|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Разговор со блогерката Сања craziness_called_parenthood

Марина Кљајиќ Петковски, 20.1.2021
Сања Стојанова, 30 годишна – иновативна мајка која стои позади профилот CRAZINESS_CALLED_PARENTHOOD на инстаграм! За себе оваа мајка на две супер активни дечиња вели дека е во постојана борба со хаосот

image
/11


Пред да стане блог, профилот постоеше како личен. 

Но откако се запознав со неколку мајки на инста кои ми беа првичната инспирација и поттик мене лично, така се роди идејата да биде блог отворен за сите, кој со причина го носи називот “Craziness_called_parenthood” - затоа што целото родителство само по себе ви ги носи низата на луди настани, моменти, како да сте постојано качени на луда железница!
Многу ми е драго што и во нас некој гледа инспирација, затоа што денес постои буквално се на само еден клик од нас. Пинтерест и Гугл нудат можности за забава и учење, само отворете и изберете си една од многуте активности.
Мое мислење е дека не е фер да се прават пари на грбот на мајки кои се добро запознаени со овие портали, а секоја од нив напорно работи за развојот на своето дете.
Сепак премногу е очигледно перењето пари на инста и што е најболно веќе почна да се продава буквално се!
Да не ме сфатите погрешно, јас ги поддржувам малите бизниси, самата сум дел од тоа, поседувам таков. Но тргнувајќи од себе знам дека кога во светот се е достапно за секој од нас, не може да замижеме пред фактот дека кој стигне ни наплаќа за активности кои секој треба да ги има баш гратис!
Моето мото е “ Онаа рака што дава – не се суши ” или нашата најскора акција “SHARING IS CARING ” која што веќе повеќето од вас ја знаат.
Кога правиме активности со децата за кои треба повеќе слободно време на располагање , а многу од мајките го немаат овој луксуз... Веднаш гледам да ја споделам со секој кој ќе изрази желба за тоа.
Тоа и беше првичната цел на “Sharing is caring” !
Да излеземе очи во очи со луѓето околу нас, споделувајќи ги активностите и подарувајќи ги на дечињата кои со толку многу љубопитност едвај чекаа да ги однесат дома! Нашето малку, некому беше многу тој ден! Со другарка ми се договоривме тоа да ни остане традиција затоа што и нам ни беа срцата полни, па така очекувајте не пак со некој таков настан.
Не е лесно кога си мајка, но станува полесно кога реалноста ќе те направи мултитаскинг и знаеш дека не си единствената која минала низ ова!
Андреј е скоро пет години, Ѓорѓи сега наполни една. Разликата во годините помеѓу нив иако е само четири е многу очигледна и бара многу трпение. Моментално сме во фаза кога Андреј е самостоен и сака малку приватност, а Ѓорѓи е неверојатно љубопитен и се вртка само околу него затоа што му е интересно.
Значи има и викање, кавги, несогласување, но најбитно од се ми беше да го научам Андреј кој е прилично сентиментален да диши... да не става се при срце, да научи да дели со братчето кое беше новост и во неговото секојдневие.
Од таа фаза па наваму некако стана поедноставно да се спроведат сите задачи и да воведеме рутина во денот. Времето на преспивање на помалото е заедничко време поминато со поголемиот. Активностите им ги спремам навечер откако ќе се стиши се, па така во текот на утрото моето прво кафе, после појадокот, е во мир додека двајцата се ангажирани.
За мене е резервирана ноќта!
Тогаш спремам родендени, настани, активности.
Кога ќе се присетам себе колку слободно време имам откако сум дома со ситуацијата на Ковид, ме фаќа паника и си додавам задачи плус на листа за да помине денот незабележливо!
Мојот бизнис, моето првенче, овој декември направи три години, но за жал не ги прославивме затоа што најдобра опција да продолжиме со работа, беше да затвориме привремено... Од март со нови сили наново ! Некогаш одлуките се тешки, но приморани за жал ...
Животот со пандемијата се промени и кај нас. Останавме дома со скратен буџет, но така беше во цел свет па нормално и кај нас, немаше простор за вракање назад...Ние луѓето се прилагодуваме на се, тоа ни е една од подобрите карактеристики. 
Верувам дека пречките постојат за да бидат надминати, а грешките да учиме од нив.
Секое семејство е борба за себе и ниту една мајка не е помалку мајка од другите!
Секоја од нас е мултитаскинг и низ овој дел од животот, мајчинството, мине со смеа,љубов, подеми, падови но и еден тон солзи. Не било лесно ниту за нашите мајки,нема да е ниту за нас денес... Но со сите услови кои ни ги нуди животот барем е полесно отколку во минатото.
И ништо на светот не го враќа овој период назад, уживајте во мајчинството и во секој миг поминат со вашите деца, затоа што времето лета а тие растат уште побрзо!
Денот е голем, а ноќта долга !
Има простор да се балансира и за се само имајте самодоверба! Мајка, сопруга, тетка, бизнисменка, другарка вие бирате по кој редослед да оди. 
Јас кога запирам,кога доаѓа момент на слабост, балансира мојот сопруг. Тој е единствената личност на која можам да се потпрам во животот,единствениот кој ме остава да згрешам без потоа да следи циничен израз на лице и едно дволично “Ти реков” – туку добивам едно долго гушкање и “Ќе помине”!
Поради овој човек верувам во изреката дека домот не го прави куќата во која живееш, туку луѓето во неа. Една таква потпора во животот е потребна и силни сте за навек.
За крај ви благодарам за секој Like, Follow, Comment, за прекрасната поддршка што ни ја давате, на нашиот блог секогаш ќе наоѓате причина за насмевка, искрени совети и нашето секојдневие.
Ние не сме совршени, ниту се трудиме да сме!
Ние наутро земаме здив длабоко и го даваме најдоброто од себе да помине денот во позитива, некогаш тага, некогаш среќа и секогаш поинакви со своите идеали за животот...

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Совршена лазања торта
Лазања тортата е нешто што ќе го обожавате оваа зима!
5
Агресивност кај децата од предшколска и шк...
Како да реагирате доколку вашето дете се однесува агресивно, прочитајте во овој текст на Мр. Логопед Светлана Трнинкова
4
Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
4
Дискалкулија кај децата: Како да им помогн...
Развојна дискалкулија е состојба која се среќава кај деца со нормална интелигенција, а сепак имаат потешкотии во совладу...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?