Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Овој настан е вознемирувачки и застрашувачки за родителите, но не предизвикува краткорочни или долгорочни штети кај вашето дете. Момчињата и девојчињата се подеднакво погодени. Ваквите настани обично започнуваат пред 18 месеци и завршуваат околу шестата година. Случките се разликуваат во сериозноста и зачестеноста и кај секое дете се различни.
Што го предизвикува губењето на здивот?
Оваа состојба може да се случи по некој мал инцидент, претрпен страв или вознемиреност. Детето ќе почне да плаче и ќе почне да го го губи здивот. Овие состојби се рефлексна реакција на непријатна стимулација и не се дел од намерно однесување на детето. Точната причина за губењето на здивот (зајдување) не е позната. Понекогаш постои семејна историја на слични настани.
Бидејќи губењето на здивот дава слична слика како некои други нарушувања, родителите се често збунети. Кај епилептичните напади детето може да помодри, но тоа ќе биде за време или после нападот, а не пред нападот. Исто така детето може да изгуби контрола врз мочниот меур за време на епилептичен напад, а тоа ретко се случува при губење на здивот кај детето.
Повеќето деца кои поминуваат низ фазата на губење на здивот немаат подоцнежни проблеми и немаат епилепсија. Кај некои деца губењето на здивот може да биде поврзано со недостаток на железо во крвта (анемија) – состојба во која телото не произведува нормален број на црвени крвни зрнца.
Симптоми
Губењето на здивот можат да се разликува во сериозноста и зачестеноста и нападите можат да се случуваат и по неколку пати на ден. Родителите кои се сведоци на зајдување кај децата, можат да предвидат кога на детето ќе му се случи оваа состојба.
Децата кои имаат губење на здивот обично:
Постојат два вида на губење на здивот (зајдување)
Ако на вашето дете му се случи ова:
Нема потреба да му помагате на детето со дишењето. Вашето дете ќе почне самостојно да дише, откако ќе помине оваа состојба, а понекогаш може да се освести со плачење или врескање.
Во ретки случаи детето може да има напад, како дел од губење на здивот, но тој е краток и не е штетен. Тоа не значи дека детето е изложено на ризик од добивање на епилепсија.
По ваквиот настан обезбедете му на детето одмор, тишина и направете да се чувствува безбедно. Однесувајте се кон детето нормално и обидете се да глумите дека не се случило ништо. Обидете се да бидете смирени и да не му правите на детето дополнителен страв. Не го казнувајте или наградувајте детето, бидејќи тоа може да доведе до долгорочни проблеми во однесувањето.
Не е потребен никаков специјален медицински третман. Доколку детето често го губи здивот, лекарот може да го тестира нивото на железо во крвта. Исто така, лекарот ќе предложи на вашето дете да му се направи темелно испитување за да се потврди дали има други проблеми со здравјето, како неправилна работа на срцето.
Превентива
Некои родители точно знаат кога ќе му се случи ова на детето, обично во моментите кога детето има тантрум, или се повредило. Ако мислите дека детето е на пат да зајде, одвлечете му го вниманието со друга активност. Ова понекогаш може да спречи да се случи овој немил настан.
Следење
Губењето на здивот обично не е предизвикано од некакви здравствени проблеми или од волја на детето. Исто така не остава последици врз здравјето на детето и треба да се надмине до шестата година.
Доколку вашето дете продолжи често да ја губи свеста, по неколку пати на ден, посетете лекар.
Посетете лекар и доколку зајдувањето кај детето е придружено со тресење кое трае повеќе од една минута и е проследено со бавно освестување и спиење неколку часа по настанот, или ако детето е збунето подолг период по настанот.
Консултирајте го вашиот лекар доколку сте загрижени за било што.
забава Бремените
Автор: bobik
Помогнете му на вашето дете да порасне
Растењето на децата не е само прашање на висина. Тие не растат само со...
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, раз...
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, стра...
11 Вистински знаци на породување
Бременоста е период исполнет со очекувања, подготовки за новиот член, ...
Што значи да си „функционално“ семејство денес?
Во свет полн со брзо живеење, стрес и постојани промени, поимот „функц...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?