|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Развојни фази

Моторички развој
Тригодишните и четиригодишните деца се многу вешти во движењата. Лесно трчаат, потскокнуваат, одат на прсти, се качуваат по скали со наизменични чекори. При качување по скали сеуште застануваат на секоја скала со двете нозе. Одењето наназад и возење на трицикл се вистински предизвик.

Со наполнети три години децата стануваат се повешти и при секојдневните активности: хранење со лажица и вилушка, миење, облекување и соблекување. Знаат сами да се соблечат, а при облекување им е потребна мала помош. Знаат да запетлаат големи петлици. Можат да цртаат со водени боички. Знаат да прецртаат круг и крст и од хартија да направат хармоника. Способни се да однесат вода на поголема раздалеченост без да ја истурат.

Мали дрдорковци

Помеѓу третата и четвртата година, децата се претвораат во мали дрдорковци. Нивниот речник содржи околу 500 зборови кои ги изговараат околу 20.000 пати на ден. за родителите вечното повторување на “што е тоа” и “зошто”, можат да бидат многу напорни. Низ повторување детето го шири фондот на зборови, го вежба изговорот на одредени гласови, вежба зборови во различни облици и комбинации. Знае да направи граматички точни реченици од три до четири зборови. Нечитко пишува букви.

Не треба да се грижите ако Вашето дете употребува само неколку зборови, а се гледа дека разбира многу повеќе. Во раното детство многу се големи разликите меѓу врсниците при учење на зборовите, како и при совладување на одредени степени на развој. Има многу примери за бавен напредок на говорот. Можеби детето сета концентрација и енергија ја троши за учење на други вештини, можеби има брат или сестра близнак, или помал брат или сестра, на кого родителите му посветуваат повеќе внимание. Потешко ќе прозборуваат и децата во двојазични семејства, бидејќи детето поспоро учи два јазика отколку еден. Кај момчињата поспоро се развива говорот, отколку кај девојчињата. Споредувањето на напредокот на Вашето дете со неговите врсници нема никаква смисла, туку може да внесе напнатост во семејството.

Битно е со детето да не разговарате на детски начин (со деминутиви). Не користете детски говор, затоа што детето нема да научи правилно да зборува долго време. Се што детето ќе изговори, преведете го на нормален говор и неговите изрази заменете ги со свои. Пофалете го детето кога ќе употреби правилен облик на зборови и реченици.

Период “Зошто?”

Периодот “Што е тоа?”, во кој детето бараше да му објасните како се нарекува одреден предмет, заврши. Сега настапува период “Зошто?”. Безбројните прашања за вас се напорни, но за детето се многу значајни. Со тоа и Вие го надополнувате своето знаење и разбирање. Секако, ќе постојат и многу прашања на кои нема да имате одговор. Во такви случаи е важно да не одговорите со “Затоа што е така”, туку да му објасните на детето дека не го знаете одговорот. Потрудете се, иако од бесконечната љубопитност сигурно сте многу уморни.

Перцепција на броевите

Броевите добиваат се поважно место во детскиот живот. Детето наскоро ќе би усвои редните броеви прв и втор, а останатите ќе му бидат потешко разбирливи. Редните броеви децата ги учат подоцна и поспоро од главните броеви. Важен чекор е усвојување на поимите повеќе, помалку и еднакво. Детето мора да знае дека ист број значи иста количина и кога тоа ќе го усвои, може да почне со едноставни математички операции. Прво со собирање и одземање со помош на прстите, а потоа и со сметалки со топчиња.

Некои деца уште во третата или четвртата година ќе се забавуваат во првото сметање, нпр 1+1=2, затоа што ќе откријат потполно нов свет. Кога ќе го совладаат учењето напамет, можете постапно да му ги пишувате броевите. Прво нека ги препознава напишаните броеви, а потоа нека почне и само да ги пишува. Ако Вашето дете не сака да собира или пишува броеви, не грижете се, децата се сеуште мали и на оваа возраст имаат различни интереси. Ако детето не покажува интерес за собирање, не терајте го, бидејќи може, потполно непотребно да добие отпор кон математиката. Децата се различно надарени и ги интересираат различни работи. Ако не ги интересираат броеви ќе ги интересира музика, букви или цртање. На оваа возраст се’ треба да биде низ игра.

Однос кон парите

Во третата година од животот детето сфаќа дека со парите купуваме и плаќаме. Нивната вистинска вредност сеуште не му е јасна и парите ги гледа само како помагало во играта. Играњето продавница, банка, пазар и други игри поврзани со плаќање го воодушевуваат. Парите се за него играчка од повисок ранг. Тогаш детето покажува прв интерес за штедење. Стално планира што ќе купи со заштедата и плановите му се менуваат од ден на ден. Обично на физички поголемите банкноти им придава поголема вредност. Полна касичка со пари можете да однесете в банка, каде можете да го запознаете со институцијата во која штедат возрасните, Банките имаат програма за детско штедење, па можите да се приклучите.

Изразување на емоциите

Децата не се секогаш способни да ги изразуваат своите чувства, што не значи дека ги немаат. Ги изразуваат посредно, преку своето однесување, игра, цртање, соништа и ноќни мори. Грижа и тага изразуваат преку бес и често будење ноќе.. Помалите деца комуницираат и преку играње на разни улоги (мајки, татковци, доктори...), цртање и говор за цртежот. Родителите можат преку цртежите и начинот на говор да откријат што го мачи нивното дете, за што размислува, што сака и од што се плаши. Разговарајте многу со детето за своите чувства и чувствата на другите и порано или подоцна и тоа ќе ви се довери. На детето му треба стабилна емоционална околина. Кавгите, лошите семејни односи, игнорирањето, физичкото или психичкото насилство (и помеѓу родителите) го спречува нормалниот емоционален развој. Во тој случај може да се појави тептавење, страв од одвојување од родителите, ноќно мокрење, па дури и престанок на говор. Во вакви сутуации обратете се кај психолог.

Кавги и тврдоглавост

Децата стануваат емоционално интелигентни и оттука почнуваат проблемите. Најчест проблем се кавгите. Кавги меѓу браќа и сестри, меѓу другарчиња кои до пред неколку минути мирно играа, се појавуваат изливи на тврдоглавост и непотребни зборови. Клучно е да сфатите дека тие проблеми ќе се појават порано, или подоцна и затоа бидете подготвени за да не Ве погодат како гром од ведро небо. Ако сте спремни на проблемите и знаете правилно да постапувате, детето нема да може да го искористи Вашето изненадување. Важно е да останете мирни.

При кавга, најважно правило е дека никој не смее никого да навреди или физички да нападне. Многу деца во лутина изговараат непристојни зборови, на кои не им го знаат значењето. Тоа важи и за возрасните. Децата ќе псујат ако луѓето околу нив употребуваат такви изрази. Ако детето почне да покажува изразита тврдоглавост, објаснете му со мирен глас зошто нема да ги задоволите неговите барања. Почекајте да помине испадот на бес и потоа на мирен начин објаснете му дека таквото однесување не е убаво.

Прочитајте уште

Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме
Добро е да се знае



Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?