Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Когнитивен развој
Детето на околу две годишна возраст почнува да создава имагинарни игри и да комбинира активности за разлика од претходно, кога само се префрлувало од една на друга играчка или игра. Ова се знаци дека мозочето на детето почнува да создава врски за разбирање на односите меѓу различните предмети.
Говор и јазик
Иако е познато дека секое дете се развива индивидуално со свој карактеристичен развој, фондот на зборови кај едно две годишно дете изнесува околу 50. Некаде кон крајот на втората година тие создаваат реченици и од три зборови
Додека децата се развиваат со различна стапка, повеќето мали деца со својот втор роденден совладуваат најмалку 50 изговорени зборови.
Игра
Ова е исто така време кога вашето дете ќе започне да истражува и ќе се обидува да дознае како работите функционираат за време на играњето. Важно е да понудите што е можно повеќе можности за истражување.
Поради ова, вашето дете веројатно ќе ужива во тоа да ја прави истата работа одново и одново. Повторувањето на истото однесување му помага на вашето дете да учи нови вештини.
Клучни пресвртници
Дечињата на 2 годишна возраст почнуваат да следат едноставни команди со два чекори како што се, „Те молам, земи ја топката и дај ми ја“
Комбинираат зборови за да создадат едноставни реченици.
Совет за родителите
Иако можеби Ви се чини дека цртаните филмови и римуваните песнички на странски јазик можат многу да го научат Вашето дете, се препорачува да се ограничи пристапот до технологијата на половина час дневно. Понудете му го на детето она кое навистина може да го научи нови работи, нови зборови на мајчиниот јасик, нови вештини кои ќе ги примени во секојдневниот живот и сл.
Посветете му внимание на детето, читајте заедно, играјте си, овозможете му природна стимулирачка средина, каде тоа ќе биде главен лик, каде ќе истражува, ќе открива нови нешта и ќе учи нови вештини, важни за неговиот развој.
Осигурете му на детето доволно време за мирен и доволен сон, соодветен за неговата возраст.
Кога е време да се грижите?
Секое дете се развива индивудуално, но постојат некои граници и нешта кои може да ни укажат на тоа дека детето има потенцијални потешкотии во развојот.
Разговарајте со педијатарот или друг специјалист доколку забележите дека:
Детето не се движи стабилно
Не имитира движења и зборови
Говорот отсуствува
Има потешкотии во разбирањето на говорот
Имало вештини кои со тек на времето се изгубени
Не ги употребува соодветно предметите од секојдневието
Дури и на крајот на 2-рата година од животот нема фразален говор : “ мама дај ”
Се сомневате во неговиот слух
Детето нема интерес за играње и постојано се префрлува од една на друга играчка
Совет
Стимулирајте ги децата од нивното раѓање. Чиајте му едноставни книги, опишувајте слики, опишувајте ги секојдневните активности кои ги правите заедно или во негова близина, не го преоптоварувајте со развојни игри, овозможете му слободна игра каде самото ќе биде истражувач, а Вие само ќе му помагате и стимулирате.
Доколку забележите било какво отстапување во развојот кое кај Вас предизвикува безброј прашања, не чекајте детето на порасне и да почне да развива вештини само по себе. Не губете драгоцено време, советувајте се со педијатарот, логопед или дефектолог.
Раната детекција и раната интервенција се многу значајни и даваат одлични резултати.
Автор:
Follow on Facebook Логопедски кабинет Среќичка
Follow on Instagram Logoped @srekjichkaofficial
забава Бремените
Автор: bobik
Иако звучи целосно неверојатно, но човечкото тело може да биде алергич...
Од првата кашичка до денешниот апетит
Нашиот однос кон храната не се формира случајно. Tој е длабоко поврзан...
Сите го правиме. Понекогаш неволно, понекогаш заразно, а понекогаш дур...
Да станеш мајка е едно од најдлабоките и најмоќните искуства што може ...
Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: