|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ќерко моја, еве колку долго те сакам...

Partick O`Malley, 24.6.2016
Само ако знаев дека ќе ме викаш тато и дека ќе ми кажеш дека ме сакаш...
Клучни зборови:

image
/11


 

107.048.700 секунди.
1.784.145 минути.
29.735 часови.
1238 денови.
177 недели.
40 месеци.
3 години.

 

Ако само знаев колку многу ќе те сакам, ќе се обидев да го овековечам секој момент од твоето доаѓање на свет. Траеше долго, бевме уморни, а ти не сакаше да излезеш. Се сеќавам дека бев преплашен, се сеќавам на гумените ракавици, на изгледот на папочната врвца, на хируршките ножици и на рацете кои ми се тресеа кога ја прекинав врската меѓу тебе и мајка ти.

Кога би знаел колку ќе те сакам.

Отидов дома и бев во виорот на емоции, но сеуште не бев свесен за значењето на овој животен настан.

Ако само знаев колку срцето ќе ми порасне...

Спиев, се разбудував, ве посетувам и го повторував ова секој ден, се додека не дојдовте дома.

И тогаш бевте дома, а јас не знаев што да правам. Некои родители веднаш се заљубуваат во своите деца, а на некои им треба време да почувствуваат искра. Дали е страшно да се признае тоа? Или од нас се очекува да изградиме моментална врска со нашите деца, бидејќи општеството ќе не отфрли како неподобни родители?

Ако само знаев колку срцето ќе ми експлодира. Ти донесе солзи радосници во моите очи и болка во грлото кога ја голтам оваа грутка.

Бев престрашен да имам девојче, не знаев што би правел со девојче. Дали ќе бидам добар татко?  Милион чувства и мисли, емоции кои ми го попречуваат видот.

И тогаш почнаа грижите. Пред љубовта – страв.

Дали јадеш правилно? Дали си добро? Дали спиеш добро? Зошто твојата кожа има таква боја? Колку Парацетамол треба да ти дадеме? Дали имаш треска? Дали ти излегуваат забчиња? Зошто повраќаш? Кога ќе престанеш да повраќаш? Колку формула треба да пиеш? Колку пати треба да се искакаш? Дали си болна?

Неппеспани ноќи поминати во слушање на твоето кашлање, дишење, грчење, вечна грижа дали дишеш. Плач! Конечно! Знам дека си добро!

Само ако знаев дека ќе ме викаш тато и дека ќе ми кажеш дека ме сакаш.

Сега го враќам времето назад и се сеќавам на сите овие нешта. На безбројните уморни лица и среќни моменти. На твојата прва насмевка. На првото гугање. На првата клоца во стомак. На радоста кога ќе ме видиш.

Кога твоето лице ќе блесне...

Ако само знаев дека најславниот момент од мојот живот ќе биде кога таа светлина ќе блесне врз мене..

Сето ова се случи многу брзо. Во една минута лежеше, во следната седеше, па лазеше, па одеше, па прозборе...

Нежни, луди звуци формитани заедно во магичен, значаен, незаборавен слог: “Та”.

Какмо да можев да знам колкава ќе биде моќта на овој слог. Како допираше до мене и како се претвораше во нешто големо. Ако само знаев дека слушањето на тој слог може да ми ги рашири рацете најсилно и да ја ослободи мојата душа од стресниот ден.

Слушнав тресок и твојот врисок ме разбуди од сон. Чувството на страв демнеше над мене. Втрчавме во твојата соба и видов како лежиш на подот со лицето свртено надолу, врескајќи. Јас бев во шок, доживувајќи го своето најзастрашувачко искуство во мојата кратка родителска кариера. “Не стој, крени ја”, вресна мајка ти преплашена.  Со трчање дојдов до тебе. Како повраќаше, така растеше мојата паника, како врескаше, така растеше мојата паника.

Не знам како ги извозив тие 15 минути до болницата. Твоето расположение се менуваше од плачење, до смеење и игра на подот од лекарската соба? Дали си добра сега?

По 30 минути беше подобра, или барем така ни кажа докторот, а докторите знаат се. Зошто за прв пат во мојот живот се сомневам во она што го кажува докторот?

Конечно ми олесни.

Беше добро.

Ако само знаев дека еден ден ти ќе ме прашаш: “Тато, дали си добро?”, со толкава загриженост што заборавив кој за кого треба да се грижи.

Стотици зборови, стотици реченици:

“Дали тоа е смешно тато?”

 “Не ти зборувам никогаш повеќе”

“Ти велиш не, јас велам да”

“Не ми се допаѓа тоа тато”

“Те сакам тато”

“Ќе си играш со мене тато?”

“Тато!!! Помогни ми!”

“Тато зошто си толку смешен?”

Ако само знаев колкаво влијание ќе имаат твоите зборови и дека нема да можам да спијам се додека не го напишам ова. Дека плачев пишувајќи го ова.

Каде ја најде силата за потполно да завладееш со мене?

Кога ме направи толку емотивен?

Кода нашите души се допреа и предизвикаа ерупција на вулканот кај мене?

Фазите доаѓаа и поминуваа и кога ќе поминеше една фаза, не се повторуваше никогаш повеќе. Би сакал да можев да ја овековечам секоја фаза. Многу скоро овие моменти ќе бидат спомени и убави фотографии во семерјниот албум.

Кога се заљубив во тебе? Од моментот кога те сретнав прв пат. Само што тогаш не го знаев тоа.

107.048.700 секунди.
1.784.145 минути.
29.735 часови.
1238 денови.
177 недели.
40 месеци.
3 години.

Ете толку долго те сакам.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Велигденски колачи - cupcakes
Убаво декорираните и вкусни колачи капкејк ќе ја украсат Вашата Велигденска трпеза. Ви предлагаме неколку начини да ги у...
6
Нова епизода на „Кој кого расте“: Религија...
Телевизиската емисија наменета за родители „Кој кого расте“ и водителот Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20...
4
Што повеќе не правам за своите деца?
Постојат моменти кога родителите мислат дека никогаш повеќе нема да бидат во можност да седнат и мирно да испијат една ч...
4
10 совети за родителите во Новата Година
Нова Година...нови одлуки и решенија, важни за Вас и за Вашите најмили.
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?