|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Што да правите кога детето повраќа?

Редакција Рингераја, 8.7.2016
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехидрација

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Децата многу побрзо дехидрираат во споредба со возрасните, a кај доенчињата овој процес за кратко време може да се претвори во состојба опасна по живот. Суви и испукани усни, бледа кожа, летаргија, длабоко дишење преку устата се типични насочни симптоми за тешка дехидрација.



Повраќање како симптом се забележува многу често во детството. Причина за тоа е многу чувствителниот детски стомак кој реагира со повраќање кај различни патолошки состојби. Дел од нив можат да бидат:



Неинфективни - при прием на многу ладни пијалоци, расипана храна, прејадување, различни искуства;
При вирусни заболувања (на пример грип) - тогаш повраќањето е придружено со други симптоми како што се висока температура;
Инфективен гастроентеритис - освен повраќање се забележува уште дијареа, треска. Во летната сезона тоа се и најчестите причини за појава на повраќање;
Воспалителни болести на нервниот систем - менингитис, енцефалитис;
Метаболни заболувања;
Труење.



Што да правиме кога детето повраќа?



При повраќање е важно прво да се направи обид за спречување на дехидрација:



1. Во првите 4 часа давајте на детето само течности на мали голтки и на често. Погодни се  чаеви - од копар, нане, камилица. Колку повеќе течности прифати детето, толку подобро.



2. По овој период, ако повраќањето запрело, може да се зголеми количеството на течностите до половина чаша на еднаш (околу 20-30мл).



3. Може да понудите на детето храна, дури откако тоа само ќе побара. Храната треба да биде внимателно избрана. Во почетокот исклучиво бисквити, двопек и соленки.



За да се олесни чувството на гадење и вртоглавица, непосредно откако детето ќе поврати може да му ставите влажна ладна крпа на челото. Несаканиот  вкус во устата може да се  намали преку жабурење со вода или чај. Кај поголемите деца миењето на забите има исто добар резултат.

Кога е потребно да посетите доктор?

При следните симптоми и поплаки на детето е препорачливо е да побарате медицинска помош:



Кога детето, освен повраќање има покачена температура, има и дијареја;
Ако детето е во доеначка возраст;
Ако повраќањето трае повеќе од 4 часа;
Кога обидите за орална рехидратација се неуспешни, односно детето не ги прифаќа предложените течности;
Ако повраќањето е придружена со силни болки во стомакот;
Ако детето стане летаргично и поспано.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Инхалација или сируп?
Дилема на секој родител кога детето има воспаление на дишните патишта: дали е поефикасно детето да се инхалира или довол...
4
12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
4
Прв офталмолошки преглед кај дете – кога и...
Видот е еден од најважните сетила преку кои детето го учи светот. Сепак, проблемите со видот не секогаш се очигледни, ос...
3
Зошто односот татко - ќерка е толку посебен?
Врската меѓу таткото и ќерката е една од најдлабоките и највлијателните релации во животот на една жена.
3




Анкета

ime za moeto bebence
mama2*

ve molam glasajte i pomognete koe ime da go odberam

Angela (52%)

Izabela (18%)

Anabela (30%)


Број на сите гласови: 297

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!