Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Бидејќи чувството на среќа кај детето е силно изразено кога родителите ќе му исполнат некоја желба, родителите тоа го прават и кога желбите на детето не се добри за него. Последица е попустливото воспитување во кое детето управува со родителот, а не обратно.Причина за тоа е што родителите не сакаат да гледаат пред себе несреќно дете.
Психоанализата покажала дека децата кои не добивале доволно љубов во детството израснуваат во невротични возрасни. Затоа родителите во прв план ги ставиле чувствата на детето. Денес, кога веќе им анеколку генерации кои се воспитувани по моделот на попустливото воспитување, гледаме дека ваквиот модел создава нова патологија. Станува збор за разгалени и презаштитени деца. Првата категорија и покрај интелегенцијата, израснуваат во несоцијализирани личности кои не сакаат да пораснат, кои се себични и нарцисоидни и слабо ги контролираат импулсите, немаат работни навики и заради тоа долго остануваат во симбиотска врска со своите родители. Презаштитените деца се пасивни бидејќи за себе сметаат дека се неспособни, се плашат од светот и го доживуваат како опасно место, заради што се во симбиоза со родителите или партнерите со поцврст карактер.
Попустливото воспитување отиде во спротивност – постојано се покажува љубов, а се избегнува дисциплинирање на детето. Денес знаеме дека од една грешка се отишло во она спротивното – секој обид за дисциплинирање децата го доживуваат како негација на љубовта, како отфрлање и како траума. Попустливите родители се немоќни да постават граница и да го натераат детето да прави потешки, а за него корисни работи, за да не го трауматизираат.
Заради негативните последици на попустливото воспитување да потсетиме дека задачата на родителите е да го подготват детето за самостоен живот. А патот кон тоа е на децата да им се понуди модел на покажување љубов, но и јасна дисциплина без која нема ни успех ни среќа во животот.
19
6
4
забава Бремените
Автор: bobik
Дали ултразвукот е безбеден за бременоста?
Ултразвукот (ехо преглед) се смета за безбеден за време на бременоста ...
Кога е потребно индуцирано породување?
Индуцираното породување е медицинска постапка со која лекарите го потт...
Најголемите предности на мајчиното млеко
Мајчиното млеко е природна и целосна храна која е совршено прилагодена...
Нормална телесна температура кај новороденчиња и бебиња
Телесната температура кај новороденчињата и малите бебиња може малку д...
Грип за време на бременост - симптоми, ризици и заштита
Бременоста носи многу промени во организмот, а една од нив е и промена...