|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дали на децата треба да им велиме “Браво!”?

Редакција Рингераја, 12.7.2012
Било да се најдеме на детско игралиште, да посетиме детска градинка или училиште, или да појдеме на роденденска забава, секогаш можеме да бидеме сигурни дека ќе слушнеме фраза која константно се повторува “Браво, одлично го направи тоа!”

image
/11


 

Еве зошто не е баш најдобро да се користи зборот “Браво!”

Уште додека се бебиња децата добиваат аплауз кога ќе почнат да ги совладуваат првите механички работи, како составување на рацете. Нашите реакции на успесите на децата ни станале вербален тик – веднаш и на се' несвесно велиме “Браво!”. Претераното фалење на детето може да има и негативни последици. Еве зошто:

 

1.       Манипулација на децата

Да претпоставиме дека ќе го пофалите Вашето двегодишно дете кое ќе се најаде без да растури, или Вашето петгодишно дете откако ќе си го прибере приборот за цртање. Кој има корист од тоа? Дали е можно пофалбите кои им ги даваме на децата да немаат врска со нивната емоционална потреба, туку со нашата самоувереност? Слично како со материјалните награди и казни, се работи за поттикнување на однесување кај децата кое е во склад со нашите желби. Ваквото однесување може да даде резултати (барем на одредено време), но треба да бидеме свесни дека во тој случај изостанува работа со децата. Пристапот кој ги фаворизира пофалбите може да функционира на кратко бидејќи на децата им е потребно нашето одобрување. Но на нас останува одговорноста да не ја злоупотребиме детската зависност заради нашата краткотрајна сатисфакција. Изговарајќи “Браво!” правиме самите да се почувствуваме самоуверено, додека истовремено ја користиме зависноста на децата од нас самите.

 

2.       Правиме зависници од пофалби

Секоја награда не е внимателно пресметана тактика со која го контролираме однесувањето на детето. Понекогаш ќе го пофалиме детето само затоа што чувствуваме лично задоволство. Што повеќе изговараме: “Ми се допаѓа тоа што го правиш”, “Браво!”, децата се повеќе се потпираат на нашиот суд и нашите одлуки за тоа што е добро, а што лошо, наместо да креираат сопствено мислење. Сопствената вредност ја мерат врз основа на она што кај нас предизвикува насмевка или одобрување.

Истражувањата покажуваат дека учениците кои биле изложени на пофалби од страна на наставниците имаат тенденција на прашање да одговорат со прашање. На пример: колку е 12 – 5, со “хммм...7?”.

За жал, таквите деца стануваат возрасни личности на кои и понатаму им е потребен некој да ги потапка по рамо и да им потврди дека тоа што го прават е исправно. Тоа секако не сакаме да им се случи на нашите деца.

 

3.       Кражба на детското задоволство

Неврзано за прашањето на зависност, детето заслужува самостојно да ужива во сопствените достигнувања и да чувствува гордост за направеното. Секој пат кога ќе изговориме “Браво!”, му диктираме на детето како да се однесува. Некогаш нашата проценка е исправна, но постојаното вреднување не е неопходно ниту корисно за развојот на детето. Можеби се уште не сме сфатиле, но “Браво!”, има иста јачина како и “Тоа што го направи не вреди за ништо!”. Кај позитивната оцена е важно таа да означува нешто навистина позитивно. Секој родител би сакал да чуе детето да викне “Успеав!” наместо да праша “Дали тоа го направив добро?”.

 

4.       Губење на интересот

Со зборовите “Добра слика!” можеме да го задржиме интересот на детето за цртање, се додека го следиме детето и му даваме пофалби. Но кога еднаш вниманието на детето ќе биде преокупирано со нешто друго, повеќето деца не се враќаат на претходната активност. Истражувањата покажуваат дека што повеќе ја фалиме работата на детето, тоа повеќе го губи интересот. Цртањето, читањето, размислувањето престанува да биде цел – целта е да се биде награден, независно дали со сладолед или едно “Браво!”.

 

5.       Редуцирање на успехот

Не само што едно “Браво!” може да ја загрози независноста, задоволството и интересот туку може да влијае и на квалитетно завршената работа. Децата кои пречесто добиваат пофалби имаат тенденција да стагнираат и за следната задача не се трудат како децата кои не добивале толку силни пофалби. Воопштено  фразата “Браво одлична работа!” е остаток од еден психолошки пристап кој го сведува човековиот живот на однесување кое може да биде мерливо. За жал, со тоа се игнорираат мислите, чувствата и вистинските вредности.

На децата им е потребна поддршка и љубов и секако пофалби кои мотивираат. Сепак, што и да одлучиме битно е да содржи вистинска слика за она што детето е, а не за она што прави, или што ние сакаме да биде.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зајакнете го имунитетот на Вашето дете
Време е на настинки и вирози, па важно е да се подготвите и да го зајакнете имунитетот на Вашето дете
4
Не сакам на лекар!
Многу мали деца се преплашени кога ќе се спомене посета на лекар. Во прилог се неколку начини со кои ќе им помогнете да ...
3
Ќотекот е многу опасна воспитна мерка
Физичкото казнување деца е лоша мерка и не влијае позитивно ниту на нивното воспитување. Психолозите предупредуваат дека...
3
Зошто децата манипулираат со родителите?
Ако детето е разгалено, а родителот попустлив, тогаш родителот прво мора да ја измени својата внатрешна логика и да ја у...
3




Анкета

чајот за бебиња од Бекутан
manduvce

знае ли некој колку пати на ден може да се дава од чајот Бекутан за грчеви

Јас му давам два пати дневно (77%)

насабалје и навецер по 50 мл (23%)


Број на сите гласови: 35

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!