|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Планови и програми во детските градинки

Министерство за труд и социјална политика, 16.3.2011
Плановите и програмите за дејноста згрижување и воспитание на деца содржат особено: назив на програмата, вид и траење, основни задачи, активности и форми на соработка со родителите.

image
/11


 

 

Плановите и програмите за воспитно-образовната дејност на јавна детска градинка ги изготвува Бирото за развој на образованието, научна или специјализирана стручна установа, ги донесува министерот за труд и социјална политика. 

Другите планови и програми за остварување на дејноста на јавна детска градинка ги изработува научна установа, односно специјализирана стручна установа, а ги донесува министерот за труд и социјална политика. 

Плановите и програмите за дејноста згрижување и воспитание на деца содржат особено: назив на програмата, вид и траење, основни задачи, активности и форми на соработка со родителите. 

Програмата за згрижување и воспитание на приватната детска градинка ја донесува основачот по претходно прибавено позитивно мислење од Министерството за труд и социјална политика. 

Мислењето го дава министерот на предлог на комисија составена од два претставника од научната установа односно институција, еден претставник од Бирото за развој на образованието, еден претставник од специјализирана стручна установа и еден претставник од Министерството. 

Програмата во зависност од видот, обемот и карактерот на дејноста ги содржи условите, критериумите и стандардите за вршење на дејноста, како и времетраењето, целите и содржините на активностите. 

Кога во приватна детска градинка воспитно образовната програма се одвива според посебните педагошки и други принципи и начела Steiner, Decrols, Montessori и др. министерот дава позитивно мислење откако комисијата ќе утврди дека програмата е признаена од соодветно меѓународно здружение. 

Детската градинка според времетраењето остварува програми за:

  • целодневен престој;
  • полудневен престој;
  • скратени програми;
  • пилот програми и
  • вонинституционални форми за активности со деца.

Детската градинка може да остварува и програма за продолжен престој на деца според потребите и работното време на корисниците на овие услуги. 

Програмите за целодневен престој трајат од 8 до 11 часа и може да се изведуваат предпладне, попладне, целодневно или наизменично; 

Програмите за полудневен престој трајат од 4 до 6 часа и може да се изведуваат предпладне, попладне или наизменично. 

Скратените програми трајат од 240 до 600 часа годишно. 

Програмите за целодневен престој и програмите за полудневен престој се наменети за деца на возраст до поаѓање во основно училиште и опфаќаат згрижување и воспитување на децата. 

Скратените програми се наменети за деца од зафрлени или демографско загрозени места, на возраст од три години до поаѓање во основно училиште и опфаќаат згрижување и воспитување на децата со или без исхрана на децата. 

Скратените програми се наменети и за деца на подолготрајно болничко лекување. 

Вонинституционални активности - тоа се кратки програми во траење од три часа дневно кои што можат да опфатат: игри, игровни активности, креативни работилници, детски работилници од подрачјето на културата и уметноста, спортски активности, наменети за деца на возраст од три години до поаѓање во основно училиште - се организираат и изведуваат од јавните детски градинки по добиено одобрение од министерот по мислење на комисијата од член 53 став 2 на овој закон. 

Пилот програми - се програми со посебни педагошки принципи кои се изведуваат во јавни детски градинки по добиено одобрение од министерот по мислење на комисијата од член 53 став 2 на овој закон.

Работата во детската градинка се организира во групи, во зависност од возраста на децата по правило во хомогени групи и тоа: 

  1. до 12 месеци.................................... од 6 до 8 деца
  2. над 12 месеци до 18 месеци... ..... од 8 до 10 деца
  3. над 18 месеци до 2 години ..............од 10 до 12 деца
  4. над 2 години до 3 години........... .....од 12 до 15 деца
  5. над 3 години до 4 години.................од 15 до 18 деца
  6. над 4 години до 5 години.............. ..од 18 до 20 деца
  7. над 5 години до 6 години.................од 20 до 25 деца.

По исклучок , во зависност од возраста на децата, може да се организира: 

  • хетерогена група 
    -до 2 години....од 10 до 12 деца 
    -од 2 години до поаѓање во основно училиште.........од 18 до 20 деца
  • комбинирана група 
    -(од 12 месеци до поаѓање во основно училиште)........................... од 15 до 20 деца и
  • група деца со пречки во развојот...од 5 до 8 деца. Работата во забавишна група во основно училиште се организира само за деца на возраст од 6 до 7 години.
  • Група деца од 6 години односно од поаѓање во основно училиште до 10 години..............од 20 до 30 деца.

Ако не постојат можности за формирање на групи , согласност за формирањето на групи со поголем број, односно помал број деца, дава министерот за труд и социјална политика. 
 
Во групите може да се вклучи едно до две деца со пречки во развојот во интелектуалниот или физичкиот развој во кој случај бројот на децата во групите се намалува до три деца.

Во јавната детска градинка може да се изведува експеримент за воведување на нови воспитно-образовни содржини, форми, методи и средства.

Јавната детска градинка во која ќе се изведува експериментот ја определува министерот за труд и социјална политика. 

 Јавната детска градинка донесува годишна програма за работа. 

Годишната програма за работа содржи особено: организација и работно време на градинката, програмите на детската градинка, распоредување на децата во групи, работата на директорот и стручните и други работници, соработка со родителите, соработка со воспитно-образовни, спортски, здравствени, културни, научни и други установи, фондации, здруженија, активности за вклучување на децата во градинка, перманентно стручно усовршување на вработените, работа на стручните органи и други работи за остварување на дејноста.

Програмата за работа, детската градинка е должна да ја донесе најдоцна до 30 септември во тековната година. 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да го научите Вашето дете на добри вр...
Создадете основа за Вашето дете полесно да ги научи и цени добрите вредноти.
5
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Врзете се и возете!
Сигурносниот појас е најефикасна направа за заштита на патникот во автомобилот и во останатите превозни средства, и најд...
5
Што треба да им кажувате на вашите деца се...
Во време како денешното со несопирливиот развој на технологијата и зголемениот број на обврски, понекогаш се чини дека п...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?