vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Гуд состави листа од 46 причини заради кои неговото тригодишно дете умее да полуди. Некои од овие причини се чисто нагаѓање, но нагаѓање од искуство. Еве што неговото тригодишно дете може да го извади од такт, а родителите добро знаат дека секој просечен тригодишник има една ваква листа:
Неговото чорапче е наопаку.
Устата му има солен вкус.
Седиштето за во автомобил е чудно.
Гладен е, а не може да се сети на зборот гладен.
Некој му го допрел коленото.
Не му е дозволено да влезе во рерна.
Татко му му облекол погрешни панталони.
Брат му го погледнал.
Брат му не го погледнал.
Косата му е тешка.
Родителите не го разбираат што зборува.
Не сака да излезе од автомобилот.
Сака сам да излезе од автомобилот.
I pad – от има лозинка.
Неговиот ракав го допира палецот.
Не разбира како се прават лижалчињата.
Внатрешноста на неговиот нос смрди.
Пилешкото месо е грозно.
Не може да го најде балонот кој го купивме пред 6 месеци.
Делчето од слагалицата не сака да се вклопи кога е превртено наопаку.
Татко му му дал погрешна плава боичка.
Гумениот витамин е многу тврд.
Интернетот е спор.
Скокнал од масата а мама и тато не виделе.
Не му е дозволено да фаќа во оган.
Се е погрешно во врска со неговиот капут.
Во круг од 100 км. има куче.
Чевелот не одговара и на левата и на десната нога.
Татко му му постави прашање.
Неговиот брат зборува.
Не може да ја крене тиквата.
Не му ги даваат клучевите.
Мачка му го препречи патот.
Мачката не му дозволува да ја чепка во око.
Внатрешноста на образот го гребе.
Јадењето предолго се готви.
Ја преполни устата со храна.
Кивна.
Не умее да пишува со тастатурата.
Правосмукалката сака да го изеде.
Мама отиде да се тушира.
Некој му ја сруши кулата.
Му падна шеќер во прав на панталоните.
Јогуртот не сака да стои во лажицата.
Се е многу жешко.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Исхраната не е единствениот фактор што влијае врз нашето расположение ...
Кои се главните принципи на медитеранската исхрана?
Медитеранската исхрана се смета за еден од најздравите начини на исхра...
Зошто бебето е гладно и по млечен оброк?
Се случува бебето да побара повторно да цица или да пие млеко кратко в...
Како да го испланирате првото патување со бебето?
Првото патување со бебето може да донесе возбуда, но и многу прашања. ...
Дали цигарите ја намалуваат плодноста кај жените?
Пушењето цигари може негативно да влијае врз женската плодност, да ги ...