Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
1. Шарена салата со ориз и туна
Состојки:900 г сварен ориз, 400 г туна, 200 г грашок од конзерва или сварен, 2 црвени
пиперки исечени на коцки, 3 домати исечени на парчиња, ситно сечкан магдонос, лажица
ситно сечкани маслинки, 4 лажици посен мајонез, сок од еден лимон, 2 лажици маслиново
масло.
Подготовка: туната исцедете ја и од сите состојки измешајте хомогена смеса.
2. Посна салата со туна
Состојки: 2 конзерви туна во парчиња, 100 г маринирани шампињони, 100 г несолени печени
кикирики, 500 г посна, ситна, тестенина, 400 г посен мајонез, 5 – 6 кисели краставички,
сол.
Подготовка: тестенината сварете и убаво исцедете па ставете во поголем сад. Туната
исцедете ја, иситнете како и краставичките и шампињоните, додајте кикирики, сол по вкус и
со мајонез поврзете хомогена смеса.
3. Посна салата од компири и пченка
Состојки: 1 кг. компири, 2 моркови, 5 – 6 кисели краставички, 1 малечка конзерва пченка
или варена во тој сооднос,сол, црн пипер, 5 – 6 печени пиперки, маслинки.
Подготовка: измијте ги компирите и ставете да се варат,излупете и изгмечете да добиете
хомогена смеса. Зачинете со сол и црн пипер. Можете да додадете и малку масло. Морковот
исчистете го и исечете на ситни коцки, можете да го ставите сиров или варен. Киселите
краставички исто така се сечат на коцки. Пченката треба да биде убаво исцедена.
Округол и длабок сад покријте со прозирна фолија, ставете половина од пирето од компири
па над тоа морковот, киселите краставички и пченката. Покријте со останатото пире од
компири па превртете во соодветна чинија. Украсете со печени пиперки и маслинки.
4. Посна „лута“ салата
Состојки: 8 печени пиперки, 1 печен модар патлиџан, 3 домати, 3 чена лук, 4 страка
магдонос, сол, 2 лажици масло.
Подготовка: Излупете ги пиперките и модриот патлиџан. Доматите ставете ги неколку минути
во сад со врела вода. Потоа излупете го зеленчукот, ситно исечкајте или испасирајте со
вилушка заедно со исчистениот лук и магдонос. Не претерувајте со гмечење да не добиете
каша. На крај зачинете со сол, црн пипер и масло. Доколку јадете луто додајте и лута
пиперка.
5. Посна салата со зеленчук и риба
Состојки: 500 г замрзнат зеленчук за руска салата, 400 г посен мајонез, 1 конзерва туна
во саламура, 1 конзерва чадени папалини (инчуни), сол, црн пипер, 1 лажица тостиран
сончоглед, 1 лажица таан.
Подготовка: Зеленчукот ставете го во вода што врие со 1/2 лажичка сол и сварете. Туната и
инчуните исцедете ги. Измешајте ги внимателно сварениот зеленчук и рибите со мајонез,
таан и сончоглед. До служење префрлете на ладно.
6. Посна мексиканска салата
Состојки: 600 г конзервиран црвен грав, 150 г пченка од конзерва, или варена, 3 – 4
главички кромид, 5 -6 црвени пиперки.
Подготовка:кромидот исечкајте го и додајте сол, црн пипер, оцет и масло па испасирајте,
во тоа додајте ги пиперките сечени на коцки, гравот и пченката (исцедени и измиени), па
лесно измешајте. Салатата можете да ја правите и’ со печени пиперки.
7. Посна салата од компири и моркови
Состојки: 500 г компири, 200 г сенф, 4 (помали) главички кромид, 1 – 2 моркови (може и
без морков)
Подготовка: измијте,излупете и сварете ги компирите, а потоа и морковот. Компирите
исцедете ги од водата (која треба да ја сочувате), излупете. Иситнете или испасирајте ги
компирите и морковот, додајте во садот каде е исечканиот кромид претходно издинстан на
водата од компирите. Додајте сенф и се’ матете со миксер. Кога се’ ќе биде убаво соединето оставете да се излади. Може да се послужи како паштета но и како посна салата.
8. Посна салата со компири на вода
СостојкИ: 5 – 6 големи компири, 2 поголеми главички кромид, сол, оцет од јаболко
Подготовка: компирите измијте ги и сварете. Кога ќе бидат сварени исцедете, излупете и
исечете на кришки. Кромидот исчистете го и исечете на ребра па додајте во топлите
компири. Се’ заедно зачинете со сол и оцет од јаболко, по желба малку црн пипер и убаво
измешајте.
9. Медитеранска посна салата
Состојки: 2 домати, 2 краставици, 2 црвени пиперки (или барени), 200 г белгиски зелкички,
зелена салата, 1 главичка кромид, 100 г зелени маслинки, оригано, 1 варен компир, сол,
црн пипер.
Подготовка: исечете ги доматите, краставицата, компирот и листовите зелена салата и
ставете во поголем длабок сад. Додајте кругови пиперка и на нив варените зелкички.
Круговите кромид распоредете ги по салатата. Зелените маслинки исечете ги на половина и
додајте во садот. Зачинете со оригано, маслиново масло, сол и црн пипер.
10. Посна црвена салата
Состојки;: 1 кг цвекло, 2 лажици ладно цедено маслиново масло, главичка црвен кромид, 2
чена лук, сол, црн пипер, 2 – 3 лажици ачето балсамико, 2 лажици сечкан власец.
Подготовка:сварете го и изрендајте цвеклото на поголеми ленти, или исечете. Една лажица
масло ставете во нелеплив тиган и продинстајте ги ситно сечканите кромид и лук, потоа
додајте го цвеклото и измешајте. Додајте сол и црн пипер и динстајте уште 2 – 3 минути,
на средна температура. Префрлете во сад за салата и зачинете со ачето.Салатата може да се послужи топла или ладна.
11. Салата со туна и зеленчук
Состојки: 400 г компири,200 г грашок, 250 г боранија, сув зачин, 2 конзерви туна
Подготовка: сварете ги посебно компирите, грашокот и боранијата. За време на варењето
додајте малку сув зачин (зачинска сол). Исцедете го сварениот зедленчук, а компирите
исечете ги на парчиња. Се’ ставете во голем сад, додајте ја исцедената туна и измешајте,
па по потреба зачинете со сол и црн пипер.И по потреба малку оцет.
12. Салата со риба и сусам
Сварете 300 г риба по желба, исчистете од коските и иситнете со раце. Сварете 2 моркови и
4 компири. Во чинија измешајте ја рибата, сечканиот морков и изрендан компир и додајте 3
– 4 сечкани кисели краставички па се’ соединете со околу 350 г посен мајонез. 200 г сусам
испржете на рингла, на ниска температура па додајте во салатата. Добро измешајте и
уживајте во вкусот.
Бррррр....
пеперутка16
Дали некогаш сте се сретнале со нешто непознато на кој било начин, нешто натприродно за нас луѓето?! Духови, ѓавол, шејтан......