|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Моето новороденче

За породилната тежина
Просечна породилна тежина на новороденчето е 3.340 грама. Поголемиот број на бебињата при раѓање имаат тежина меѓу 2.500 и 4.100 грама (машките бебиња се малку потешки од женските, а првородените деца, во однос на помладите браќа или сестри, се родени со помала тежина) .Здравото новороденче може после раѓањето да изгуби неколку грама (5-10 % од родилната тежина) пред сe заради исфрлање на првата мокрача и мекониумот и заради малата количина на течности која се внесува, во однос на количината течности која се губи.

Кога ќе започне доењето (три до пет дена по раѓање), новороденчето почнува да добива во тежина.

Со доењето треба да започнете што поскоро по породувањето, и во тек на првите денови морате да го доите што почесто, за да поттикнете производство на млеко. Тежината на новороденчето во тој период би требало помалку да паѓа. Кога новороденчето ќе изгуби повеќе од 10% од својата тежина, во породилиштата обрнуваат повеќе внимание и со будни очи ја следат ситуацијата, се додека новороденчето не почне да добива во тежина. Во првите денови новороденчето јаде помалку отколку во наредниот период. Кога ќе се воспостави ритам на хранење, од здравото новороденче се очекува да добива тежина 20-50 грама дневно. Нормално е и тоа бебињата да добиваат во некој период повеќе, а во некој помалку во тежина.

Просечната должина на новороденчето изнесува 50 cm (поголемиот број на бебињата се долги од 46-54cm) До крајот на првиот месец бебето приближно ќе добие 750 гр. во тежина и 3.5 сантиметри во должина.

Изглед на новороденчето


Кога новороденчето ќе се роди изгледа “истуткано”, кожата му е црвенкаста и може да има гребнатинки или модрици. Сето тоа е последица на патувањето низ тесниот породилен канал, но во следните две седмици постепено тоа исчезнува. Децата кои се родени со царски рез не морале да патуваат низ тесниот породилен канал и заради тоа имаат помалку гребнатинки и деформации на главата и не изгледаат толку “истуткано”.

После раѓањето кожата е во голем дел прекриена со остатоци од верниксот (бел слој кој ја штити детската кожа додека е во материцата) и розево-црвена боја (присутна и кај децата со потемен тен), затоа што низ танката кожа се видливи жилите. На многу новороденчиња, посебно на порано родените, кожата им е прекриена со нежни (лануго) влакненца, кои најмногу ги има на рамената, грбот, челото и на обравчињата. После неколку седмици тие влакненца постепено опаѓаат.

Скоро три четвртини од новороденчињата имаат на тилот, челото, очните капаци или носот видливи црвени флеки кои ги викаме имакуларен хемангиом или убод на штркот. Тоа е капиларно црвенило кое воглавно исчезнува до првата година од животот.

Кожата на новороденчето е нежна и осетлива на составот и материјалот на облеката, на влага, притисок и температура. Во првите денови новороденчето се вцрвенува кога плаче, понекогаш и омодрува, а може да има модри раце и нозе, или едната половина на телото да му биде црвена, а другата бледа. Ако му е ладно, на кожата можат да се појават риги. Сето ова не е штетно и е минливо. Многу модра боја, бледило или рана жолтица се знаци на загрозеност и бараат брза и адекватна медицинска интервенција. Често, во првите денови по раѓањето, се јавува и лупење на горниот слој на кожата, а кај некои деца се јавува и безопасен црвен осип во облик на црвени акни со бела точка во средината. Овие состојби се минливи и не бараат дополнителна медицинска нега.

Кај новороденчињата родени карлично во првите часови по породувањето главата е овална и на темето е видлив оток. Коските на черепот се цврсти, но сеуште не се сраснати меѓусебно. На предниот дел на главата, на темето, се наоѓа мек дел наречен фонтанела, кој може да биде со различни димензии. Фонтанелата е делот каде коските на черепот сеуште не се составиле, а прекриен е со неверојатно цврста мозочна мембрана. Во пределот на фонтанелата можеме да видиме пулсирање на жилите, што е сосема нормално. Ако фонтанелата е вдлабната, бебето веројатно дехидрирало и треба да му се понуди млеко или вода што побрзо. Ако вашето дете има и други симптоми (пролив, повраќање, температура...) или испакната фонтанела, треба веднаш да се обратите на лекар.

Во првите денови, заради притисокот во текот на раѓањето, очите се отечени и закрвавени. Веднаш после раѓањето на новороденчето му се даваат капки за очи, за да се спречи инфекција на очите, која може да се добие од бактерии во породилниот канал. Многу бебиња во првите недели од животот повремено трепкаат. Исто така тешко им е да ги контролираат двете очи и да фокусираат предмет. Се додека не зајакнат мускулите околу очите и додека бебето не научи да го контролира погледот, повремениот страбизам е сосема нормален.

Носот е често делумно затнат со остатоци од плодова вода, слуз или мајчина крв. За да ги исчисти дишните патишта новороденчето често кива.

На средината на горната усна често заради доењето се појавува жул. Ова е сосема нормално, затоа немате причина за грижи.

Кај здравите новороденчиња можни се големи разлики во брзината и начинот на дишење, во зависност од будноста, движењата и плачот. Тие воглавно дишат со 40 вдишувања во минута. Срцето на новороденчето чука многу побрзо отколку кај возрасен човек. Веднаш по раѓањето пулсот на новороденчето е помеѓу 80 и 200 отчукувања во минута, а неколку часа подоцна чука со 100-160 отчукувања во минута.

Заради неразвиените стомачни мускули, стомакот на бебето изгледа голем. Пред прекинувањето на папочната врвца на бебешката страна се става копец кој останува додека остатокот од врвцата не се исуши. Остатокот од папочната врвца обично се суши и паѓа во рок од седмица до две. Остатокот од папочната врвца и папочето мора да бидат суви. Се препорачува чистење со алкохол или физиолошки раствор. Во ова може да Ви помогне и патронажната сестра. Ако пределот околу попочето се зацрвени, ако стане жежок и влажен, ако се појави крвав или жолт исцедок, обавезно посетете педијатар за да спречите сериозна инфекција.

Кај новороденчињата често се присутни минливи и безопасни деформации на стапалото, кои се последица на положбата и недостатокот на простор во материцата. На 40 дена од раѓањето на бебето се прави ултразвучен преглед на колковите со кој лекарот проверува дали зглобовите на бебето се правилно развиени. Доколку дојде до деформации потребно е што поитно лечење.

Половите органи се, заради влијанието на хормоните на мајката, и кај момчињата и кај девојчињата потечени. Кај девојчињата често е присутен исцедок (слуз) или благо крвавење во првата недела. Кај момчињата тестисите се воглавно спуштени, можно е присуство на мала количина течност која подоцна исчезнува. Кожичката на пенисот е цврсто споена, а понекогаш и залепена.

Поголемиот број на новороденчињата првпат уринираат во тек на породувањето, или веднаш по раѓањето. Првата урина често содржи безопасни материи т.н. урати (сол на мокрачната киселина) која може да предизвика црвена боја на урината .  Бидејќи ова може да ви личи на крв, пелената покажете и ја на бабицата, но немате причини за грижа.

Мекониумот кој е темно зелен и леплив се исфрла во првите 12 часа, или најдоцна 48 часа по раѓањето. Првиот мекониум е зелено-црна леплива материја со кој се наполнети бебешките црева додека е во материцата. Пред почетокот на нормално вршење нужда, бебето го исфрла мекониумот од телото.

Прочитајте уште

Моето новороденче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме



Анкета

Симптоми на породување.
пеперутка16

Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?