|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детето има испакнати уши. Како да се исправат?

Редакција Рингераја, 31.1.2017
Испакнатите уши се извор на непријатност не само кај децата, но и кај возрасните. Ако бидат преземени мерки навреме, проблемот може да биде решен и без да се прибегнува кон операција. Еве се што треба да знаете за испакнатите уши:
Клучни зборови:

image
/11


 

Испакнатите уши се аномалија, која особено кај децата, може да доведе до ниска самодоверба и многу други психолошки проблеми. Надворешните уши се првиот орган на телото, кој ја достигнува својата целосна големина уште во детството. Затоа, во раните години од животот на детето, тие се особено забележливи.

  
Така се претвораат во сериозен извор на непријатност, кој ги следи  децата и во зрелоста. Овој проблем во повеќето случаи се манифестира кога на рскавицата се појавува дефект за време на интраутериниот развој на бебето. Тогаш рскавицата на ушната школка има тенденција да остане поцврста, и создава поголем простор меѓу вратот и увото.

Ова е заеднички проблем, кој обично влијае и двете уши, поретко само на едното. Во вкупниот случај хируршката интервенција е најпосакувана опција, особено кај возрасните, кога увото веќе се развило и не може да му се влијае на друг начин.

 Во присуство на таков проблем најголема веројатност за безоперативно исправање има кога се преземаат мерки пред детето да наполни 6 месеци.

Затоа е важно оваа состојба да се забележи уште во најрана возраст, за да се преземат неопходните мерки.
Кои се причините за испакнатите уши?


Постојат две главни причини за појавата на испакнатите уши. Едната од нив е пренос на наследство. Тоа значи детето, родено со испакнати уши, има свој близок роднина со истиот проблем. Во овие случаи тешко може да се влијае врз состојбата на детето без хируршка интервенција. Понекогаш може да биде и дефект во развојот, додека плодот е уште во утробата..

Средства за справување со проблемот

Додека детето е уште мало и се развива има одредени средства кои можат делумно да го решат проблемот. Се разбира, тие се ефикасни во различен степен, според конкретниот случај.

    Бидејќи рскавицата на увото е мека за време на првите шест месеци од животот на бебето, лесната испакнатина често се изострува кога увото се витка постојано. Затоа при доење, мајките треба да внимаваат на позицијата на главата на нивното дете за да се избегне евентуално свиткување.

    Еден од најпопуларните методи за лекување е поставувањето на поцврста лента врз главата на бебето. Таа треба да е доволно широка за да ги покрие цврсто ушите и да ги држи цврсто назад, па со текот на времето, да не биде можно свиткување на рскавицата, додека таа се развива. За да има видливи резултати, носењето на таков тип ленти, треба да почне уште при првите сомнежи и да продолжи барем додека не наполни 1 година.
    Други ефикасни средства се комерцијално достапните лепенки и шини за корекција, чија цел е повторно рскавицата на увото да биде прилепена  максимално блиску до тилот. Тие се безболни и не пречат на секојдневниот живот на детето. Важно е сепак, родителите да дејствуваат трпеливо, бидејќи за корекција на овој проблем е потребно време. Ако сепак се преземаат мерки навреме и се вршат секојдневно, има голема веројатност за целосно отстранување на овој проблем.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Сигурност на бебињата во автомобил
Кога станува збор за патување со бебе, нема место за импровизации. Сигурноста мора да биде на највисоко ниво, без разлик...
3
Како да му помогнеш на твоето дете да веру...
Да му помогнеш на детето да верува во себе е една од најважните улоги што ги имаш како родител. Самодовербата не се град...
2
Тивка закана: телевизорот и детската тежина
Истражувањата сe почесто покажуваат дека присуството на телевизор во детската соба е поврзано со зголемен ризик од дебел...
2




Анкета

Кое име најмногу ви се допаѓа?
debelka08

debelka08

Клара (19%)

Теа (21%)

Софи (27%)

Ива (33%)


Број на сите гласови: 195

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!