|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Детскиот проблем ставете го во нова рамка

Јасна Ѓоргиевска, училишен психолог, 14.12.2020
Иако многу често она што за децата претставува ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ за нас може да изгледа СОСЕМА НЕЗНАЧАЈНО, никогаш ама никогаш не треба да ги игнорираме нивните чувства и начинот на кој ја доживуваат одредена ситуација

image
/11


Децата имаат многу помалку искуства од возрасните и не се во можност одредена ситуација да ја согледаат од поинаква перспектива. Тука сме потребни ние родителите.

Многу често децата не можат, или не знаат вербално  да ни објаснат како се чувствуваат но постојат и други начини на кои ние можеме да дознаеме дали и што им се случува и што ги мачи. Еден од начините е преку набљудување на нивната игра а друг начин е да ги употребиме нивните цртежи. Децата сакаат да цртаат и да бојат а особено го сакаат тоа доколку мама и тато им прават друштво.

Ова не значи дека родителите треба да ги анализиираат сите детски цртежи.

Овде сакам да предложам еден начин како истите може да им помогнат на родителите и децата во развивање на способноста кај детето на одредена ситуација да гледа од различни перспективи. Користејќи го детскиот цртеж можеме да развиваме емпатија и да го поттикнеме развојот на емоционалната интелигенција кај децата. А зошто е ова потребно?

Развивајќи ги емпатичноста, емоционалната интелигенција кај детето и развивајќи ги неговите компетенции за критичко размислување преку согледување на различните перспективи всушност го оспособуваме детето за поуспешно да ги решава проблемите и конфликтните ситуации со кои се соочува.

Заедно со вашето дете од картон направете една рамка, димениите може да одговараат на хартија А4 формат. Украсете ја со весели бои и/или со боите кои му се омилени на вашето дете. Секогаш кога детето има некаков проблем дали со другарче, дали во градинка, кога нема доволно самодоверба  или е тажно побарајте од него да ја нацрта ситуацијата која довела до тој проблем. Откако детето ќе го направи тоа ставете го цртежот во претходно подготвената рамка и разговарајте за другите перспективи. Пр. детето е тажно бидејќи неговото другарче не сакало да ја сподели играчката со него и вашето дете смета дека неговото другарче не го сака. Ставете го цртежот во рамката и обидете се да му ја објасните на вашето дете ситуацијата од една поинаква перспектива, перспектива во која му ги предочувате потребите на другото дете кои можеби постоеле во тој момент. Вашето дете нека види дека одредени облици на однесување не мора да значат и отсуство на љубов.

Или кога детето неможноста да направи нешто самостојно ја смета за трајна и вели: Глупав/а сум, никогаш нема да научам! , користејќи ја рамката поттикнете го да почне да размислува во насока: Сега ова сеуште не можам да го направам но ќе се обидам повторно и повторно и ќе успеам!

Честото користење на оваа рамка со тек на време ќе го научи детето и при самото нејзино споменување да размисли за различните аспекти на одредена ситуација и пооптимистично да гледа на работите.

Психолог

Јасна Ѓоргиевска

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

6 совети како да одгледате среќно дете
Почитувајте ја неговата страст и говорете му колку сте благодарни што имате дете како него во животот
3
Привикнување на нокшир за девојчиња - 7 че...
Веројатно изгледа како вчера кога го родивте вашето девојче, а сега веќе не е бебе. И еве, веќе размислувате за совети з...
3
Семејни активности што ги зближуваат децата
Семејството е првото место каде што децата учат љубов, доверба и припадност. Но вистината е дека близината не се случува...
3
Забременив, ги носев, ги родив, а не сум и...
Како ќе се чувствувате ако забремените, водејќи љубов со сопругот, ги носите вашите деца девет месеци, ги раѓате и се ут...
3




Анкета

Dali vi se dopaga imeto Kristina?
bebenceto



da (53%)

ne (28%)

mozebi (19%)


Број на сите гласови: 128

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!