vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Вашиот животен простор е преполн со најразлични опасности за најмалите.
Следува список на најчестите нешта кои претставуваат опасност за многу несреќи во вашиот дом. Можете да ги избегнете со многу мала работа и со помош на најосновен прибор.
Место: Штекери за струја
Опасност: Струен удар
Решение: Сигурносни поклопувачи кои целосно го прекриваат штекерот во време кога не го користите. Ако употребувате продолжни кабли внимавајте делот каде што се вклучува кабелот да не е достапен на детето. Поставете го позади шкафот или некаде високо каде што детето не може да го достигне.
Местo: Прозорци
Опасност: Пад од прозорец
Решение: Треба да се погрижите прозорецот да не се отвора лесно и отворот кој го има да не биде премногу голем за да може детето да помине низ него. Постојат пластични делови кои се фиксираат на отворот и тие можете да ги купите во продавниците.
Место: Врата
Опасност: Достапност од други опасности
Решение: Погрижете се сите врати добро да се затвораат и вашите деца да не можат да ја дофатат кваката дури и кога се на столче и сл. Ако тоа може да го направат, додадете на врвот од вратата дополнителна заштита која ќе спречи отворање.
Место: Фиоки
Опасност: Вклештени прсти или достапност за опасни работи во фиоките
Решение: Како и за прозорите, и за фиоките постои заштита која може да ја пронајдете во продавниците. Ставете ја на врвот од фиоките и така оневозможете го нејзиното потполно отворање.
Место: Скали
Опасност: Пад
Решение: Овој проблем може да го решат вратата на врвот и дното на скалите.
Место: Ограда на скалите
Опасност: Пад
Решение: Ако растојанијата на оградата се толку големи да детето може да се провлече низ нив, додадете и попречни линии или нешто слично на тоа.
Место: Купатило
Опасност: Давење во вода
Решение: И за WC школката (кога не е во употреба) постојат различни безбедносни додатоци кои спречуваат нејзиниот капак да се подигне.
Место: Када
Опасност: Давење и модрици
Решение: За дното набавете гумена подлога, а металните делови прекријте ги со заштитен материјал кој ќе спречи евентуален пад.
Место: Шпорет
Опасност: Изгореници
Решение: Заштитете ги копчињата на шпоретот за детето да не може да го вклучи.
Место: Шкафче со средства за чистење
Опасност: Труење
Решение: Иако вратите на фиоката и чкафчињата се заштитени, заради максимална безбедност се препорачува таквите работи да ги тргнете надвор од дофатот на детето.
10
6
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Тајните на нашиот код. Што се ДНК, хромозоми и гени?
Дали некогаш сте се запрашале како бебето ги наследува бојата на очите...
Дали често се лутите и навредувате?
Лутината е природна емоција што сите ја чувствуваме. Но, кога често се...
Колку се чести уринарните инфекции кај децата?
Уринарните инфекции се меѓу почестите бактериски инфекции во детската ...
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...