Истражувањата сe почесто покажуваат дека присуството на телевизор во детската соба е поврзано со зголемен ризик од дебелина кај децата. Причината не е само во времето поминато пред екран, туку и во одредени навики што притоа се создаваат.
Тивка закана телевизорот и детската тежина
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Што се случува кога телевизорот е во собата?
- Децата гледаат телевизија подолго, често без надзор, па се губи осет за времето поминато пред телевизор
- Јадењето пред екран станува честа навика, често без контрола врз количината или квалитетот на храната. Одредени истражување покажуваат дека дебелината кај децата во овој случај доаѓа од гледање реклами за брза храна.
- Се намалува физичката активност, особено играњето надвор и интеракцијата со други деца
- Сонoт се нарушува, што дополнително влијае врз метаболизмот, апетитот, но и комплетното функционирање во текот на денот
Овој образец лесно станува начин на живот. Кога гледањето телевизија станува главна форма на забава, движењето, активностите и здравите навики се ставаат во втор план. Поради тоа се зголемува телесната тежина, а со тоа и ризикот од други здравствени проблеми.
Што можат да направат родителите?
- Првенствено да бидат пример на своите деца со сопствениот однос кон технологијата
- Да го ограничат времето пред екран
- Да постават јасни граници, односно без телевизор во детската соба
- Да понудат алтернативи: играње, читање, спорт, креативни активности
Телевизорот во детската соба не е само уред. Тоа може да стане лоша навика што носи последици. Со свесни избори и поддршка од родителите, децата можат да изградат поздрави навики кои ќе ги следат цел живот.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Детско седиште е задолжително
Со моторно возило можат во сообраќај на пат да се превезуваат лица во оној број кој е означен во сообраќајната дозвола, ...
4
Избираме најубава творба: Миа Синадиноска
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати мајката на Миа Синадино...
4
Како да спречите детето да користи лоши зб...
Кога детето првпат ќе изговори лош збор, родителите најчесто се шокирани, засрамени или збунети. Но вистината е дека сек...
3
Антибиотиците кога помагаат, а кога прават...
Вие или вашето дете има температура, дали ви треба антибиотик? Антибиотиците се едни од најголемите медицински откритија...
3