|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

И зборовите знаат да болат - втор дел

Редакција Рингераја, 17.3.2011
Детето има исти потреби како возрасните: Да се чувствува сигурно, сакано, почитувано, вредно за љубов, прифатено, способно.

image
/11


 

 

Што значи терминот “Емоционално насилство врз децата?”


И зборовите знаат да болат...

Децата можат да се преправаат дека не ги повредуваат зборовите, но да се запрашаме дали некогаш на децата сме им рекле:

“Глупчо, како не можеш да ја научиш песничката?”

“Секогаш имаме проблеми со тебе”

“Никогаш ништо добро од тебе”

“Подобро ќе беше да не се родеше”

“Ми се гадиш. Замолчи.”

Додека ги изговараме овие зборови не сфаќаме каква штета им правиме на нашите деца. Децата веруваат во она што ќе го кажат возрасните. Себеси се гледаат низ очите на родителите. А она што мислат за себе влијае на тоа какви ќе станат кога ќе пораснат. Ако детето често слуша зборови како “глупава си”,  “неспособна” или “никогаш не правиш ништо како што треба”, детето ќе поверува дека тоа е вистина.

Ако родителите ја казнуваат лутината на детето (“Не биди преплашен како зајак. Само девојчињата плачат”,  “Станувај, не падна толку страшно”),  му влеваат страв “Ќе те тепам додека не престанеш да плачеш” детето станува толку внимателно во изразувањето на сопствените емоции што чувствата не ги изразува спонтано туку прво погледнува во лицата на родителите дали тоа чувство е дозволено и дали смее да го изрази.

Ако родителите не дозволуваат децата слободно да ги изразуваат своите чувства, децата остануваат заробени во своите стравови, тагата, бесот и немаат начин да го ослободат вишокот на енергија која се создава од потиснатите чувства. (“Не плачам кога мама ќе ме натепа бидејќи таа уште повеќе ќе се налути. И онака не ме боли многу. Нема да дозволам никој да ги види моите солзи”)

Ако и родителите ретко се смеат, се веселат и уживаат во животот, нивните деца ќе развијат став дека животот треба да се поднесе, да се издржи, а не да се ужива во него.

Постојат и родители кои се обидуваат да направат се' наместо детето (да го запишат во училиште преку врски, да читаат лектири наместо него, да му ги пишуваат домашните задачи...) што на другите можат да им се чинат за грижливи родители, а всушност со тоа на детето му испраќаат порака дека е безвредно и неспособно да ги изврши своите задачи.

Во некои семејства родителите настојуваат да чувствуваат наместо децата, да го заштитат од неговите емоции и да не обрнуваат внимание на неговите чувства: “Изеди го чоколадото и заборави на тоа”, ”Јас ќе ја викнам твојата другарка на сладолед и ќе и кажам дека не мислеше ништо лошо со тоа”, ”Немој да плачеш! Тогаш и мама е тажна”.

Ако родителите го спасуваат детето од тага, лутина и страв, тоа станува зависно од другите во препознавање и дефинирање на сопствените чувства. Но постојат и деца чии родители воопшто не реагираат на нивните чувства и не им даваат никаква помош. Овие запоставени деца учат да ги сокриваат чувствата на страв, повреденост, тага и отфрленост... Учат дека нивните чувства никому не му се важни, дека не треба никому да веруваат, дека се доволни самите на себе и не си дозволуваат интимност и блиски емоционални врски.

 

Зошто возрасните ги повредуваат децата емоционално?

* Ако родителите се под перманентен стрес и тешко ги поднесуваат секојдневните проблеми (развод, проблеми на работа, алкохолизам...) поголема е веројатноста дека ќе ги повредуваат децата емоционално.

* Некои родители биле повредувани во детството, па научиле така да комуницираат со другите. Тие ги игнорираат, ги навредуваат и понижуваат децата заради сопствените фрустрации, заради сопствените ставови и убедувања за воспитување на децата...на пр. веруваат дека “децата не смеат многу да се фалат ниту да им се посветува многу внимание, за да не се разгалат”

* Некои родители имаат намален капацитет за разбирање на децата и нивните потреби. Понекогаш алкохолизмот, психичките болести, зависноста, одредени пореметувања, инвалидитет, насилство во семејството доведуваат до тоа родителите да не можат да ги задоволат детските емоционални и развојни потреби. Најризични се родителите со недостаток на емпатија.

* Ако родителите чувствуваат дека немаат контрола над сопствениот живот детето станува “жртвено јагне” заради неспособноста и неможноста на родителите да ги решаваат сопствените проблеми.

Најчесто никој не интервенира кога се работи за емоционално насилство во семејството сметајќи дека тоа е приватна работа и дека родителите имаат право да го воспитуваат детето онака како што мислат дека е најдобро.

 

Како се чувствува детето тогаш?

Детето има исти потреби како возрасните: Да се чувствува сигурно, сакано, почитувано, вредно за љубов, прифатено, способно.

Децата можат да ги прифатат повремените емоционални испади на родителите, но ако навредите, понижувањата, отфрлањето, исмејувањето или игнорирањето станат образец на родителското однесување, таквото деструктивно однесување ќе има негативни последици врз детето. Ако во подолг временски период родителите им покажуваат на децата дека се лоши, глупави, безвредни, неважни и ако манипулираат со детските чувства, тие можат да се развијат во проблематични деца. Можат да имаат пречки во развојот и однесувањето, проблеми со учењето и создавањето на пријателства, да се повредуваат себеси и другите, да станат депресивни и несреќни.

Премногу заштитуваните деца можат да се чувствуваат збунето, неспособно, безволно, бескорисно, па и глупаво. Можат да станат незаинтересирани и да не можат да одлучат бидејќи секогаш тоа го правел некој друг наместо нив.

Емоционално злоупотребуваните деца се најчесто многу осамени и тажни без самодоверба и доверба во другите, бидејќи ги издале оние на кои најмногу им верувале и оние кои требале да им дадат љубов и помош. Таквите деца можат да развијат низок степен на самопочитување или дури и омраза кон самите себе, што води кон психосоматски болести, депресија, зависност од дрога и суицидално однесување. Кога ќе пораснат ќе почнат да ги избегнуваат и признаваат своите чувства :”Во ред е, не сум тажен” или ќе ги обвинуваат другите “Мојот маж е крив за тоа” и “Никој не води грижа за мене”

 

Каква е иднината на овие деца?

Некои деца ќе ја надминат болката, тагата и разочарувањето и емоционалното злоупотребување нема да остави тешки последици на нивниот емоционален развој. Ќе ја надокнадат штетата која ја предизвикаа лошите искуства и ќе ја заменат со позитивни искуства во училиштето, со пријателите, на работа или со поширокото семејство. Имено, ако воспостават близок и емоционално топол однос со некоја друга возрасна личност (баба, дедо, тетка...) која ќе им помогне да ја задржат добрата слика за себе, навредите од родителите нема да остават трајни последици врз нив.

Но многу деца нема да ја имаат таа среќа. Емоционалните повреди ќе им оневозможат нормални социјални искуства и не само што ќе бидат повредени туку нема да знаат да побараат помош од другите луѓе, ќе бидат преплашени или премногу внимателни при создавање на нови односи.

Кога ќе станат родители можат да имаат проблеми во односите со своите деца, бидејќи низ своето однесување ги преживуваат моментите од детството. Тешко им е да ги задоволат потребите на своите деца бидејќи и нивните потреби не биле задоволени. Но родителите кои доживеале емоционално насилство во детството не мораат нужно да го повторуваат образецот на емоционално насилство. Со стручна помош може да се прекине тој ланец и може да запре пренесувањето на таквото однесување врз следната генерација.

 

 

Прв дел

 

 

Извор: МаминоСунце

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
5
Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Фото: Најдобрите татковци на сите времиња
Прекрасните татковци можеби се ретки, но навистина постојат! Сакате доказ? Во прилог се 20 фотографии од најдобрите татк...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?