Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Значи, вашето дете е темпераментно. Па, имаме новости за вас – вие сте среќен родител.
Вистина е дека темпераментните деца можат да бидат вистински предизвик за младите и неискусни родители, но ако тие добро се информираат и влозат труд и време во одгледувањето на темпераментно дете, можеме да ви ветиме дека тоа ќе израсне во сјаен и бистар тинејџер.
Со внатрешната мотивација и големата движечка сила, ваквите деца кога нешто ќе наумат – тоа и ќе го остварат. Ако родителите ја совладеат сопствената потреба и притисокот на околината за да ги запрат, темпераментните деца често стануваат лидери во различни области – во друштвото, во спортот, во кариерата.
Што е всушност темпераментно дете? На некои родители на кои им е тешко да се борат со вакво дете, ќе ви кажат дека тоа е тврдоглаво и тешко. Но јакиот карактер може да се гледа и од друг аспект – тие ќе израснат во луѓе со интегритет, на кои не е лесно да им се наметне мислење.
Темпераментните деца сакаат сами да ги искусат работите во животот, а не сакаат на тацна да прифатат она што им е сервирано. Очајнички сакаат да бидат господари на својата судбина, а понекогаш својата желба да бидат во право ќе ја постават како приоритет. Темпераментните деца имаат силни чувства и исто така силно ги покажуваат, живеејќи со полни гради.
Со малите немирковци морате да постапувате внимателно
Многу често темпераментните деца се склони на жолчни расправии со родителите. Сепак, имајте на ум дека за кавга се потребни двајца. Не морате да реагирате со викање секогаш кога детето ќе ве испровоцира. Ако сте во состојба длабоко да вдишете и да се потсетите себеси дека е можно и најмалата расправија да се претвори во тешка кавга, а повторно да не го постигнете она што го сакате, ќе се научите како да ги избегнете овие ситуации.
Со изнаоѓање на решение од кое детето ќе биде задоволно, наместо еднострано поставување правила кои дури не сакате да му ги објасните на детето, ќе постигнете две битни работи – вашето дете нема да биде експлозивно, бидејќи нема да има потреба од тоа и второ – ќе го научите на основните вештини на преговарање и постигнување на компромис.
Темпераментните деца не се само тешки. Тие чувствуваат дека нивниот интегритет е загрозен тогаш кога мораат без поговор и без јасно објаснување да се поклонуваат на нечија волја. Но ако им дадете некаков избор, алтернатива, чувство дека и тие се прашуваат, ќе соработуваат со задоволство. Ако ваквите совети ви сметаат, бидејќи послушноста на детето и неговата дисциплина ги сметате за најважни, размислете уште еднаш.
Ова се деца со став
Значи, секако дека вие ќе сакате вашето дете да прави тоа што вие го советувате. Но, не затоа што е послушно и што секогаш треба да ги слуша возрасните. Не, вие би требало да сакате вашето дете да ве послуша, затоа што ви верува. Затоа што научило и секогап има на ум дека и ако не можете да ги задоволите неговите желби, тоа е затоа што му посакувате само најдобро.
Да заклучиме – темпераментните деца знаат да бидат енергични, истрајни, упорни и тешки. Но ако ги воспитувате на правилен начин, тие стануваат далеку поспособни и поуспешни битија, деца со кои може да се гордеете.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога чудата бараат мала помош, патот до забременување
Чудата некогаш бараат малку помош, особено кога станува збор за забрем...
Практични совети за полесни денови со новороденче
Доаѓањето на новороденче во домот носи огромна радост, но и многу нови...
Основни чекори во секојдневната хигиена на бебето
Секојдневната хигиена е важен дел од грижата за новороденчето и малото...
Сe што треба да знаете за правилно менување пелени
Менувањето пелени е една од најчестите, но и најважните рутини во гриж...
Исхрана за повеќе млеко, рецепти за доилки
Создавањето на мајчино млеко зависи од повеќе фактори како честотата н...
Дете.
пеперутка16
Дали некогаш ви се случило возрасен, близок или не, да го удри вашето дете во ваше присуство и како реагиравте?