Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Не ја базираат сопствената вредност на туѓо мислење
Среќата која зависи од тоа што другите мислат за вас, не е среќа. Вистината е дека ќе постојат луѓе на кои не им се допаѓате, не им се допаѓа каков родител сте, луѓе кои мислат дека носите погрешни одлуки при воспитувањето на децата, дека ги храните со неадекватна храна и така натаму. Стабилно родителство е кога сте сигурна во своите одлуки и чекори, а мислењето на другите е само мислење.
Не очекуваат перфектен ден
Тоа нема да се случи (ниту вие некогаш ќе бидете перфектна, бидејќи мајчинството е постојано рафинирање). Ако среќата доаѓа од тоа – куќата да биде чиста, вешот да биде испран и испеглан, децата да не се расправаат и тепаат, правење вечера после што кујната е чиста, чиста финансиска состојба и се' совршено, тогаш нема да бидете среќни. Очекувајте реален ден. И бидете благодарни за моментите.
Озборување на другите мајки
Едноставно немојте. Ве молам, ве молам немојте. Озборувањето не помага никому. Никому. Не ви помага ниту вам, ниту на мајките кои ги озборувате.
Не ја базираат сопствената среќа на состојбата во домот
Кога дома имате деца, вашиот дом ќе изгледа како да имате деца. Може се' да ви биде чисто во 8 часот, а во 8:15 се' да е превртено. Децата го прават тоа. А вие, не се нервирајте и одржувајте чисто колку што можете. Бидејќи знаете, децата сакаат да расфрлаат насекаде, да мешаат бои, да цртаат по ѕидовите. И што значи тоа? Значи дека секогаш ќе биде растурено. Вашата среќа не треба да зависи од тоа.
Не живеат во постојано каење
Ќе правите грешки. Ќе испечете неубави колачиња, ќе заборавате состаноци, ќе викате дури и ако си ветивте дека нема да го правите тоа. Ако постојано жалите за направеното, ќе пропуштите да ја пронајдете среќата.
Не се грижат ако направат погрешен избор
Слушнете – постојат милион избори за се' што правите како мајка. Не можете секогаш да го направите вистинскиот избор. Грижата дали сте го направиле вистинскиот избор нема да ви донесе среќа. Затоа, направете избор, продолжете понатаму и не грижете се.
Не забораваат на себе
Не дозволувајте да се изгубите себеси на пат кон мајчинството. Не ги губете од вид вашите соништа, страсти и сите работи кои ве прават единствена. Ако ги закопате сите свои соништа и желби, ќе станете незадоволна мајка. затоа најдете време да трчате, да вртате, да пеете, да пишувате или да го правите она што ви прави задоволство. Понекогаш тоа може да биде само долго туширање.
Не се маченици
Добро, овде се работи за љубов, но сите знаеме како е да си маченик. А тоа воопшто не е забавно. Знам дека е можно да сте се претвориле во маченик и да не го забележувате тоа. Затоа зборувајте. Не им дозволувајте на децата да ви се качат на глава. Правете мудри избори.
Не го претвораат животот во трка
To-do листата, никогаш нема да биде комплетно завршена. Секогаш ќе остане најмалку една работа за утре. Можете и да побрзате, но секогаш ќе доцните. Среќните мајки избираат да ја намалат брзината во текот на денот. Избираат да седнат на попладне, да читаат книга или да гледаат телевизија. И не чувствуваат вина за тоа. Чиниите ќе се измијат подоцна, алиштата за пеглање секако ве чекаат вас, затоа намалете со брзината. Намалете.
Не се борат во секоја битка
Нема потреба да извојувате победа во секоја битка. Постојат битки во кои треба да се борите, но постојат и битки од кои треба да се откажете. И за волја на вистината, откажувањето од битките ќе ви ослободи повеќе време за смеење, за поминато време со вашите деца, а тоа е она што и става круна на главата на мајката.
Дали среќата е секогаш на дофат? како што сите знаеме – не е. Постојат тешки, лесни и луди работи во животот, но не треба да ги поминувате без насмевка и задоволство.
Малите работи се важни.
Малите работи кои ги помнат само среќните мајки.
забава Бремените
Автор: bobik
7 причини зошто се дебелееме нагло
Чувствувате дека бројките на вагата одат нагоре иако не сте промениле ...
Какви се хороскопските знаци на плажа?
Плажа, песок, море и…12 различни начини на уживање. Хороскопските знац...
Природен рецепт против кандида
Овој напиток има антифунгални, антисептички и алкални својства кои мож...
Што сонуваат бебињата? Тајните на најневините соништа
Во тишината на ноќта, додека светот тоне во длабок сон, малите бебиња ...
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?