|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ранко Рајовиќ: Заради што децата се фрустрирани?

Редакција Рингераја, 20.3.2018
Кај сите големи луѓе, независно на кое поле се успешни, раното детство е исклучително важно за нивниот успех
Клучни зборови:

image
/11


Досадата е вид на стрес и една неубава состојба. Кога им е досадно, и возрасните и децата се обидуваат да се спасат од тоа чувство, односно да најдат занимација. Но, проблемот на досада кај децата во денешно време зема загрижувачки размери бидејќи децата тешко наоѓаат занимација, а да не е поврзана со компјутер, видеоигри или мобилен.

За тоа што можат да направат родителите, но и во што прават грешка кога се работи за детската досада, зборува др. Ранко Рајовиќ .

„Денешните родители кои пред 30 години биле деца сигурно се сеќаваат како во тоа време дома имале само телевизор со една или две програми и кога им било досадно излегувале да побараат друштво за игра. Немало проблем да одат пеш или на велосипед четири, пет, шест километри на игралиштето каде играле час, час и пол и би се вратиле дома.

Кога би врнело дожд, морале да си измислуваат игри, а родителите тогаш не го решавале проблемот на досада на децата туку детето само се снаоѓало. Или си играло со играчки или сложувало коцки или правело кула од дрвени коцки.

Проблемот на досада секогаш бил покренувач и досадата е добар фактор за развој на детето. Кога му е досадно детето мора да смисли нешто, да се организира, да поврзе некои работи, да направи некоја нова игра и да побара друштво.

Што се случува денес со децата?


Претерувајќи со заштитата кон своите деца, родителите наместо нив прават милион работи, меѓу другото, решавајќи им ги проблемите и спречувајќи ги самите да го направат тоа. Им купуваат видеоигри, па кога ќе се презаситат, им купуваат нови. 
Денешните деца растат во виртуелен свет. 

Според анализите на психолозите, содржините на кои се изложени, независно дали станува збор за ТВ-програми или видеоигри, се направени за да ги „заробат“ децата, заменувајќи им ја меѓучовечката комуникација со нивните врсници.

Тука се поставува прашањето: Што ќе прави детето кое не знае како да се справи со досадата, за 5 или за 10 години? Одговорот е – ќе стане фрустрирана личност со праг на толеранција еднаков на нула. Според Рајовиќ, овие нови генерации деца се научени да добијат сè сега и веднаш и не се научени на трпение и на чекање. Тој ги советува родителите, во таквите ситуации да ги игнорираат желбите на децата и да ги остават да го изразат своето незадоволство, макар и плачејќи. 


Што можат да направат родителите?


Прво, родителите грешат кога ја заземаат позицијата на најдобри другари на своите деца, играјќи си постојано со нив. Нивна задача е да им помогнат на децата да се осамостојат.

Рајовиќ им предлага на родителите да им купат сликовница и да им читаат или да им раскажуваат приказни согласно сликите во книгата. Приказните можат да ги менуваат од ден на ден, поттикнувајќи ги децата да се вклучат коригирајќи ги според првичната верзија, па дури и да заземат активен пристап во креирањето нови текови на приказната. Мозокот како орган за преживување, во периодот на адаптација прифаќа сè на што е изложен, па ако родителот од мали нозе им чита на своите деца, цврстиот однос што ќе го формираат децата со родителите ќе се воспостави преку книгите, додава Рајовиќ.

Рајовиќ споделува една анегдота за творецот на големата автомобилска компанија „Хонда“ – Соикиро Хонда, кој и откако стекнал огромно богатство, бил прв на работното место. На прашањето, на што се должи тоа, Хонда одговорил дека во детството бил силно поврзан со неговиот татко, кој редовно го носел со себе на работа, па работењето на машините и мирисот на масло во својата фабрика, го навраќале на најсреќниот период од животот. Поентата на Рајовиќ е следнава: „Кај сите големи луѓе, независно на кое поле се успешни, раното детство е исклучително важно за нивниот успех“. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Ноќно мокрење во детската возраст
Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после 5 година. Според податоци од литературата на воз...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?