|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Мама и тато

Да се запознаеме!
Првиот месец е период на запознавање, воспоставување на поврзаност со доенчето и прилагодување на семејството на новиот член. Тоа е многу убав емоционален , но исто така и многу напорен период. Новопечени татковци – и Вие бидете дел од тоа единствено доживување, запознајте се со Вашето дете и поставете сигурни темели на Вашиот однос и семејната среќа. На новопечената мајка сега и е потребна Вашата помош и поддршка. Нема подобро време за годишен одмор од првиот месец по раѓањето на Вашето дете.

На прво место нека биде новороденчето и неговите потреби. Очекувајте дека станот нема секогаш да биде среден, можеби и ручекот нема да биде готов во вообичаеното време. Добредојдена е помош, особено околу готвењето и чистењето. Ако партнерот е презафатен прифатете помош од родителите или пријателите.

Постпородилна депресија или baby bluz

Раѓањето на детето би требало да биде најубавиот период од животот, исполнување на сопствената мисија. Од секоја мајка се очекува да чувствува неизмерна среќа, многу позитивна енергија и славење на среќниот момент. Породилното искуство за секоја мајка не е идентично со идеализираната слика. Баш напротив, таа се соочува со умор, раздразливост, плачење, промени во расположението и несигурност дали е, или дали ќе биде добра мајка. Со baby bluz, според некои податоци, се среќаваат 80% од родилките, кај повеќето се јавува третиот ден по породување и обично трае ден, два. Исчезнува сама по себе. Најдобар лек е поддршка од семејството, сопругот полн со љубов и разбирање, кој на родилката и е поткрепа во тие денови и кој и ја препушта грижата на детето, а ја презема грижата за домаќинството. Стресот може да биде поврзан и со социјалната изолација и финансиските проблеми.

Постпородилна депресија

Кај една од десет жени baby bluz се продолжува и преминува во постпородилна депресија која најчесто се развива од шестата до осмата недела по породување, макар што може да се појави и шест до осум месеци по породувањето. Најверојатни причинители се брзите хормонални промени, стресот од околината (лошиот однос со партнерот, финансиски или социјални проблеми, несакана бременост...) пореметувања на личноста или генетски предиспозиции. Главни симптоми се умор, несоница, недостаток на апетит, анксиозност, чувство на вина, главоболки, претеран страв за детето. Постпородилната депресија лесно се лечи, односно може да се намалат нејзините симптоми. Многу е важно благовременото препознавање на проблемите, затоа што повеќето потешкотии остануваат неоткриени.

Важна улога во лечењето има соработката на партнерот, искрен разговор за проблемите и чувствата, затоа што со олеснување на душата можат да се спречат компликации. Кај потешките форми потребно е лечење со антидепресиви, а кај најтешките облици потребна е хоспитализација. Долготрајна и нелечена постпородилна депресија на мајката и го оневозможува уживањето со детето, а детето заради тоа има недостаток на мајчина љубов во најчувствителниот период од развојот. Најдобро е да се спречи настанување и развивање на постпородилната депресија. Може да Ви помогне прифаќањето на фактот дека не постои совршена мајка и довербата во партнерот кој ќе ви помага околу негата и чувањето на детето. На тој начин мајката има време за себе, за релаксирачко капење, или постпородилна рекреација. Одржувањето и негувањето на добри партнерски односи е многу важно за квалитетен живот.

Постпородилна психоза

... е многу ретка. Се појавува во првата недела по породувањето. Симптомите се халуцинации, збунетост, дезориентираност, немир и постои голема опасност мајката да се повреди себе или детето. Потребно е итно психијатриско лекување.

Болни дојки

...Најчесто се последица на неправилна техника на доење. Ако имате оштетени брадавици, или рагади и морате заради болките да прекинете со доењето некој ден, треба на секои 3 часа да го измолзувате млекото.. Брадавиците секогаш мијте ги со млака вода, не употребувајте сапун или раствори кои содржат алкохол.

Ако имате преполни, болни и набрекнати дојки, како и кај запушени млечни канали (мали болни места на дојките) измијте ги дојките со млака вода, тврдите места нежно масирајте ги и измолзувајте го вишокот на млеко, се додека дојките повторно не станат меки (тоа наједноставно ќе го направите под топол туш) Продолжете да доите што почесто.

Ако забележите црвено и на допир многу болно тврдо место, а имате температура над 38,4 C и многу лошо се чувствувате, веројатно имате воспаление на дојката што се нарекува маститис. Посетете го својот матичен лекар, затоа што ви е потребно лечење со антибиотици.

Прочитајте уште

Моето новороденче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме



Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?