namesp во 10:12

ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.
Развој на детето: Развојни фази
За да преживее , на новороденчето му помагаат рефлексите
Бебињата се, по доаѓањето на свет, добро подготвени за живот но сепак за правилен раст и развој им треба многу љубов, нежност и нега од родителите. На дразбите од околината бебињата реагираат рефлексно (ненамерно), што им помага да преживеат надвор од материцата. Овие рефлекси се вродени и некои од нив исчезнуваат после неколку недели, а некои остануваат и неколку месеци. Бебињата ја препознаваат мајката со помош на сетилото за вид, мирис и слух, а со помош на миризбата и вродениот рефлекс на цицање ја пронаоѓаат мајчината дојка и почнуваат да цицаат.
На дразбите од околината одговараат главно рефлексно (ненамерно). Ако им се стави предмет во дланката, детето силно ја стиснува раката (рефлекс на фаќање), ако го допреме во близина на устата, ќе ја бара брадавицата (рефлекс на барање на мајчината дојка), ако стапалата му допираат на тврда подлога, детето ќе направи чекор (рефлекс на одење).
Движења на новороденчето
Детето во првиот месец од животот лежејќи на стомак (на почетокот со многу напор) ја подига главата, а потоа ја свртува на страна за да го ослободи носот ( за да може да дише). На почетокот рацете и нозете му се згрчени. Нозете може понекогаш да ги истегнува и собира, како да лази. Кога е завртено на грб неговата положба е асиметрична, има испружена рака и нога во правец на погледот, а згрчена рака и нога на спротивната страна. Рацете се стиснати во тупаница, со палецот на дланката. Движењата на рацете и нозете се неконтролирани.
Ставањето на новороденчето да лежи на стомак му помага во зацврстување на вратните мускули, кои по еден месец ќе ја држат главата исправена. Дотогаш е потребна ваша помош во држење на главчето.
Доживување на околината
Веднаш по доаѓањето дома, сетилата на новороденчето се подложени на дразби од околината и учењето започнува. Новороденчето со самото раѓање е социјално битие. Ужива во допири, галење, насмевки, разговори и музика. Процесот на социјализација новороденчето го започнува со родителите. Ужива во мајчиниот и татковиот глас, во погледот на нивните лица и во нивните нежни допири. Со помош на родителите бебето се запознава со поширок круг на луѓе и почнува да ужива во нивно друштво. Така почнуваат да се развиваат неговите социјални вештини.
Веднаш по раѓањето новороденчињата се свесни за својата околина и ја истражуваат со сите свои сетила. При раѓањето имаат потполно развиено сетило за мирис и брзо го препознаваат мирисот на мајката и мајчиното млеко. Ако сакате да го изострите неговото сетило за мирис, не употребувајте парфеми првите неколку месеци.
Слично како возрасните и бебињата реагираат на различен вкус. Ако вкусат нешто горчливо или кисело, прават гримаса. Многу новороденчиња го одбиваат мајчиното млеко, ако мајката јадела лук или спанаќ, затоа што моќните вкусови преминуваат во млекото.
Бебињата слушаат и пред раѓање, но слухот во потполност им се развива до првиот месец. По раѓањето новороденчето со задоволство одговара на звуците кои ги слушало во материцата, не само на мајчиното срце, туку и на мајчиниот глас и музиката која мајката ја слушала во бременоста. Од сите звуци, најдраги им се гласови, пред се оние со малку повисока фреквенција, женските гласови. Ги смируваат ритмички, рамномерни, повторувачки звуци, како што се звуци на домашните апарати и музика. Исто така ги плашат изненадувачки гласни звуци и често им предизвикуваат плач. Малку придушен звук при раѓањето овозможува нежен премин од материцата во надворешниот свет полн со различни звуци.
Бебињата, повеќето од времето, имаат затворени очи, а кога гледаат можат да препознаваат промени во светлината и контрасти и затоа со погледот можат да ги следат светлите или контрастни предмети во движење. Остро гледаат до далечина од 20-30 cm, колку што е од прилика раздалеченоста меѓу Вас и Вашето бебе додека ви е во прегратка, или додека го доите (при доењето бебињата сакаат да го гледаат мајчиното лице). Се што е поблиску, или подалеку од оваа оддалеченост, бебињата го гледаат матно.
Мајчиниот допир
Новороденчињата пред се уживаат во допирите. Допирот кожа на кожа ги смирува и тогаш новороденчињата почнуваат подлабоко да дишат со што добиваат повеќе кислород. Бебињата кои се често во мајчина прегратка (посебно ако нивната е во допир со мајчината кожа) побрзо растат и подобро спијат. А научниците утврдиле дека и мозокот им се развива поинтензивно.
Допирот на бебешката кожа со мајчината е присутен и при доење. Доењето не е само хранење туку и запознавање на мајката со детето. Новороденчето ја доживува мајката како извор на топлина, нежност, љубов и сигурност. Со тоа доењето придонесува во душевен и емоционален развој на детето. Ако детето го храните со шишенце, при хранењето цврсто држете го во прегратка за да го почувствува Вашиот допир.
Добивање на доверба
Довербата во родителот е најважен темел на емоционален и социјален развој на секое дете. Без доверба детето не може да се чувствува сигурно и безусловно сакано. За развој на квалитетен однос и доверба потребно е да се трудите уште од раѓањето, а посебно при задоволување на основните потреби на бебето, затоа што детето се оформува уште во најраниот период. Ако родителите одговараат на детскиот плач, го хранат кога е гладно и грижливо го негуваат, тоа ќе се чувствува сигурно и сакано и ќе почне да верува во родителите. При раѓањето новороденчето не распознава дека е одделено од мајката. Со време ќе научи да ги сака родителите неограничено, што не може да се спореди со ниту една друга љубов.
Новороденчето гледа и слуша
Новороденчето уште во првите денови го препознава мајчиниот глас, затоа што го слушало во текот на развојот во мајчината утроба. Мајчиниот глас на него делува смирувачки и затоа бебето се одѕива на гласот на мајката. Тоа внимателно го слуша говорот, бидејќи интересот на гласови и слични звуци му е вроден. При слушањето на гласовите се навикнува и на тонот на изговарање. Во првите месеци гледањето и слушањето се сеуште раздвоени, така што бебето Ве слуша без да Ве гледа. Уште долго нема да ги разбира Вашите зборови, но ќе се одѕива на тонот на вашиот глас. На нежен и смирен тон се чувствува задоволно, а ако говорите поостро веројатно ќе заплаче. Плачот е првобитниот облик на комуникација кај детето. Со него на родителите му ги пренесува своите желби (глад, мокра пелена, умор, жешко му е или ладно) . Различните желби, различната јачина и интензитет на чувствата, новороденчето ги изразува преку цела палета различни видови на плач.
Прочитајте уште
Моето новороденче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме
Во овој период
Моето новороденче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме
Следен период: Возраст 1 месец
Слични артикли:
-
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetuscepumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selviПродвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVKПривет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabotaБизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja-
забава Бремените
Автор: bobik Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Анкета
Jana9
На колку години положивте за автомобил?
18-20 (30%)

20-25 (20%)

25-30 (0%)

30-35 (0%)

35... (0%)

Не немам положено (50%)

Број на сите гласови: 10
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!