Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
- Вошките живеат во коса без скалп.
- Најудобно живеалиште на вошките е во т-зоната на вратот, до темето и преку слепоочниците.
- Единствен извор на храна на вошките е човечката крв.
- На возрасните вошки крвта им е потребна два пати дневно за да можат да се репродуцираат.
- Вошките се мали бескрилни инсекти кои не се во состојба да летаат и да скокаат.
- Возрасните вошки се долги околу 2-3 мм., а бојата им се движи од проѕирна до црна.
- Вошките имаат три пара нозе и вилица прилагодена за лазење и фаќање за влакната од косата.
- Вошките се движат многу брзо во сува коса.
- Невозможно е да ги видите ако не користите чешел за нивно отстранување.
Секој може да се зарази!
Секој може да се зарази од вошки, без оглед на бојата на кожата и косата. Ако имате коса без првут која на вошките може да им обезбеди оброк од крв, претставувате совршен кандидат за пренесување на нивното генетско наследство. Вошките ја заразуваат главата веднаш штом ќе дојдат во контакт со домаќинот. Со овие инсекти најмногу се заразуваат деца на возраст од 3-12 години. Вошките кои живеат во главата на човекот, не живеат во животните. Возрасна женка може да положи околу 8 гниди дневно. После парење таа може да положи и 56 гниди. Гнидите се со големина од 0,3 – 0,8 мм и личат на ситни зрза песок. Женките ги прицврстуваат гнидите на поединечните влакна од косата користејќи леплива течност со помош на која гнидата се лепи за косата. Од гнидите настануваат вошки за 6-8 денови од полагањето. Вошките обично живеат околу 6 недели.
Како да откриете дали детето има вошки?
Многу лесно. Додека ја чешлате косата со чешел наменет за отстранување вошки, наведнете ја главата над бела крпа. Чешлајте ја косата кога е сува. Ако испаднат било какви инсекти, бидете сигурни дека се работи за вошки.
Што да направите ако се заразите?
- Исчешлајте го заразениот, а и секој друг член на семејството .
- Лечете ги истовремено сите кои се заразени.
- Битно е што побрзо да го прекинете животниот циклус на вошките.
- Ако пронајдете многу гниди, значи дека сте подолго време заразени.
- Продолжете да го користите чешелот за вошки од 10-14 денови откако потполно ќе ги отстраните.
- Редовно чешлајте се.
- Стерилизирајте ги чешлите и четките во врела вода или со замрзнување, за да спречите вошките да се пренесат на другите членови од семејството.
- Обидете се да го утврдите изворот на зараза. Известете ги родителите на децата со кои се дружи Вашето дете. Не срамете се. Вошките не се одраз на не-хигиена, напротив, најдобро се развиваат во чиста коса.
- Исперете ја постелнината на 60C. Капите, плишаните мечиња и перничињата ставете ги во машина за сушење на 60C, околу 5 минути, или во замрзнувач во текот на ноќта.
Не е срамота да имате вошки. Срамота е да не направите ништо во врска со тоа!
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Воведувањето на протеините во исхраната на бебето е важен чекор во нег...
Лекциите на животот доаѓаат тивко
Животот нe учи на лекции кога најмалку очекуваме. ...
Како да забремените со ендометриоза?
Дијагнозата на ендометриоза може да биде загрижувачка за многу жени, о...
Верувајте во процесот и вашето бебе ќе дојде
Кога еден пар ќе одлучи дека е време за бебе, очекувањето често е дека...
Секое бебе индивидуално се развива во мајчиниот стомак
Многу родители се изненадуваат кога ќе слушнат дека развојот на секое ...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?