|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Игри со најмилите за денот на млекото!

Редакција Рингераја, 1.6.2013
Нашите најмили растат со млекото! Ајде да го направиме забавен меѓународниот ден на млекото со возбудливи и едноставни игри!

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Секако дека ќе се прогласи меѓународен ден на млекото кога тоа претставува основен дел од нашето секојдневие!

Без разлика дали го пиеме без ништо, готвиме најразлични рецепти со него, или конзумираме производи направени од млекото, ние просто секој ден не можеме без МЛЕКО!

Во чест на овој весел ден каде што се прославува млекото ние на нашите драги рингерајци ќе им предложиме неколку забавни игри поврзани со млекото! Вашите најмили нема да останат рамнодушни а уште помалку би одбиле забава! А верувајте, без сомнение забавниот вртлог ќе ве повлече и вас! :)

 

Млечен експеримент!

Поедноставно не може да биде. Земете една чинија, истурете во неа малку млеко. Потоа земете од течните бои за готвење, оние кои ги ставаме во колачите и тортите. Капнете од различни бои неколку капки во чинијата а потоа со сјај за миење садови истурете една капка. Останатото си го прави самото соединение. Набљудувајте како боите магично се мешаат и создаваат уметнички дела!

Кликнете ТУКА  за да погледнете и интересен клип со овој магичен експеримент!

 

 

Сврти ја стрелката!

Вистинска забава за појадок! Само исечете круг и стрелка од картон, закачете ги со цевка или шпенагла, а на кружниот картон испишете различни активности. Каде ќе застане стрелката таа активност се извршува.

Еве неколку примери од нас

- ИСПИЈ ГО МЛЕКОТО ОД ЧУДЕН САД

- СТАВИ КАКАО ВО МЛЕКОТО

- ПРЕГРНИ ГО ТОЈ ОД ДЕСНАТА СТРАНА

- СВРТИ ПОВТОРНО

- ПОМОГНИ ДА СЕ РАСКРЕНЕ МАСАТА

- ИЗМЕШАЈ ДВА ВИДА НА КОРНФЛЕКС

Идеите ги  оставаме на вашата фантазија :)

 

 

Украси ја чашата!

Во плитка чинија истурете шарени мрвици. Врвот на чашата намачкајте го со малку мед и превртете го во мрвиците. Откако ќе се налепат сипете го млекото и послужете ги шарените чаши!

 

 

Куќичка од картон!

Откако ќе се испие млекото, разбудете ја креативноста со тоа што ќе изработите куќички од амбалажата.

Еве неколку примери:

 

 

Млеко во боја!

Едноставно додајте малку боја за готвење во млекото и имате млеко во боја. Интересно за пиење :)

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Пневмонија кај малите деца
Пневмонијата е сериозна, но честа респираторна инфекција која може да ги погоди и најмалите, особено децата од 1 до 5 го...
4
Антибиотиците кога помагаат, а кога прават...
Вие или вашето дете има температура, дали ви треба антибиотик? Антибиотиците се едни од најголемите медицински откритија...
4
Права на децата низ илустрации
Децата имаат права затоа што се деца и не треба да ги заслужат своите права. Наша должност е да ги научиме на нивните пр...
4
Вашето дете има вошки? Не паничете!
Вошките од памтивек им задаваат потешкотии на луѓето. Како да откриете дали Вашето дете има вошки, што да направите ак...
4




Анкета

Женско име
nedzma

Н ајубаво женско име според вас?

Клара (25%)

Андреа (32%)

Ана Марија (19%)

Викторија (24%)


Број на сите гласови: 242

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!