Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Најголемиот страв кај децата е оној дека родителите ќе престанат да ги сакаат, доколку бидат непослушни. Дали некогаш сте биле во ситуација да го видите вашето дете како прави нешто погрешно, а сепак негира дека го направило тоа? Очајнички се обидува да го задржи имиџот на добро дете, дете кое заслужува да биде сакано. Затоа едно од главните искуства кое детето треба да го доживее е токму она кога ќе погреши нешто, а вие ќе му простите. Таа ваша постапка ќе му даде до знаење дека родителската љубов не е нестабилна, туку толку силна, што може да го совлада моментот на бес и разочарување.
Вистината е едноставна - дете што е сакано и на кое му е простувано, ќе се формира во личност способна да сака и простува.
Децата треба да се чувствуваат сигурно. За да развие здрав дух, детето треба да го види светот како безбедно место, кое е пријателски настроено кон него. Подоцна, кога вашите деца самостојно ќе зачекорат во реалниот свет, ќе мора да ги предупредите за опасностите кои ги носат лошите луѓе и тоа ќе биде една од најтажните работи која ќе мора да ја направите, одземајќи им дел од невиноста која ги одбележала првите години од нивниот живот. Но додека се мали, треба да им дозволиме да веруваат во добрината на светот. Тој темел добро ќе им послужи кога ќе пораснат.
Како децата можат да научат да бидат добри луѓе?
Нема помоќен пример од родителите кои имаат богат духовен живот и кои го искажуваат своето почитување, љубов и грижа кон другите луѓе. Потрудете се децата да ве видат како давате пари на оние кои просат, стара облека во Црвен крст или на оние на кои им треба, како отстапувате место на стара личност, трудница во автобус, како покажувате љубов кон животните и тие ќе развијат способност да бидат внимателни кон сите живи суштества.
Нека видат како искажувате почит и толеранција кон ментално и физички хендикепираните лица, како и почитување кон луѓето од различна раса, нација, вера, па и тие ќе го научат тоа. Ова е посебни важно, бидејќи децата се несигурни во сопствената способност, подготвени да го потценат секој кој е ранлив и поинаков од нив. Затоа, ако на нашите деца им дадеме душевна храна и нега, која им е неопходна додека се мали, ќе направиме да пораснат во луѓе кои ќе уживаат во секој нов ден.
7
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Храна што е забранета во бременоста и зошто
Бременоста е период кога исхраната има големо влијание врз здравјето н...
Менување пелени, што да користите и што да избегнувате?
Менувањето пелени е една од најчестите и најважни рутини во грижата за...
Природно, со епидурал или царски рез. Што е разликата?
Породувањето е еден од најважните моменти во животот на една жена. ...
За многу жени, менструалниот циклус не носи само грчеви и промени во р...
Најубавото чекање - денот кога ќе станете родител
Постојат многу моменти во животот кои ги чекаме со нетрпение, но ниту ...
Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.