|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Игри за поттик на интелегенцијата кај децата

Редакција Рингераја, 21.11.2013
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во физички, така и во интелектуален поглед

image
/11


 

 

 

Она што е помалку познато е тоа дека за развојот на функционалното мислење најзначаен период е од третата до седмата година. Имено, 50% од синапсите (врски меѓу невроните) се развиваат до петтата година, до седмата нешто преку 70%, за тој процент во дванаесеттата година да изнесува 95%. Останатите 5%  се развиваат и обновуваат до крајот на животот. Знаејќи дека интелектуалните способности се во директна врска со бројот на синапси, непотребно е да се нагласува колкаво е значењето да се поттикнува нивниот развој во раното детство.

Со правилен избор на игри и активности, лесно е да се стимулира развојот на “малите сиви клетки”.

Следуваат десет предлози:

 

Игри на меморија (одлични се и за развој на способноста на перцепција и концентрација)

Класична игра на меморија со карти – потребно е да се пронајдат две исти карти. Во зависност од возраста на детето одредете го бројот на парови – за двегодишни деца се доволни 3-5 парови исти карти.

-          Игра наречена “Погоди што изеде мачката”

Земате плишана играчка која ќе биде мачка и неколку ситни играчки. Оставете го детето да погледне во ситните играчки и да ги именува. Потоа затворете му ги очите и сокријте една играчка.  Потоа поттикнете го детето со прашањето - Погоди што изеде мачката, да погоди која играчка недостасува. На тој начин го стимулирате вниманието и меморијата.

 

memorija

 

 

Друштвени игри (3+)

Околу третата година децата се подготвени за играње игри по однапред утврдени правила. Наједноставни се игрите преку кои се вежба броење, како “Не лути се човече”, преку која детето учи да брои и да помни правила.

 

covece

 

 

Сложувалка

Сите видови сложувалки, почнувајќи од троделните за најмлади, па до оние со голем број делови, се одлично средство за развој на меморијата и сфаќање на односот дел-целина.

 

slagalica

 

 

Читање

Значењето на секојдневното читање, независно дали возрасна личност ќе му чита на детето, или детето само ќе ја разлистува сликовницата, се отсликува во развој на центарот за говор и збогатување на речникот, како и развој на фантазијата.

 

citanje

 

 

Игра на повторување и дополнување

Ова е игра која најчесто се игра во кола во тек на патување. Првиот учесник започнува реченица, вториот повторува и додава уште еден збор. Пример:

-          Мечето беше на пазар и купи јаболка

-          Мечето беше на пазар и купи јаболка и круши

-          Мечето беше на пазар и купи јаболка и круши и играчки

 

dopolnuvanje

 

 

Цртање

Цртањето е значајно за развој на креативноста и ја поттикнува фантазијата. Низ цртежите се дознаваат многу нешта за емоциите на детето.  Цртањето исто така може да го поттикне и интелектуалниот развој.

 

crtanje

 

 

Музика

Децата уживаат во произведување на звуци од различни предмети . Звечалки, металофони, тапани, дајре....се само некои од инструментите кои децата ги обожаваат. Не мора да имаат музички инструменти за успешно да музицираат, доволни се дрвени или метални лажици и пластична кутија и детето може да се забавува со часови.

 

muzika

 

 

Мини театарска претстава

Малите домашни театарски претстави со плишани играчки и со активно учество на детето, се одличен начин за решавање на разни проблеми и учење за правилата на однесување, комуникација, социјализација... Дадете му на детето улога на возрасен, кој треба да реши некој проблем и тоа може да ви помогне да согледате како одредени ситуации изгледаат од детска перспектива.

 

teatar

 

 

Правење, креирање, рециклирање

Сето тоа се активности кои ја поттикнуваат креативноста и ги развиваат сензорните способности на детето. Детето учи непосредно за материјалите и предметите со кои работи.

 

recikliranje

 

 

Физичка активност

Најважната активност ја оставивме за крај - физичката активност. Едноставната ротација околу својата оска активира голем број од невроните, посебно ако детето само ротира. Исто е и со играта хеликоптер (родителот го фаќа детето за раце и го врти). Трчање, прескокнување, додавање на топка се активности кои ја стимулираат работата на окото (акомодација) и со тоа превентивно делуваат  на некои пореметувања во учењето (докажано е дека некои облици на дислексија настануваат заради забавена акомодација на окото). Најобично дофрлање со сунѓераста топка, во дневната соба, ја развива акомодацијата на окото, координацијата на движењата, фаќањето со прсти.

 

trcanje

 

Ова се само некои од многубројните активности за поттикнување на развојот на интелектуалните способности на детето. Важно е да се каже и тоа дека интелектуалниот развој во голема мера се случува спонтано и интуитивно од страна на детето.

Детето секојдневно доаѓа до нови сознанија, а наша задача е да му обезбедиме поттикнувачка средина како и да ја стимулираме радозналоста, креативноста, фантазијата...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Здрави навики за ладните зимски денови
Зима, период кога пред се имаме чести температури под нулата, а ние мораме да најдеме начин адекватно да се загрееме и д...
4
Колку вкупно заби имаме???
Стоматолошката ординација Калајџи “Dental Care” во соработка со семејниот портал Рингераја.мк ќе спроведува здравствено ...
4
Како да спречите детето да користи лоши зб...
Кога детето првпат ќе изговори лош збор, родителите најчесто се шокирани, засрамени или збунети. Но вистината е дека сек...
3
Заради што децата ни ги кинат нервите секо...
Родителите на мали деца знаат за што станува збор. Иако со децата доаѓа нешто прекрасно, неочекувано и убаво, секојдневн...
3




Анкета

Меѓуетничка толеранција во градинките
Julie1

Дали сметате дека програмите во градинките треба да содржат едукација на дечињата за почитување на туѓата култура, јазик и нација?

Да (89%)

Не (11%)


Број на сите гласови: 55

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!