Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Кога на сред ноќ ќе ве разбуди плачот на вашето бебе, дали веднаш станувате да проверите за што станува збор, или сте склони на тоа да го оставите бебето во креветчето едноставно да се исплаче и заспие?
Некои родители, откако ќе ја прочитаат оваа приказна која се крие зад оваа фотографија, ќе се предомислат во применувањето на своите методи.
Фотографијата е направена од сопругот на Deyna Mager, кој ја затекнал својата сопруга како спие во креветчето на малата Luella. Покрај фотографијата Deyna напишала: Се сеќавам на ветувањето кое и го дадов на мојата ќерка, откако силно ме допре приказната која мојот сопруг на една хуманитарна вечера ја слушнал од еден мисионер.
Заради таа приказна и заради своето ветување, без размислување се вовлеков во креветчето на ќерка ми за да ја ублажам нејзината болка од никнувањето на забите.
Мисионерот раскажувал приказна за еден дом за деца без родители во Уганда, каде доживеал нешто многу необично и тажно.
“Во просторијата имало минимум 100 креветчиња со бебиња и од толку малечки души, тој не чул ниту едно да заплаче. Ништо.Тишината ги парала ушите. Секако, тој веднаш се запрашал зошто бебињеата не плачат, а одговорот кој го добил го скршил. – Откако бебињата ќе ги донесат овде, тие плачат. Плачат со часови и со денови, но после една недела, откако никој нема да ги утеши, бебињата едноставно престануваат да плачат, престануваат да бараат и да очекуваат внимание.”
Тоа ме скрши. Буквално слушнав како срцето ми пука од тага, откако ја слушнав таа приказна. Таа ноќ, откако легнав до својата малечка Luella и цврсто ја прегрнав, си ветив себеси и и ветив неа. И ветив дека секогаш ќе дојдам, дека секогаш ќе бидам тука за неа што и да и треба. Ќе и покажете дека солзите, стравот и фрустрациите се нормални човекови особини. Океј е да се плаче, екеј е да се чувствува и потполно е океј да се покажат своите чувства. Ќе ја научиме дека секогаш ќе и дадеме сигурност и ќе бидеме со неа. Нема да се жалиме на непроспиените ноќи и плачењето.
забава Бремените
Автор: bobik
Водич по возрасти за лажењето кај децата
Сите деца понекогаш лажат и тоа е дел од растењето. ...
Штитната жлезда и женското здравје
Штитната жлезда можеби е мала по големина, сместена во предниот дел на...
Историја и потекло на јаболкото
Јаболкото, скромно, сочно и широко достапно има подлабока историја. Не...
Најдобрите намирници за подобрување на плодноста
Кога зборуваме за плодност, често прво помислуваме на хормони и медици...
Запушениот нос кај бебе може да изгледа како мала непријатност, но за ...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.