|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Јас ги родив нив, не тие мене

Sandra Todorovic, 13.7.2016
Жал ми е да те слушам колку силно грешиш млада жено. Грешиш бидејќи си го оставила да се удира од бетонот и да те клоца, бидејќи не го добил дваесетипеттото лижалче, грешиш што си ненаспиена, затоа што тоа не спие до еден по полноќ...
Клучни зборови:

image
/11


 

Дали се сеќавате на времињата кога старите беа авторитет? Јас се сеќавам многу добро. Ги сакав тие цврсто втемелени граници. Беше доволен прекорниот поглед на татко ми за време на ручек, за веднаш да ми биде јасно дека супата не се срка и дека не се зборува со отворена уста. Наставниците се поздравуваа со станување кога ќе влезеа во училница и со громогласно “Добар ден”, со напишана домашна задача и уредна школска кецеља.

Родителите беа ред и закон. Бабите и дедовците ги слушавме бидејќи тоа се очекуваше од нас и тоа не претставуваше проблем за никого. Ако не си добар на училиште, тешко тебе, нема што да се зборува понатаму. Нема надвор, нема џепарац и биди среќен ако не добиеш влечка по задникот по родителската средба. Зборот на родителите е последен. Ако после него кажеш макар и “добро”, следува предупредување: “Ако те удрам има да ти зуи во ушите три дена, ме слушна? Мојот збор е последен”. А ти само ќе климнеш со главата, не ти се исплаќа да ризикуваш и да добиеш казна, доаѓа викенд. Најлошо што може да ти се случи е цел викенд да требиш ориз со баба ти. Многу ориз. Или да чистиш подникци на двеста кила 'ртени компири во визба.

Се знаеше ред во се и ние го прифаќавме како цврсто поставена граница, која не се преминува. Не сакаш боранија за ручек? Ќе ја јадеш за вечера. Не сакаш за вечера? Те чека за појадок. Тогаш сфаќаш толку е тоа гадно, па ја јадеш за ручек.

Што има слатко? Има јаболка. Нешто послатко? Јаболка со шеќер, или само шеќер...Има уште пет дена до пензија, тогаш ќе има сладолед. Наградите за одличен успех и добро поведение на училиште беа скромни и ние им се радувавме бескрајно. Го помнам првиот вокмен. Учев за тој вокмен деноноќно, пишував реферати, поправав оценки за да можам да ги слушам Blondie и Depeche Mode во зелените старки, кои лани ги добив за одличниот успех. Старките беа нешто најдобро што може да се добие, ако некој ти ги донесе од Америка. Во спротивно добиваш некои патики од Борово и вози додека не се скинат, тоа е што е.

Не капирам што се промени во меѓувреме во воспитувањето на децата и системот на наградување. Децата денес имаат многу и на ништо не се радуваат. Мрзливоста и незаинтересираноста се третираат со “таков е, што да правам”. Што се случи со игрите – миженка, ластик, народна, лепчиња, долга магарица? Интернет се случи. Парковите и дворовите се заменети со социјалните мрежи. Преку ноќ. Подмолно. Ние сме го прифатиле тоа. Сме го поздравиле. Се придруживме кон тој вид на дружење за кое е потребно само компјутер и струја.

Како родител, го следев старинскиот рецепт на моите родители за тоа како децата да не ти го изедат мозокот, или како да останеш нормален, авторитативен и да имаш неограничена слобода на движење.

Како да стана тренд граници да не постојат, или родителите не умеат да ги постават и одржат стабилни. Во суштина се променило тоа што децата се третираат како да се од морска пена. Понекогаш така ќе застанам и ги набљудувам младите родители по парковите. И жал ми е. Гледам дека се нервозни, исфрустрирани, не можат да го совладаат роденото дете од четири години. Трчаат по него и го хранат во движење, бидејќи “само така сака да јаде”. Трчаат по него за да го спречат да падне. Пушто го да падне бре, како ќе развие моторика на сопствените раце и нозе, ако не знае дека постои и таа можност...да падне. “Моето не јаде спанаќ, моето не јаде месо, само компир сака, моето не спие до полноќ”. Што бре не спие, па убаво си пишува во книгата: “Ставете го во кревет измиено, најадено и пресоблечено и изгаснете го светлото”. Во девет во кревет. Ако плачи, ме заболе и јас сум живо суштество. Каде се моите пет минути?

Јас нив ги родив, не тие мене. Постои време и место за јадење, спиење, играње и тука нема компромис. Тоа просто е така. Не е целта на родителството ти да му бидеш роб, туку да направиш од него честито човечко суштество со стекнати здрави навики. Со детето да изградиш здрав, разумен однос, во кој се знае дека најважно е меѓусебното почитување, како и доследност во почитување на правилата.

-          Извинете, ми рече една млада жена, вашето дете јаде земја.

-          Знам, нека јаде ако му се допаѓа. Ако не му е убава ќе ја плукне.

Не сретнав многу истомисленици во тоа спонтано, заедничко собирање по парковите. На многумина им делував чудно и бегаа од мене. И тоа го разбирав. Не зборував додека не ми се постави прашање. Твое дете, твоја грижа. Жал ми е да те слушам колку силно грешиш млада жено. Грешиш бидејќи си го оставила да се удира од бетонот и да те клоца, бидејќи не го добил дваесетипеттото лижалче, грешиш што си ненаспиена, затоа што тоа не спие до еден по полноќ. Грешиш што му купуваш лижалчиња за да биде добар со тебе и со другите. Грешиш бидејќи постојано му ги бришеш рацете со влажни марамчиња. Грешиш бидејќи го учиш дека секое куче ќе го касне, а секоја мачка ќе го изгребе. Грешиш што е дебело, во пелени и со цуцла, а има четири години и заби црни од кариес. Греши што не му даваш да игра во песокта за да не се извалка и на лизгалка, бидејќи задникот прегрубо ќе му се приземји, за твој критериум. Потоа ќе плаче...а ти немаш колачи во твојата торба со дезен од пајчиња. Жал ми е за тебе жено. Жал ми е бидејќи знам во што ќе се претвориш. Во она што на никого не му одговара. Дури ни на детето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
6
Дејвид Бекам на татковска должност
И покрај сета слава и богатството, Дејвид Бекам е како и секој друг татко. Тој ги зема синовите од тренинг, им помага во...
5
Избираме најубава творба: Ели Јошеска
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати учителката на Ели Јошес...
4
Колку сте полоши со детето, полошо станува...
Рускиот психолог Јулија Гипенрејтер својот живот го посветила на проучување на односот помеѓу родителите и децата. Нејзи...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?