vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Во стариот Египет се почитувале палмите, во Грција маслиновото дрво, а во Рим лаворот. Заради тоа многумина веруваат дека историјата на новогодишното дрвце почнува уште од овие древни времиња. Врска се разбира има, но таа е премногу далечна. Затоа нашата приказна ќе ја започнеме од земјите на денешна Германија, каде паганските племиња ставале елка на вратата на почетокот на декември.
Зошто токму елка?
Заради зимзелените листови и идеалната пирамидална форма, која била симбол на вечно живата природа. Кога денот се намалувал и сите други растенија изгледале мртви, со ритуалот околу Светото дрво Германците го повикувале почетокот на пролетта. Уште тогаш го украсувале обредното дрво со овошје и свеќи.
Откако Германските племиња се покрстиле, култот на елката наместо да замре, станал посилен. Причина било тоа што обредното дрво почнало да се поврзува со раѓањето на Исус Христос. Секое семејство имало свое Божиќно дрво, а во XVII век почнале да се произведуваат елки, првично покриени со сребро, а потоа и со поевтин метал. Стаклените лампиони се појавиле подоцна, како замена за овошје. На врвот на елката се става ѕвезда, која го симболизира раѓањето на Спасителот.
Во исто време почнале да се изработуваат новогодишни дрва по градските плоштади, околу кои се организирале прославите за празникот. Обичајот набрзо почнал да се шири и во другите европски земји. Прво се проширил во Шведска, Финска и Данска, а околу 1840 година во Англија и Франција.
Најдолг отпор кон новогодишната елка давале прекуокеанските земји, бидејќи долго време сметале дека овој обичај е идолопоклонство. Дури во почетокот на XX век новогодишните дрва почнале да го красат секој американски дом.
И така, Божиќното дрво, извадено од одамна заборавената паганска религија, го освои целиот свет и се всели во секој дом. Негови украси станаа светлечките ламбички, разнобојните лампиони и прекрасните ангелчиња. Во Германија, од каде потекнува традицијата се уште преферираат да ја украсуваат елката со божиќни слатки, ореви и сушени плодови - симболи на плодноста.
9
6
6
6
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Како телесната тежина влијае на плодноста?
Телесната тежина може да има значајно влијание врз плодноста и кај жен...
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...