Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Без разлика дали сте во детски парк и детето е занесено во играта, на некоја забава, или во соседството, дојде време да кажете: "Стоп" и да се вратите дома. Но за жал детето никогаш не се согласува и започнува со пазарење.
Ако е на лизгалка, ќе ве замоли "Само уште еден последен пат" (и тоа трае половина час), а ако игра нешто интересно, кое целосно го окупира неговото внимание, може дури да не ве забележи, или само нервозно да викне "Нема!".
И ниту ветувањата, ниту заканите, ниту високиот тон, не се во можност да ја променат ситуацијата. Тоа едноставно одлучило дека токму во моментов нема ништо поважно од тоа со што се занимава сега и овде. Исто така е можно да го тестира вашето трпение и да види каде е границата на дозволеното.
Што да направите?
Останете смирени – ова навистина звучи како клише, а и понекогаш е невозможно, но имајте во предвид дека само така можете да имате контролата над ситуацијата. Ако ги изгубите нервите, ситуацијата ќе ја претворите во непотребна драма и на крајот никој нема да има полза.
Одвлече го вниманието на детето - Колку повеќе се задлабочувате во проблемот, толку тој ќе станува поголем. Затоа, наместо нервозно да повторувате едно и исто, одвлечете го вниманието на детето со нешто друго - на пример, дека одите на сладолед или на гости кај некое пријателче (ако, се разбира, тоа е точно). Важно е да не го лажете детето, зашто така полесно ќе ја изгубите довербата.
Покажете му колку се 5 минути - За да нема пазарење во незгоден момент и на јавно место, утврдете ги правилата однапред. Не е страшно ако детето сака да си поигра уште 5 минути, но по истекот на времето треба да прекине со играње и да замине со вас. Дури иако детето сеуште не го познава часовникот, можете да му покажете кога ќе поминат 5-те минути - "Кога поголемата стрелка ќе стигне до оваа цртичка, треба да заминеме одавде ..."
Наградувајте го доброто однесување - Детето не треба да ги слуша вашите мислења и заповеди, само заради страв. Многу подобро е да сте сојузници отколку ривали и има начин како тоа да се случи. Праксата покажува дека многу се попослушни децата на оние родители кои наместо да наметнуваат строги казни, ги поттикнуваат, кога се разбрани и добри.
Тогаш и ризикот да дојдете во непријатна ситуација драстично ќе се намали.
Давајте добар личен пример - не можете да очекувате од детето да е мирно, ако вие сте нервозни. Ако му пристапувате со добронамерен однос, најверојатно и тоа ќе ви одговори со истото.
Заборавете на заканите - она од што треба да се откажете, се заканите за Баба Рога и сите познати и непознати страшни луѓе и чудовишта кои ќе го одведат детето со себе, ако не слуша. Колку и да сте лути на немирното дете, не му кажувајте дека ќе го оставите, ниту дека ќе престанете да го сакате. Ова може да се средства кои имаат привремен ефект, но цената е превисока. Детето навистина се плаши дека можете да ги исполните заканите и буквално го сфаќа кажаното. Можете ли да замислите колку се мачи и плаши?
Не го зголемувајте вниманието врз проблемот - Ако детето е непослушно, а вашите обиди да го натерате да си замине од местото - безуспешни, не треба да реагирате како дете, туку како родител. Разговарајте за случката и покажете му какво треба да биде доброто однесување.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...