vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили, т.е. мали сипадници на територија на градот Скопје поради 12 нови случаи на заболени. Министерот Венко Филипче информира дека шест од новите случаи се потврдени со соодветни анализи, а за останатите 6 анализите се очекуваат утре.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека е донесена привремена мерка – забрана за носење во градинка на деца кои не примиле МРП вакцина (за морбили, рубеола и паротитис).
-Меѓу новите случаи повеќето се деца, но има и возрасни, а сите нови случаи се невакцинирани лица со МРП вакцината. Прогласена е епидемија на мали сипаници во Скопје и принудени сме од утре да донесеме привремена мерка – забрана за носење на деца кои не се вакцинирани во градинките – рече Филипче.
Тој рече дека здравствените власти ја држат ситуацијата со малите сипаници под контрола и дека се прават увиди на сите пунктови за вакцинирање.
-Од 15.000 невакцинирани деца под 14 годишна возраст со повиците за вакцинирање, само 310 се вакцинираа што е исклучително мала бројка – рече Филипче.
Министерот за здравство потенцира дека во Србија и Романија има епидемија на морбили и рече дека станува збор за исклучително опасна и смртоносна болест. Додаде дека во Србија починале 30 лица, а во Романија – 50.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Која пумпа за млеко е најсоодветна за вашите потреби?
Рачна или електрична? Еднострана или двојна? Мала и дискретна или помо...
Колку долго да шетате со вашето бебе?
Свежиот воздух и промената на средината можат да бидат убав дел од сек...
Зошто секое бебе се развива со свое темпо?
Едно бебе ќе почне да седи порано, друго ќе прозбори порано, а трето м...
Хуманиот папилома вирус е многу честа инфекција, која најчесто поминув...
Дали може да забремените ако имате ХПВ?
Позитивниот ХПВ тест не значи дека треба да се откажете од плановите з...