|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Спиење

Биоритам
Новороденчето нема вграден внатрешен часовник, за да разликува ден и ноќ. Во почетокот периодите на спиење и будност се распоредени подеднакво во текот на денот и ноќта (24 часа). Невролошкиот развој постепено води до се подолги периоди на спиење и будност. И сами можете да влијаете на ритамот на спиење така што во текот на денот повеќе ќе се занимавате со новороденчето, а ноќе ќе го храните и пресоблекувате на пригушена светлина.

Во првата недела од животот, новороденчето спие од 14-18 часа, подоцна потребата на сон постепено се намалува и при крајот на месецот поголемиот дел од новороденчињата спијат од 12-16 часа дневно. На распоредот на спиење влијае гладот, периодот на скокови во развојот и пречки од околината. Доенчето обично спие 2-4 часа без будење (и ноќе) и се разбудува кога е гладно. Преку ден, додека е будно, посветете му повеќе внимание, задржувајте се во светли и не толку тивки простории. Немојте да ги гасите сите нормални секојдневни звуци, како радио, телевизор, телефон и други куќни апарати.

Во првите недели новороденчето ќе покажува знаци на замореност по два часа будност. Внимавајте на триење на очите, темни кругови околу очите и фаќање (тегнење) на ушите. Ако не го успиете што поскоро, новороденчето ќе стане преуморено и потешко ќе го заспиете.

Совети за сладок сон

Додека доенчето спие, во текот на денот, немојте да одите на прсти, не шепотете. Доенчето треба да спие во присуство со звуците кои се дел од вашето секојдневие, бидејќи подоцна ќе се буди при најмал шум. Здраво новороденче кое е сито и се чувствува удобно, може да спие било каде и колку што сака. По правило на новороденчето му е потребно два пати повеќе сон, отколку на возрасен човек. Кај новороденчињата активното спиење (REM) зафаќа поголем дел од сонот, отколку кај возрасните. Тоа е фаза кога спиеме плитко и сонуваме. За вашето дете тоа значи опуштено тело, активен мозок и многу сонување. Тој вид на спиење е важен за брз развој на мозокот затоа што бебето во тој период ги преработува и уредува новите сознанија кои ги стекнало додека било будно. Заради големиот број информации, додека е будно, детето нема време за обработка на истите. Бебињата брзо се будат, затоа што при активно спиење спијат плитко. Ако се во фаза на подлабок сон потешко се разбудуваат, а ако ги разбудите, плачат. Во текот на спиењето се испуштаат поголем дел од хормоните за растење и децата при спиење растат во должина. Во првиот месец растат и до 1 mm дневно. Спиењето е време за тренинг на мускулите и автоматизмот, затоа често ќе забележите дека бебињата во сон се смеат и прават гримаси.

Доенчињата се разликуваат меѓу себе по биоритамот, па заради тоа имаат поинакви потреби и навики за спиење. Родителите најдобро го познаваат своето дете и знаат што најмногу му одговара. По него треба да го прилагодат и сопствениот дневен и ноќен ритам на спиење.

Препорачливо е да се воведат секојдневни вечерни ритуали, заради кои доенчето, со тек на време, ќе научи дека е време за ноќно спиење. Тоа може да биде облекување на пижами, нежно пеење на приспивни песни, или нежност и галење. Околината треба навечер да биде потивка, за разлика од денот. Вечерните ритуали е најдобро да се одвиваат во спалната соба (во истата просторија каде ќе спие детето), која треба да биде осветлена со пригушена светлина, но тоа да биде доволно за ноќно хранење и пресоблекување. Најчест ритуал пред спиење е ноќното капење (откако папчето ќе падне и зарасне) кое ќе го умори и смири доенчето. Пред крај на вечерните ритуали детето го храниме и го заспиваме. Не заборавајте да го подигнете да подригне, затоа што проголтаниот воздух може да го мачи, па дури и да го разбуди, но може и да поврати со што ќе се разбуди. Новороденчето треба да спие полусвртено на страна, или понекогаш и свртено на страна, но никогаш не оставајте го да спие на стомак (заради зголемување на опасноста од изненадна смрт на доенчето SIDS-sudden infant death syndrome). Треба да биде покриено до средината на градниот кош. Ако собата на доенчето е далеку од просторијата во која се задржувате може да ви помогне baby аларм.

Кога доенчето ќе се разбуди во текот на ноќта немојте да му зборувате, не палете дополнителна светлина и обидете се да бидете што потивки. Нахранете го и нежно милувајте го затоа што Вашата близина ќе го смири и побрзо ќе заспие. Исто така, побрзо ќе заспие и ако не го оставите предолго да плаче. Тоа не се буди секогаш заради глад, туку ако му е претопло, преладно, или едноставно му е потребна Вашата близина.

Држење во раце и нишкање

Ако доенчето го успивате навечер со држење во раце и нишкање, веројатно помалку ќе плаче и побрзо ќе заспие. Но треба да знаете дека можеби тешко ќе го одвикнете од овие навики кога ќе порасне. Тогаш ќе посакате да заспива во креветче. Исто така може да се случи да се разбуди кога ќе го ставите во креветчето.

Прочитајте уште

Моето новороденче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме



Анкета

Чевли
Еца

Кои чевли ги купувате за своите дечиња?

цицбан (55%)

кеги (40%)

фродо (0%)

некои други (5%)


Број на сите гласови: 20

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!