|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Доење и дохрана

Доење
Доењето му гарантира на доенчето квалитетна исхрана, заштита од инфекции, ја намалува опасноста од алергии на храна и му дава чувство на љубов и сигурност. Доењето има поволно влијание на психо-физичкиот развој на штотуку роденото бебе. Позитивно влијае и на мајката и на поврзаноста меѓу мајката и детето. Освен горенаведените позитивни страни, доењето е најповолната исхрана за Вашето доенче.

Состав на мајчиното млеко

Мајчиното млеко е најповолна исхрана за доенчето во првите месеци на животот. Првото млеко се вика колострум. Тоа е погусто, со жолтеникава боја и содржи голем број на заштитни и хранливи состојки. Има благ диуретски ефект и поттикнува празнење на мекониумот (првата столица). Најважна е неговата заштитна улога, содржи многу антитела и одбранбени клетки кои новороденчето го штитат од инфекции.

Наскоро, меѓу вториот и шестиот ден по раѓањето, составот на млекото почнува да се менува, а дојките, заради зголемената количина на млеко, стануваат поголеми, топли, набрекнати и почувствителни. По три недели почнува создавање на зрело млеко кое ги задоволува сите потреби за храна во првите 4-6 месеци (освен потребите за витамин Д кој е потребно да се додава за да се спречи рахитис).

Составот на мајчиното млеко се менува и во текот на подојот: на почеток млекото е водлесто, скоро проѕирно, плавкасто, за доенчето да ја угасне жедта, па следува густо млеко , богато со калории, со кое доенчето се заситува. Затоа е важно при секој подој доенчето да ја испразни дојката. Со тоа се зголемува производството на млеко.

За успешно доење

Најдобро е со доење да започнете веднаш по породувањето. Раното започнување е многу важно за да може успешно да се воспостави доењето (рефлексот на цицање е најјак во првиот час по породувањето) но важно е и заради поврзување на мајката и детето, затоа што доенчето се смирува при допир со мајчината кожа.

За добар успех битна е и техниката на доење. Добрата техника не можете да ја научите од книга, но не грижете се – бабиците во породилиштата со радост ќе Ви помогнат и ќе Ве научат на правилна положба. После тоа ќе ве посети патронажна сестра која ќе ви помогне да ги решите можните проблеми.

Накратко ќе ви посочиме неколку совети за успешно доење: наместете се удобно, доенчето со цело тело завртете го накај себе , а со другата рака држете ја дојката (прстите нека не бидат на ареолата, туку на кожата). Потоа со брадавицата допрете ги усните на бебето. Кога ќе ја отвори устата приближете ја неговата глава до дојката. За успешно хранење и спречување на рани на брадавиците (рагади), важно е доенчето да зафати што поголем дел од ареолата. Ако доенчето не успее , тргнете го и обидете се повторно. Бидете внимателни да не го притиснете неговиот нос, во тек на хранењето. На прв поглед доењето ќе ви изгледа голема филозофија, но наскоро ќе се навикнете, ќе се опуштите и обајцата ќе уживате во доењето.

На почеток доенчето хранете го на двете дојки – при секој оброк. Обрнете внимание да ја испразни дојката (така се поттикнува создавање на млеко), а потоа понудите му ја другата дојка. Следниот подој започнете со дојката на која последно јадело бебето. Подоцна (по 2-3 недели) кога дојките ќе почнат да создаваат поголема количина на млеко, на бебето му е доволна една дојка, за еден оброк.

Колку често да доите

Што се однесува до зачестеноста на хранење, односно временската оддалеченост помеѓу секој подој, најдобро е да се прилагодите на детето и да му ја понудите дојката секогаш кога плаче или кога дава знаци дека е гладно. На почеток ќе биде многу напорно и ќе ви одзема многу време. Можно е да доите и дванаесет пати дневно. Постепено доенчето воспоставува ритам на хранење и на крајот од првиот месец му се потребни 7-8 оброци дневно. Должината на секој подој најдобро е да ја прилагодите со неговите потреби. Тоа ќе престане да цица кога е сито. Често заспива откако ќе се нахрани.

Подригнување после оброк

После секој подој потребно е да го поттикнете доенчето да ждригне, со што ќе го исфрли воздухот внесен во текот на хранењето. Постојат повеќе техники, а вие ќе ја одберете онаа која најмногу му одговара на Вашето дете. Можете да се обидете во исправена положба, кога доенчето е во ваша прегратка завртено накај вас и со главата на вашето рамо. На некои повеќе им одговара лежење на стомак (нормално во ваше присуство) или седечка положба на доенчето. Ако во рок од пола час доенчето не подригне најверојатно и нема затоа што храната и воздухот се веќе стигнати до цревата.

Хранење со шишенце

Ако доењето не е можно, или сте одлучиле дека не сакате да доите, замена за мајчиното млеко е фабрички преработено, адаптирано млеко за доенчиња (т.н. млечна мешавина, млечна формула, адаптирано или вештачко млеко) На располагање Ви е цела палета различни млечни формули. За соодветен избор консултирајте се со матичниот педијатар, или со фармацевтот во аптека.

Адаптирано млеко

Повеќето млечни формули се преработени од кравјо млеко. Неадаптираното кравјо млеко не е примерена храна за доенчиња, затоа што по својот состав многу се разликува од мајчиното млеко. Содржи многу повеќе протеини и минерали, а помалку шеќер. Составот на мастите е поинаков и можна е присутност на многу бактерии. Доенчето хрането со неадаптирано млеко добива преголема количина на витамини и минерали (соли) кои мора да ги излачи, што претставува исклучително тешко оптеретување за неговите , сеуште незрели ,бубрези. Кравјото млеко во млечните формули е со многубројни постапки прилагодено на потребите на доенчето.

Разликуваме два основни вида на млечни формули: почетно млеко (означено со бр.1) кое е наменето за исхрана на доенчиња до 4-от месец (можете да го користите и подолго) и преодно млеко(означено со бр.2) кое е погусто и наменето за исхрана на доенчиња од четвртиот месец па нагоре. Постојат различни млечни формули наменети за посебна група на доенчиња, како што се хипоалергени мешавини, формули за предвреме родени бебиња, млечни мешавини за доенчиња кои страдаат од колики (стомачни грчеви)...

Колку често да се храни доенчето со шишенце

При хранење со шишенце најдобро е растојанието меѓу оброците да го прилагодите на интересот за храна на бебето. Понудете му го шишенцето кога плаче, или кога покажува други знаци на глад. Првите денови доенчето сака почесто да јаде (6-10 пати), но постепено воспоставува свој ритам на хранење и при крај на првиот месец на повеќето новороденчиња потребни им се 6-8 оброци дневно (приближно на секои 3 часа) Што се однесува на количината на поединечниот оброк, потребно е да се придржувате на упатството на амбалажата. Треба да знаете дека доенчето не е секогаш подеднакво гладно, затоа немојте да го присилувате да ја испие целата количина на млеко која сте ја спремиле, ако не сака. При хранење со шишенце постои можност од примање на прекумерна доза храна и како последица на тоа бебето се дебелее.

Правилно користење на шишенцата

За хранење користете шишенца кои можете да ги стерилизирате со превривање, или во стерилизатор. Внимавајте цуцлата да биде со мал отвор (млекото да истекува во вид на капки) и пред секое хранење проверете ја температурата на млекото. За секој оброк припремајте свежо млеко, а остатоците истурете ги. Во тек на хранењето држете го шишенцето така што цуцлата секогаш да биде полна со млеко.

Прочитајте уште

Моето новороденче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме



Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?