|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Инхалација или сируп?

Редакција Рингераја, 25.3.2014
Дилема на секој родител кога детето има воспаление на дишните патишта: дали е поефикасно детето да се инхалира или доволно е да пие сируп?

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Што е опструктивен бронхитис?

Бронхоопструкција значи стеснување на дишните патишта, низ кои отежнато поминува воздухот, па детето кашла и отежнато дише. Причинител може да биде вирусна инфекција, или алергиска реакција.  Секретот кој се јавува како последица на оваа болест, дополнително ја намалува проодносна на дишните патишта.

 

Како делува лекот Salbutamol (Ventolin)?

Salbutamolot е претставник на групата лекови кои ги шират дишните патишта, па затоа се нарекува бронходилататор. Тие делуваат на кружниот мускул во бронхиолите, го ослободуваат и така овозможуваат проток на воздух низ дишните патишта. Затоа на вашето дете му е веднаш по инхалацијата подобро. Во помала мера лекот ја намалува и количината на секрет во дишните патишта.

 

Кој е најефикасен начин на примена на лекот?

Убедливо најдобар и најефикасен начин на примена на лекоте инхалаторна терапија.  На тој начин лекот директно се уфрла во дишните патишта, па ефектот настапува многу брзо. Ако споредиме со лекот во форма на сируп, потребна е далеку помала доза  на Salbutamol  за инхалација. Сирупот преку цревата се носи во црниот дроб, каде што се разградува дел од активната супстанца, па она што ќе остане во крвта ќе стигне во белите дробови. Затоа е потребно детето да се напие повеќе лек, отколку што е потребно за инхалација.

 

Начинот на примена на лекот зависи од тежината на опструкцијата. Кај полесните форми сирупот е прифатлива и едноставна терапија која успешно го решава проблемот. Кај децата со средно тешки и тешки опструкции, инхалацијата е задолжителна. Еден од главните клинички показатели за тежината на бронхоопструкцијата е првичната реакција на  Salbutamol  - ако на детето му се подобри состојбата  по инхалацијата, значи дека се работи за полесна форма на заболувањето. Затоа не треба да се сомневате во изборот на терапја која ја одредил вашиот педијатар.

Секако, ваша обврска е да ја следите состојбата на детето, бидејќи постои шанса и покрај терапијата болеста да се влоши. Тогаш повторно треба да се јавите кај педијатарот кој ќе процени каква а состојбата на детето и ќе ординира адекватна терапија. Секоја следна инфекција која е попратена со кашлица, треба да се провери кај педијатарот, за да се исклучи повторување на бронхоопструкцијата.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нова епизода на „Кој кого расте“: Талентир...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија во недела на 05.05.2013 во 10.20...
5
Рацете подалеку од моето бебе!
Колку пати ви се случило постара госпоѓа на улица да го штипне, погали или бакне вашето дете? Една мајка блогерка покрен...
4
И Вашето дете има измисленo пријателче?!
Појавата на имагинарното пријателче во животот на детето е всушност корисна, па родителите би требало да се опуштат и д...
3
Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
3




Анкета

Kde?
Jana9

Kade poveke preferirate da odite na odmor?

Planina (20%)

More (80%)

Banji (0%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!