|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

И зборовите знаат да болат...

Редакција Рингераја, 18.9.2012
Зборови кои повредуваат? Зборови кои им помагаат на децата? Ги разбираме ли нашите деца?

image
/11


 

 

Колку се важни емоциите на детето и што значи здрав емоционален развој?

Нормален емоционален развој на детето значи развој на емоционалните способности да ги сака другите, да создава блиски односи, да има добра слика за себе и добро да се согласува со другите во секојдневниот живот. Тоа значи детето да има можност да научи широк дијапазон на чувства и да знае како и кога да ги искористи. Ако емоционалниот развој се одвива нормално децата знаат да ги надминат фрустрациите, да сакаат и прифаќаат љубов, да ги изразува емоциите преку зборови и дела, да ги препознаваат и прифаќаат емоциите на другите и да не се повредуваат себеси и другите.

Во емоционалниот развој односот со родителите е најважен за детето, но може да биде и најпроблематичен. Возрасните кои имаат најблизок однос со детето (најчесто родителите) имаат и најголема моќ да го повредат. Тие воедно имаат и најголема моќ да му помогнат.. Иако таквиот однос во поголемиот број на семејства е во главно позитивен и му помага на емоционалниот развој на детето, во сите семејства се изговараат зборови, без лоши намери, за кои подоцна се жали.

Повеќето родители велат дека сакаат нивните деца да им се доверуваат и да разговараат со нив кога се во криза, кога се вознемирени и кога имаат проблеми. Но знаеме ли да им покажеме на своите деца дека можат да ни се доверат и дека ги разбираме и прифаќаме нивните чувства и постапки? Да се развие искрена комуникација, доверба и блискост со детето е  задача која бара труд и време.

Колку родителите ќе се посветат на детето, често зависи од моментот кога детето ќе им се обрати. Кога и родителите се под стрес, уморни, со премногу обврски, децата не ја добиваат поддршката која им е потребна туку се соочуваат со родителската нестрпливост, нервоза и лутина. Понекогаш може да добијат избрзан одговор или совет со цел да се најде побрзо решение, а притоа родителите не забележуваат како се чувствува детето.

 

Зошто е важно родителите да ги учат децата своите чувства да ги изразуваат на здрав, недеструктивен начин?

Затоа што:

* неизразените чувства се натрупуваат и на крај може да бидат изразени експлозивно (дали сте виделе дете кое имало лош ден и одеднаш експлодирало на најмала навреда?)

* натрупаните чувства можат да бидат изразени низ телесни симптоми како главоболка, тикови, гризење на ноктите.

* натрупаните чувства (посебно лутина) можат да се претворат во деструктивно однесување кон другите и кон себе.

* ако децата имаат можност да ги изразат и проживеат своите чувства и да научат од нив, тогаш на здрав и позитивен начин се соочуваат со животните проблеми.

 

Што подразбираме под натрупани чувства?

Натрупани чувства се чувства кои се под површина, потиснати или забранети, чувства кои не може да се изразат, или родителите го обесхрабруваат нивното изразување (на начин што ги одбиваат, осудуваат, исмеваат, обвинуваат, ги критикуваат, ја намалуваат нивната вредност), или чувства предизвикани од некаква траума која е толку болна што детето не сака да ја памти, па свесно ги потиснува чувствата поврзани со неа. Заради тоа е важно родителите да создадат клима во која детето ќе може сигурно и слободно да ги изразува своите чувства, а да не ги повреди другите. На децата им е потребно активно слушање, дозвола за здраво изразување на лутината и признавање и вреднување на чувствата.

 

За да му помогнеме на детето да ги препознае и изрази своите емоции, на родителите им советуваме:

1.      Изразете ги своите чувства: (“Лут сум”,  “Тажен сум”,  “Среќен сум”,  “Загрижен сум”). Децата нека Ве видат кога се смеете, плачете, кога сте тажни, весели, лути. На тој начин децата учат дека е во ред да се чувствува и да се изразуваат чувствата.

2.      Не одрекувајте дека сте тажни кога очите ќе Ви бидат наполнети со солзи и не велете “Не сум лут”, кога сте многу налутени, бидејќи на тој начин го збунувате детето. Допуштете и Вашето тело да го преживее емоциите кои ги изразувате.

3.      Покажете пред децата позитивни начини на решавање на тешки ситуации (“Можам да го надминам тоа”,  “Јас го можам тоа”,  “Ќе се снајдам”, “Овој пат не успеав, но следниот пат ќе постапам поинаку”) Овие тврдења создаваат чувство за моќ и контрола над сопствениот живот. Преку ова искуство децата учат дека проблемите во животот не треба да се прифаќаат пасивно, туку треба да се соочиме со нив.

4.      Покажете ми на детето (со свој пример) како на конструктивен начин може да се носи со чувствата, посебно со оние негативните, како лутината. Разговарајте и покажете му ги сите начини преку кои може да ја изрази лутината.

На пример, кажете му дека може:

* Да каже “Јас сум лут затоа што...”

* Да зборува со некого, или со играчката

* Да воздивне длабоко неколку пати

* Да удри во перницата

* Да вика под туш

* Да удри со ногата во под и да каже “Јас сум лут!”

* Да напише писмо кое после ќе го искине

* Да го запише тоа во својот дневник

* Да го ишари стариот весник во разни бои


* Да нацрта како се чувствува

* Да истутка лист и да го фрли на празниот дел од ѕидот или во корпа

* Брзо да оди или трча. Со помош на телесна активност ослободуваме голема количина негативна енергија и за многу кратко време се чувствуваме подобро.

На овој начин детето учи дека е одговорно за своето однесување, т.е. својата лутина ја изразува без да ги повреди другите или да уништи некој предмет. Секако, постојат и  многу други начини кои ќе ги откриете заедно со детето.

5.      Прифатете ги чувствата на Вашите деца како вистински без да ги осудувате и без да им нудите брзи решенија. (Подобро е да кажете “Мислам дека си тажна бидејќи си се скарала со другарката”, отколку “Немој да бидеш тажна што си се скарала со другарката, ќе си најдеш друга”). На тој начин децата учат дека нивните чувства се важни и дека можат да се потпрат на поддршката од родителите.

6.      Покажете му на детето дека сте доволно силни за да го разберете неговиот проблем (не треба да Ви се случи да се вознемирите кога детето ќе Ви раскаже каков проблем има) и дека сте способни да преземете одговорност во ситуации за кои детето е сеуште мало.

 

Постојат уште многу начини со кои родителите можат да го охрабрат детето да ги препознае и изрази чувствата

* Внимателно слушајте го детето кога Ви кажува како се чувствува и не го прекинувајте. Охрабрете го со кратки коментари како “Раскажи ми уште” или “Што се случува?”

* Ако не можете да му посветите внимание во моментот кога детето бара, кажете му кога ќе можете. Не се обидувајте во ист момент да го слушате детето и да правите нешто друго, подобро одложете, но подоцна посветете му се.

* Концентрирајте се на детето и гледајте го во очи. Воздржете се од тоа да зборувате за себе, за своите чувства и искуство во време кога детето сака да го слушате него.

* Запомнете дека чувствата не смеат да се поистоветат со однесувањето. Постои разлика меѓу тоа детето да сака да повреди некого кога е луто и вистински да повреди. (“Можеби сакаш да ја удриш сестра ти затоа што ти ја скрши играчката, но не е во ред да го направиш тоа”)

* Дајте му можност да ги доживее чувствата и не се обидувајте веднаш да му го поправите расположението (на пр. “Ајде, ајде не е толку страшно, ќе помине”) Ако веднаш го разведрите тоа ќе Ви помогне Вам, но не и него..

* Избегнувајте брзи реакции како осудување, шок, или разочарување, преку зборови, поглед или говор на телото. Немојте да му велите дека е погрешно тоа што го чувствува. Дајте му дозвола да ги развива сопствените чувства “Навистина може да боли кога некој ќе ти рече така”.

*Внимавајте да не ги преминете сопствените граници, обидувајќи се да не го вознемирите детето. Детето може да се лути, но Вие морате да бидете свесни за своите чувства. На пр:”Можеш да ми се лутиш заради тоа што те терам да се бањаш, но сеедно, мораш да го направиш тоа”, или ”Секако дека си лута затоа што не можеш да го користиш телефонот, но сакам да ја завршиш домашната, па потоа ќе телефонираш”  или ”Навистина ми смета што слушаш гласна музика, сакам да се одморам” или ”Сега сакам да читам книга, а во 7 часот ќе те однесам во кино”

Сепак, на некои родители им е многу тешко да комуницираат да овој начин со децата, а има и родители кои односот со своите деца го опишуваат како проблематичен.

Некои деца се чувствуваат несфатени и повредени во своето семејство. Во последно време почна да се разговара за “емоционална злоупотреба” на децата, но често не е сосема јасно што се подразбира под ова.

 

Продолжува...

 

 

Извор: МаминоСунце

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Склопување нови пријателства
Погледнете го разговорот со психологот Розета Павлова и искуството на мајката Ивана Кочева и нејзиниот син Михајло на те...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?