Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Во оваа категорија спаѓаат многу прехрамбени производи за кои до вчера сметавме дека се здрави само заради тоа што имале некоја интересна етикета за квалитет и органско потекло. Виршлите и паризерот се типични примери на процесирана храна.
Освен што се со висока калориска вредност во себе содржат многу масти, соли и конзерванси. Честата консумација на тие производи го зголемува ризикот од дебелеење, дијабетес, рак и сериозно ја зголемува можноста за срцев удар.
Ако сакате да изгубите тежина, ова е дефинитивно производ од кој веднаш треба да се ослободите. Првата работа која ќе ви ја забранат докторите при било каква диета и подготовка за операција. Првата работа која освен што дебелее и сериозно ја пореметува работата на бубрезите и комплетниот систем на варење се газираните пијалоци.
Високите количини на шеќер и останатите додатоци резултираат со зголемен крвен притисок што на крајот на краиштата води во сериозни оштетувања на крвотокот.
Веќе многу години рафтовите во дуќаните се полни со “здрава” храна со 0% масти. Производителите не лажат, нема масти.
Но тие производи со “0%” масти се всушност преполни со транс-масти кои се ужасни за вашето срце и нивото на холестерол. Со тоа, недостатокот на вкус во таа храна се компензира со додавање шеќер и нездрави засладувачи кои го одредуваат вкусот. Тие состојќи не ви требаат!
Иако во LCFH диетите – Low Carb High Fat т.е. диета со низок внес на јаглени хидрати и висок внес на масти, мајонезот го препорачуваат како одличен извор на масти и енергија, мора да знаете дека тоа и не е баш така. Освен во случаевите да јадете мајонез со домашно производство и тоа во многу мали количини, сите останати мајонези не се здрави за вашето тело.
Една лажица мајонез има 90 калории, 10 грама масти и 90 милиграми натриум. Ако без него не можете, користете го многу, многу ретко!
Подготвените оброци се решение за многу луѓе кои немаат доволно време. Со подготовка сте готови за десет минути, оброкот е евтин, хранлив и вкусен. Освен што сето тоа е веќе неколку пати термички преработено, освен што во тој облик стоело шест месеци или подолго, освен што содржи прекумерни количини на натриум и соли, тоа е здраво.
Не. Секогаш избегнувајте замрзнати оброци. Постојат многу комбинации на храна кои можете да ги подготвите во десет минути и кои вашето тело ќе го снабдат со здрави состојки, минерали и протеини. Оваа храна избегнувајте ја ако сакате да ги доживеете вашите педесетти!
Иронично зарем не? Од секогаш сме мислеле дека маргаринот е здрав. Посебно оној со 0% масти. Баш тој треба најмногу да го одбегнувате!
Маргаринот се произведува од хидрогенизирало масло полно со транс масти и корисен е единствено за дијабетес, рак, срцеви болести и слично.
забава Бремените
Автор: bobik
Какви се хороскопските знаци на плажа?
Плажа, песок, море и…12 различни начини на уживање. Хороскопските знац...
Природен рецепт против кандида
Овој напиток има антифунгални, антисептички и алкални својства кои мож...
Што сонуваат бебињата? Тајните на најневините соништа
Во тишината на ноќта, додека светот тоне во длабок сон, малите бебиња ...
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?