ритам на живот во бременоста?
Бременоста носи многу промени од телото и апетитот до спиењето, распол...
Подготовка за породување - физички и ментални чекори
Породувањето е голем животен настан и сосема е нормално пред него да ч...
Што значат пореметувањата на спермата?
Кога се зборува за машката плодност, често се користи изразот „поремет...