namesp во 10:12
15 ветувања кои му ги давам на мојот син
Michelle Horton, 5.2.2023
Ветувам дека ќе те слушам
И не само да слушам, ветувам дека ќе се трудам да те разберам. Ветувам дека ќе обрнувам внимание и ќе ги вреднувам твоите чувства и искуства, наместо да ги омаловажувам. Дури и кога внатрешниот порив ќе ме тера да го “средам” проблемот, ветувам дека прво ќе те ислушам, разбирајќи дека можеби само тоа ти треба.
Ветувам дека ќе се сетам како се чувствував јас
Се надевам дека никогаш нема да заборавам колку непријатно и срамежливо се чувствував во 1-во одделение, не сакајќи ништо друго освен да бидам дома со мојата мајка. Се надевам дека никогаш нема да заборавам како е да се биде тинејџер со скршено срце, или изгубен и збунет студент. Ветувам дека ќе сторам се за да не заборавам како е да се биде дете, за подобро да се соживеам со твоите чувства и да те водам. Бидејќи тие чувства се важни и реални.
Ветувам дека ќе те прифатам таков каков што си
Те познавам уште пред да ме запознаеш и ја гледам светлината во твојата внатрешност. Ветувам дека ќе те прифатам таков каков што си. Без оглед на се.
Ветувам дека ќе се радувам кога ќе го здогледам твоето лице
Омилен дел од денот ми е кога за прв пат ќе го видам твоето лице. Кога наутро тивко ќе излезеш од својата соба, со траги од спиење на лицето и отечени очи, кога ќе ми подариш голема насмевка и радосно ќе извикнеш – Јееј, уште еден ден сме заедно! Добро утро. Така ќе биде додека сум жива!
Ветувам дека заедно ќе истражуваме
Полесно е (и инстиктивно) да те држам блиску до себе, заштитен, но знам дека си свој човек. За да пораснеш и за да созрееш, мораш да искусиш и добро и лошо и да го почувствуваш животот подалеку од мене. Дури и кога тоа ќе ме плаши, ветувам дека ќе ги охрабрам овие ситуации.
Ветувам дека ќе те чувам сигурно и здраво
Тоа стана еден вид на мантра меѓу нас , па се прашувам “Зошто ми се овие правила?”. Но ти знаеш дека јас не правам произволни правила – сите тие имаат своја цел. И ветувам дека ќе продолжам и ќе направам се за да те чувам сигурно и здраво.
Ветувам дека ќе ти дозволам да правиш грешки
Ова може да биде најтешкиот предизвик на секој родител. Интелектуално, разбирам дека е важно да се паѓа за да се успее, бидејќи на тој начин ги учиме нашите граници и го градиме нашиот карактер. Но, уххххх, помислата на повреда е неподнослива. Не ми е воопшто чудно што има толку “хелихоптер” родители – моето срце е со нив. Но ветувам дека ќе ги тргнам настрана своите чувства и ќе ти дозволам да учиш од грешките.
Ветувам дека прво ќе бидам мајка, а потоа пријател
Ветувам дека ќе бидам родител со широки перспективи, што значи дека нема секогаш да ти се допаѓа она што ќе го слушнеш. Ќе го оставам пријателството на твоите другари – она што ти треба е мајка која го гледа твојот интерес, надвор од краткотрајното задоволство.
Ветувам дека ќе направам се најдобро и ќе се извинам кога нема
Знам дека не сум совршена – дека губам трпение кога сум под стрес и паѓам кога сум преморена. Знам дека давам се од себе за да направам правилен избор, а потоа за кратко паѓам. Го знам тоа, бидејќи сум човечко суштество. Затоа ветувам дека ќе се извинам кога ќе ја зафркнам работата, како што прават сите луѓе.
Ветувам дека ќе го почитувам твоето мускулесто тело и ќе те подготвам да станеш маж, иако не знам како
Не знам како е да се почувствува наплив на тестостерон, или како треба да се браниш од твоите врсници, или да бидеш физички посилен од спротивниот пол. Јас немам опсесија кон супер-херои и не го разбирам хеликоптерот со далечински управувач. Но ветувам дека ќе ја сфатам твојата машка природа и ќе сторам се за да те подготвам за периодот на машкост.
Ветувам дека ќе бидам искрена
Ветувам дека ќе ги споделувам своите мислења и искуства на искрен начин и дека ќе кажам “не знам”, кога не знам.
Ветувам дека ќе бидам фина со сите кои ги сакаш
Ветувам дека нема да бидам монструм-свекрва која верува дека ниедна девојка не е добра за мојот син. Се надевам дека ќе те израснам со доволно самодоверба и самоконтрола за да ја избереш вистинската личност за себе. И ако си ти среќен – и јас сум среќна.
Ветувам дека безусловно ќе те сакам
Ти секогаш ќе ја имаш мојата љубов без оглед на тоа што ќе направиш, или што ќе станеш. Мојата љубов е безусловна.
Ветувам дека ќе те пуштам
Оваа реченица од поемата на Калил Гибран ме погоди: “Ти можеби ги двориш нивните тела, но не и нивните души”.
Еднаш го делев своето тело со тебе. Твоето срце чукаше во мојата внатрешност, во ист такт со моето срце – што веројатно звучи чудно и необично, но тоа е неверојатно искуство. Процесот на пуштање на детето од мајката е неодгатлив за мене, но ветувам дека ќе го сторам тоа. Ветувам дека ќе те оставам да живееш сам, знаејќи дека те подготвив добро за се' што те чека во животот.
Но не можам да ти ветам дека нема да плачам.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Доктор Ранко Рајовиќ е лекар, невроендокринолог, основач на „Никола Тесла центар (НТЦ) – отсек за млади таленти“ , кој...

Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...

Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до од...
