namesp во 10:12
Дали детето Ве лаже, или фантазира?
Редакција Рингераја, 29.5.2013
„Не го истурив млекото, вели тригодишно дете, додека стои на среде белата дамка со празна чаша во раката. „Бебето го скрши автомобилчето“, „Не ги изнесов јас сите играчки, тоа го стори Боби (кучето)„!, се некои од малите лаги на кои им нема крај. Но вистината е дека сите деца понекогаш лажат. И иако лагата е нормален дел од развојот на детето, треба да му се даде до знаење, дека тоа не е правилно. Како родител ваша задача е да го научите детето на искреност.
Лага или фантазија?
Децата на оваа возраст можат да измислат различни приказни - не со намера да ве излажат, туку едноставно затоа што не знаат да ја разликуваат реалноста од фантазијата. Во повеќето случаи детето од три, четири или пет години не може точно да разбере што е тоа лага. Нивните приказни се резултат на фантазијата, која работи сто на час и не се злонамерни.
На пример вашата четиригодишна ќерка, стои пред ишкртаниот ѕид на спалната соба со молив во раката и ви вели: „Мамо јас не го ишкртав ѕидот!“. Тоа што всушност таа ви го кажува е дека навистина сака тоа да не го сторила, бидејќи гледа дека вие сте многу лути. Со оглед на тоа дека не сакала вашата спална соба да ја претвори во платно за цртање и таа самата почнува да верува дека не го сторила тоа. Сега на вас е да ги избегнете ситуациите во кои таа ќе помисли дека треба да лаже. Наместо луто да ја прашате: „Зошто си го ишкртала ѕидот?, кажете едноставно „Во нашиот дом има правило, а тоа е дека цртаме само на хартија. Ајде ова заедно да го исчистиме“.
Искреност
Моментите кога вашето дете говори лаги искористете ги за да разговарате за искреноста и зошто таа е важна. Доколку го обвинувате детето за изговорената лага или уште полошо го казнувате или викате, ќе создадете маѓепсан круг, во кој детето продолжува да лаже со цел да го избегне срамот или вината.
За да ја охрабрите искреноста, обидете се да ги отстраните последиците: „Без разлика што си сторил, нема да се налутам, ако ми ја кажеш вистината“. Обидете се да го пофалите за секоја изговорена вистина, која секако не е лесно да се изговори.
Како да се поставите?
Во текот на денот и ние возрасните изговараме една, две, ако не и повеќе бели лаги. И тоа е во ред. Избегнувањето на вистината со цел да се избегне нечија реакција или за да не повредите нечии чувства е нормално или на некој начин прифатливо. Но не можете да очекувате тоа да го разбере и вашето дете, кое се уште ги прифаќа работите, онака како што се кажани.
Доколку му кажете да детето: „Никогаш не смееш да лажеш“ и по неколку дена му сугерирате да и каже на баба му дека нејзините невкусни колачиња се многу вкусни, можете да го збуните. Бидете добар пример, а тоа значи дека и вие треба да бидете искрени.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Неделата за ментално здравје на децата се обележува од 1-ви до 7-ми февруари, 2021 година. Оваа година темата е "Изрази...

Иако вам можеби ви се чини дека свекрвата сака само да ви „соли памет“, не сте сосема во право. И на свекрвите им е тешк...

Мајки со деца можеме да видиме насекаде, но татковци - ретко. Ова се фотографии на славни татковци со своите мали дечиња

Како Ви оди шиењето копчиња? Ако имате кутија полна со копчиња, кои не одговараат на бојата на Вашата облека, еве неколк...
