|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Децата мора да седат во скутот на Дедо Мраз?!

Amber Robinson, 10.12.2014
Ние не сме против децата да седат во скутот на Дедо Мраз или да добијат прегратка од него, ние сме против децата да бидат принудени на тоа!
Клучни зборови:

image
/11


 

Посетата на Дедо Мраз за сликање со него е семејна традиција во многу семејства, која се протега низ генерации. Но дали треба да се принудуваат децата да седнат, по секоја цена, во неговиот скут?

Во големите трговски центри, долги редови убаво облечени деца чекаат на ред за да добијат шанса да му кажат на Дедо Мраз што сакаат за Нова Година. Кога конечно ќе стигнат до него, пред нивните очи е странец со голема бела брада, а како награда за чекањето се добива фотографија и лижалче бастун.

Фрустрирачки, навистина.  Но зошто толку родители сакаат да ги сликаат своите деца со Дедо Мраз, особено ако децата чувствуваат страв? Дали тоа е во спротивност на лекциите, на кои ги учиме децата, да бегаат понастрана од странци?

Освен тоа, ги учиме децата, да кажат НЕ ако не се чувствуваат безбедно во нешто. Ова значи дека не треба да седнуваат во ничиј скут, вклучувајќи ги и членовите на семејството, ако не сакаат. Па зошто тогаш да ги присилуваме да седнат во скутот на непознат човек, облечен како Дедо Мраз?

Hetty Johnston од адвокатската група за заштита на децата "Brave hearts", го покрена ова прашање во изјавата испратена до сите трговски центри:

Таа советуваше дека сопствениците на трговските центри треба да ги надградат своите механизми за заштита на децата и укажа на тоа дека децата треба да седнат во скутот на Дедо Мраз, единствено по нивна желба.

Директивата ќе биде децата да стојат покрај Дедо Мраз, освен ако не бараат да седнат во неговиот скут. Трговските центри имаат должност да се грижат за заштита на правата на децата во нивните простории.

Ова не е за да се уништи забавата на децата пред Нова Година, ова е за децата да не примаат контроверзни пораки и за истакнување на нивното право да кажат НЕ и да се чувствуваат безбедно. Ние не сме против децата да седат во скутот на Дедо Мраз или да добијат прегратка од него, ние сме против децата да бидат принудени на тоа.

 

Совети за одлична слика со Дедо Мраз

Вашето семејство можеби пеело за доаѓањето на Дедо Мраз  во градот со недели и вашето дете можеби има подготвен список на желби за Дедо Мраз. Но тоа не е гаранција дека вашиот син или ќерка со насмевка ќе го дочека Дедо Мраз. Ова се неколку предлози за да имате најголеми шанси да направите прекрасна слика со Дедо Мраз.

-          Однесете го детето на сликање во трговскиот центар, кога е помирно. Во почетокот на сезоната е најдобро, или рано наутро во викенд.

-          Не дозволувајте никому да го земе вашето дете и да го стави во скутот на Дедо Мраз. За децата е доволно тешко и ако вие ги ставите во скутот на Дедо Мраз.

-          Земете некои новогодишни реквизити. Можеби токму тие ќе го одвлечат вниманието на детето.

-          Бидете смирени. Не се лутете ако детето не сака да седне во скутот на Дедо Мраз за сликање.

-          Не се разочарувајте. Запомнете дека следната година детето ќе биде постаро и помалку ќе се плаши од Дедо Мраз.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да очекувате од првиот логопедски прег...
Доколку сакате да знете што да очекувате од првиот логопедски преглед, ова е за Вас
4
Таткото е најважна фигура во животот на де...
Од принц на белиот коњ, татко ми стана мое друштво при пиење, пеење и плачење, мој финансиски советник и низ сето тоа, т...
4
Физиотерапија и лекување на ревматоиден ар...
Ревматоидниот артритис е хронично, воспалително,автоимуно заболување, при кое имуниот систем ги напаѓа зглобовите во про...
4
10 детски заповеди кои важат и за родителите
Погледнете кои едноставни правила им помагаат на децата да се снајдат во хаотичниот свет и размислете дали тие се рецепт...
3




Анкета

Kolku?
Jana9

Kolku kilogrami kacivte za vreme na bremenosta?

3 (17%)

5 (0%)

10 (17%)

15 (33%)

20 (0%)

25... (33%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!