Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Eдна царска ќерка боледувала од некоја мисла што имала. Сите царски еќими ја фатиле да ја лекуваат и никој лек не беше нашол. Од ден на ден сe полошо се чинела и на лице гинела.
Чул еден стар еќим, што бил заборавен од светот поради староста што ја имал, никој не беше го викал.
- Ја чекај - рекол сам со себе - да појдам кај царската ќерка, да ја видам што болест има и да ја оздравам.
Пошол и се претставил пред царската ќерка. Откога ја испрашал заради болеста од секаде што е и што ја боли, го нашол лекот.
- Мнозина еќими - и рекол стариот еќим - те лекувале и билки ти давале и пак не те оздравеле, ќерко. Јас без билки ќе те оздравам, да ме паметиш и да велиш Бог да го прости стариот еќим што ме оздраве без билка.
- Оф, бре дедо - му рекла нажалено царската ќерка - ако можиш да ме оздравиш, јас ќе му речам на татка тебе да те стави прв еќим на престолнината и голем бакшиш ќе ти дадам.
Откако чул еќимот тие зборови, отишол при куменџијата и направил еден позлатен прстен со плочка одозгора. На плочката беше пишал вака: „Се што било - поминало, и се што ќе биди - ќе помини“. И го донесол еќимо прстенот и и го ставил на прстот.
- Еве ти го лекот, царска девојко - и рекол еќимот - секој саат и секој ден, кога ќе ти дојди лошата мисла што ти го мачи срцето, ќе го пееш напишаното и ќе го поразмислиш тоа што ќе го пееш. Така ако го пееш и размислиш, до четириесет дни ќе оздравиш, бездруго те уверувам и со глава моја ти гарантирам: ако не оздравиш, да ми ја пресечите.
За вистина, царската ќерка беше оздравела, побргу од четириесетте дни, од болеста што ја имала во мислата. Таа оздравела и еќимот на голема чес беа го ставиле.
Адаптирал: Синадиноска Барбара
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Топол дом без големи сметки: најдобрите трикови
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест ...
Кратки, но ефективни домашни тренинзи за почетници
Не мора да одите во теретана за да бидете активни и здрави. Со само 15...
Како да се подготвите психички за породување?
Психичката подготовка за породување е исто толку важна како и физичкат...
Разводот не е неуспех, туку крај на едно поглавје
Во општество што сe уште го гледа бракот како на нешто што „мора да тр...
Нормален крвен притисок. Кога е висок, а кога низок?
Крвниот притисок е еден од најважните показатели за здравјето на срцет...