namesp во 10:12

ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.
Развој на детето: Развојни фази
Држење на главата
Во третиот месец доенчето веќе може да ја држи главата исправена, но и понатаму му е потребна Ваша помош при подигнувањето. Кога лежи на стомак ја подига главата и предниот дел на градниот кош. Притоа се потпира на лактите и често со прстите тапка по подлогата. Со тоа ги зацврстува вратните мускули.
Повеќето доенчиња, од два месеци, можат да ја подигнат главата под агол од 45 степени. Повеќето време лежат на грб во асиметрична положба, со истегната рака и нога во правец на погледот, а згрчена рака и нога на спротивната страна. Пред крајот на третиот месец веќе лежат симетрично.
Вашето бебе се повеќе ги отвора дланките, движењата на рацете и нозете се посмирени и посиметрични.
При крајот на овој месец, доенчето почнува да ги забележува рацете и прстите. Ако му понудиме предмет го зема во раце, а понекогаш и го проучува. Затоа нудете му лесни и едноставни играчки со примерен облик за да може да ги фати. Само со поглед, или и со вртење на главата го следи предметот кој ќе го движите пред неговото лице, во сите насоки. Пробајте!
Интерес за околината
За време на хранењето бебето со голем интерес го проучува мајчиното лице. Исто така, се повеќе го интересира неговата околина.
Пред крајот на овој месец, бебето почнува да го истражува своето тело: ги гледа своите раце, си игра со прстите, испушта разни звуци, прави меурчиња од плунка, ги допира своите уши и другите делови на телото. Со тоа истражување се стекнува со свесност за себе си.
Доенчето ја сака дневната рутина, бидејќи така знае што следува. Со насмевка, немир или испуштање на гласови, се одѕива на познати ситуации, на пример при подготовка за хранење или капење. Сега веќе јасно покажува дека ужива во капењето, како и во дружењето со родителите.
Комуникација на доенчето
Уште во најраниот период од животот, доенчето може да покаже кога му е потребно внимание и нежност, како и кога е вниманието претерано и кога сака малку време за себе. Кога ќе сака да биде во Ваше друштво тоа ќе Ви го покаже преку контактот со очите, насмевката или гласот. Кога му е доста од дружење ќе го покаже тоа со проѕевање и плачење, а малку постарите бебиња со вртење на погледот и оттурнување на родителите.
Секое доенче е единствено и секое има свој начин на искажување на потребите и на свој начин воспоставува комуникација со родителите. Плачот е сеуште главен начин за изразување на потребите и желбите. Одговорот на сигналите кои ги испраќа доенчето и задоволувањето на неговите потреби е темел за развој на детската самодоверба и самостојноста.
Насмевка
Доенчето преку насмевка го искажува своето задоволство. Ужива кога родителите му посветуваат внимание, кога му зборуваат, го допираат и гушкаат. Се развеселува и кога ќе здогледа познато лице. Тогаш одговара со насмевка и гугање. Во овој период се огласува со самогласки.
Доенчето веќе има поприврзан однос со саканото лице, или со повеќе лица и во мајчината или татковата прегратка најбрзо се смирува.
Прочитајте уште
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме
Во овој период
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме
Претходен период: Возраст 1 месец
Следен период: Возраст 3 месеци
Слични артикли:
-
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetuscepumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selviПродвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVKПривет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabotaБизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja-
забава Бремените
Автор: bobik Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Анкета
piko
Glasajte za najubavo zensko ime
Lana (23%)

Hani (1%)

Dajana (6%)

Dina (17%)

Katja (17%)

Jana (36%)

Број на сите гласови: 145
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!